Проекти 2024-2025

Промоција на безбедна училишна средина

Работилница за комуникациски вештини

На 11 ноември 2024 година беше успешно реализирана работилницата за комуникациски вештини, како дел од проектот „Промоција на безбедна училишна средина“. Проектот, спроведуван од Коалиција СЕГА во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО), Првата детска амбасада Меѓаши и SmartUp – Social Innovation Lab, има за цел да создаде позитивна и безбедна училишна клима за учениците. Овој проект е поддржан од Детската фондација Песталоци од Швајцарија. 

На работилницата, менторот на училиштето, Александра Петровска, повторно се посвети на зајакнување на капацитетите на училишниот парламент преку интерактивни сесии и практични вежби за комуникациски вештини. Ова е продолжение на нејзината работа од минатата учебна година, со што им овозможува на учениците подобро разбирање и примена на ефективни комуникациски техники, кои се клучни за создавање на сигурна и поттикнувачка училишна средина. 

Работилницата помогна учениците да развијат подобри комуникациски способности, кои ќе им помогнат да го изразат своето мислење и да соработуваат со своите врсници на начин кој промовира разбирање, почит и доверба. 


Втора работилница за комуникациски вештини

На 15 ноември 2024 година, беше успешно реализирана втората работилница за комуникациски вештини, како дел од проектот „Промоција на безбедна училишна средина”

Тема: Обука за истражувачки методи и алатки и подготовка на анкета

Учесници: Ученици во рамките на ученичкиот парламент на ООУ „Лазо Ангеловски“

Обучувач: Александра Петровска

Целна група: Членови на ученичкиот парламент и ученици заинтересирани за истражувачка работа

Траење на обуката: 2 часа

Цели на обуката

Оваа обука има за цел да ги запознае учениците со основните истражувачки методи и алатки, како и со процесот на креирање анкета. Учесниците стекнаа вештини за подготовка, спроведување и анализа на податоци добиени преку анкети, што ќе им помогне во идните проекти и иницијативи на ученичкиот парламент.

Агенда на обуката

1. Вовед во истражувачките методи (15 минути)

Краток преглед на основните истражувачки методи: квантитативни, квалитативни и комбинирани.

Значењето на истражувањата во ученичкиот парламент и како тие можат да се користат за идентификување на проблеми и предлози за подобрување.

2. Запознавање со истражувачките алатки (20 минути)

Краток преглед на достапните алатки за онлајн анкети (како Google Forms, SurveyMonkey и сл.).

Како да се избере соодветна алатка според потребите на истражувањето.

3. Креирање анкета – чекор по чекор (30 минути)

Како да се формулираат прашања (затворени, отворени и демографски).

Важноста на структурата и редоследот на прашањата за добивање точни и корисни податоци.


Развивање на ученички проект/иницијатива

На 22 ноември 2024година во нашето училиште, ОУ „Лазо Ангеловски“, успешно се реализираше обука за пишување проектна апликација и подготовка на буџет со Ученичкиот парламент, под менторство на наставничката Александра Петровска.

Обуката беше насочена кон развивање на вештини за креирање и управување со проекти, кои се од суштинско значење за идниот личен и професионален развој на нашите ученици. Учениците имаа можност практично да учат за важноста на дефинирањето цели, поставувањето реален буџет и соодветното распределување на ресурсите.

Преку оваа активност, учениците стекнаа вредно искуство кое ќе им помогне во иницирање и реализирање на нивни идеи и активности во училиштето и пошироко.

Горди сме на ентузијазмот и креативноста на нашите ученици и се надеваме дека ова е само почеток на многу успешни проекти. Благодарност до менторката Александра Петровска за вложениот труд и посветеност!


