Работилницата за комуникациски вештини

На 11 ноември 2024 година беше успешно реализирана работилницата за комуникациски вештини, како дел од проектот „Промоција на безбедна училишна средина“. Проектот, спроведуван од Коалиција СЕГА во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО), Првата детска амбасада Меѓаши и SmartUp – Social Innovation Lab, има за цел да создаде позитивна и безбедна училишна клима за учениците. Овој проект е поддржан од Детската фондација Песталоци од Швајцарија. 

На работилницата, менторот на училиштето, Александра Петровска, повторно се посвети на зајакнување на капацитетите на училишниот парламент преку интерактивни сесии и практични вежби за комуникациски вештини. Ова е продолжение на нејзината работа од минатата учебна година, со што им овозможува на учениците подобро разбирање и примена на ефективни комуникациски техники, кои се клучни за создавање на сигурна и поттикнувачка училишна средина. 

Работилницата помогна учениците да развијат подобри комуникациски способности, кои ќе им помогнат да го изразат своето мислење и да соработуваат со своите врсници на начин кој промовира разбирање, почит и доверба. 

АРХИВА НА НАСТАНИ
Skip to content