Развивање на ученички проект/иницијатива

На 22 ноември 2024година во нашето училиште, ОУ „Лазо Ангеловски“, успешно се реализираше обука за пишување проектна апликација и подготовка на буџет со Ученичкиот парламент, под менторство на наставничката Александра Петровска.

Обуката беше насочена кон развивање на вештини за креирање и управување со проекти, кои се од суштинско значење за идниот личен и професионален развој на нашите ученици. Учениците имаа можност практично да учат за важноста на дефинирањето цели, поставувањето реален буџет и соодветното распределување на ресурсите.

Преку оваа активност, учениците стекнаа вредно искуство кое ќе им помогне во иницирање и реализирање на нивни идеи и активности во училиштето и пошироко.

Горди сме на ентузијазмот и креативноста на нашите ученици и се надеваме дека ова е само почеток на многу успешни проекти. Благодарност до менторката Александра Петровска за вложениот труд и посветеност!

АРХИВА НА НАСТАНИ
Skip to content