“Обука за унапредување на капацитетите на стручните служби”

Од 08 до 10.04.2025 во Велес, беше реализирана “Обука за унапредување на капацитетите на стручните служби” во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ на која учество земаа 32 претставници од училишта, меѓу кои и стручните соработници од нашето училиште.
Обуките во рамките на проектот се однесуваа на:
-спроведување на врснички едукации и
-средби со родители
Веруваме дека со посветеност и ентузијазам можеме да направиме промени во училишните средини, не само да се препознаат видовите насилство туку и да се превенираат уште при самиот почеток.
Промената започнува од возрасните – преку пример и едукација тие влијаат во практикување позитивни вредности и однесување меѓу учениците!
Дополнително потсетуваме за важноста на улогата на родителите кои иако директно не се присутни во училиштата, преку своите деца можат да помогнат во надминување на предизвиците и промоција на безбедна училишна средина.
Проектот „Промоција на безбедна училишна средина” се реализира од Coalition of youth organizations SEGA, во партнерство со First Children’s Embassy in the World Megjashi Republic of Macedonia, SmartUp – Social Innovation Labи МЦГО – Македонски центар за граѓанско образование / МЦГО – Македонски центар за граѓанско образование / MCEC со поддршка на Детската фондација Песталоци Kinderdorf Pestalozzi

Елена Малческа

ООУ „Лазо Ангеловски“, општина Аеродром, Скопје

Безбедна училишна средина

Согласно проектот “Безбедна училишна средина ” спроведуван од Коалиција на младински организации СЕГА во партнерство со Македонскиот Центар за Граѓанско Образование, Прва Детска Амбасада во Светот Меѓаши и СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации, со поддршка од Детската Фондација Песталоци, денес 17.04.2025 година во нашето училиште се реализираше проектната активност “Дружба низ спорт за безбедна училишна средина” под менторство на Александра Петровска учениците од ученичкиот парламент организираа инклузивни спортски активности.

   Преку спортски активности може да поттикнеме подобра комуникација и дружба помеѓу учениците со цел да се намали меѓуврсничкото насилство и да се воспостави поголема меѓуврсничка толеранција.  Тоа е активност кој вклучува ученици од различен пол, ученици со различен социјален статус, различна возраст, промовираат правила и трајни вредности, сопртските активности  не загрозува нечии права.

  • Цел на активноста:

·Поттикнување на другарување преку спортски активности.

·Надминување на можни недоразбирања и зајакнување на меѓусебната толеранција.

·Вклучување на ученици со потешкотии и промовирање на инклузија.

·Создавање безбедна и поддржувачка училишна средина.

  • Спортски ден “Дружба низ игра”
  • Локација: училишниот двор ООУ “Лазо Ангеловски”
  • Времетраење: 1 час
  • Вовед: краток говор од ученичкиот парламент за важноста на другарството и инклузијата.
  • Спортски активности: ротации помеѓу различните игри.
  • Забавна пауза: родителите и наставниците упатуваме огромна благодарност до менторот Александра и сите вклучени страни во реализирање на оваа проектна активност.

Нашето училиште го прослави Светскиот ден на книгата, 23 април 2025 година, познат и како Светски ден на книгата и авторското право или Меѓународен ден на книгата, кој e годишен настан.

Проект поддржан од Министерство за култура и туризам на РСМ во соработка со Здружение Биди Храбра.

Во огранизација на училишните библиотекари, одделенска и предметна настава, беа изведени повеќе активности:

– Изработка на училишни книги од учениците под мотото „Читаш книга значи не си сам” посета на училишната библиотека и презентација на изработените дела.

– Учениците од предметна настава беа креативни под мотото „Најдоброто кино на светот е фактот кога ќе сватите додека читате книга”

– Во повеќето одделенија имаше и посета од писателката Јадранка Клисарова.

Библиотекари: м-р Тони Димов Душица Мангутова

Денес започна зелената акција во Oпштина Аеродром, во рамките на проектот „ЕУ за чист воздух“ во соработка со Општина Аеродром се започна со садење на 92 нови дрвја. Во денешната акција која се одржа во дворот на ООУ ,,Лазо Ангеловски” беа засадени 30 садници од чинар – дрвја кои се идеални за урбана средина и имаат долг животен век. Нашите ученици од IV, VI и IX одделение учествуваа на забавна и едукативна работилница со Првиот скопски извиднички одред , каде преку игра и практични примери научија за:

важноста на урбаното зеленило,

придобивките од дрвјата врз квалитетот на воздухот,

како сите можеме да придонесеме за поздрава животна средина,

Проектот е финансиран од Европската Унија и се реализира во Скопје, Битола, Куманово и Тетово со цел намалување на аерозагадувањето и унапредување на квалитетот на воздухот .

За поздрава средина и зелени училишта – садиме, учиме и растеме заедно!

АРХИВА НА НАСТАНИ
Skip to content