НОВОСТИ

Во периодот од 24.03.2025 до 27.03.2025 година, со учениците од петтите одделенија беше реализирана Настава во природа. Според програмата, овој тип на настава се реализираше со различни активности, на различни локации на подрачјето на градовите Охрид и Струга, како и други значајни знаменитости и места. Во рамките на Наставата во природа беа реализирани посети на: Вевчанските извори,- Вевчани; Природонаучниот музеј „Д-р Никола Незлобински“, Спомен-куќата на браќата Миладиновци и Мостот на поезијата во градот Струга; црквата „Света Софија“, Античкиот амфитеатар, Плаошник, Св. Јован Канео, пристаништето со капетанијата, копаничарска работилница и чаршијата во градот Охрид; Античкиот град Хераклеа – Битола и поменикот Могилата на непобедените – Прилеп. Учениците се стекнаа со повеќе информации и дополнителни знаења за природните, историските, уметничките и културните вредности на нашата татковина кои понатму ќе ги применат на часовите по сите наставни предмети.

Според програмата по предметот Историја и општество ,учениците од IVто одд. учеа за историјата ,знаменитостите и поважните личности од историјата на градот Скопје.
Со таа цел учениците ја посетија Спомен куќата на
Мајка Тереза ,плоштадот ,Македонија и старата скопска чаршија.

5 Мај – Ден на македонскиот јазик
Учениците од V-2 истражуваа, читаа, запишуваа македонски народни песни, брзозборки, поговорки, приказни и говореа македонски.

На 30.04.2025 год. во организација на Федрацијата на училишен спорт на Македонија, во спортската сала Шабан Трстена се одиграа градски натпревари во кошарка (девојчиња ) за основни училишта.

Екипата на ООУ „Лазо Ангеловски”-Скопје под водство на наставници Петар Ацески и Марјан Куцулоски освоија I место и со тоа обезбедија учество на државното првенство.

Makedonsko devojce – Mandolinski orkestar / Македонско девојче – Мандолински оркестар

Ве покануваме на Еко Час во ООУ „Лазо Ангеловски”

Петок, 9 мај 2025 во 10:30 часот.

Еко час, централен настан на националната агенција „Генералка викенд”, посветен на екологијата и на чистењето на животната средина.

UNICEF MK

IV / 2 одд. – Еко час со изработени уметнички дела од отпад за рециклирање, со пораки за важноста од чување на планетата Земја.

Одд. наставник: Гордана Камческа Ѓоревска

UNICEF MK

Денес нашето училиште беше исполнето со смеа, аплаузи и детска радост! Имавме чест да угостиме прекрасна театарска претстава „Шеќерна приказна”, која внесе магија пред очите на нашите ученици.

Децата уживаа, се смееја и со восхит ја следеа секоја сцена!

Благодарност до актерите за незаборавното искуство! Со вакви моменти го збогатуваме секојдневието и ја негуваме љубовта кон уметноста кај најмладите

Превенција од врсничко насилство и говор на омраза помеѓу младите

Институтот за човекови права во соработка со проектот „Борба против омразата и нетолеранцијата“, дел од заедничката програма на ЕУ и Совет на Европа, „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“ во нашето училиште реализираше интерактивна обука чија цел е да се едуцираат учениците, наставниците и родителите за последиците од врсничкото насилство и говорот на омраза, како тоа да се спречи и каде може да се пријави. Целта на обуката е да се превенира врсничкото насилство и говорот на омраза меѓу младите, односно да се намалат инцидентите на врсничко насилство меѓу младите во одредени средини и да се зголеми свеста помеѓу родителите и наставниците за важноста за спречување од истите.

15 Мај – Меѓународeн ден на семејството
По повод одбележувањето на 15 Мај – Меѓународниот ден на семејството, со учениците од II – 1 беа реализирани низа активности со цел развивање на емпатија, почит, љубов и благодарност кон семејството, како основна клетка на општеството. Активностите беа прилагодени на возраста на учениците и имаа за цел да ја поттикнат нивната креативност, меѓусебна соработка и размислување за важноста на семејството во нивниот живот.

  • Учениците изработија хармоника книга во која ги претставија членовите на своето семејство.
  • Донесоа фотографии од семејни моменти кои им носат радост, среќа и незаборавни авантури.
  • Изработија постер на коj преку зборови, цртежи и симболи го искажаа своето гледиште за значењето на семејството.
  • Снимивме кратки изјави од учениците во вид на видео пораки „ Што значи семејството за мене?
    Одделенски наставници: Лидија Божиноска Јасмина Мигуловска

Избор на првенец на генрација за 9 одделение

ДРЖАВНО ЗЛАТО ЗА КОШАРКАРКИТЕ ОД ОСНОВНОТО УЧИЛИШТЕ „ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ“

Кошаркарките на основното училиште „Лазо Ангеловски“ предводени од наставниците Петар Ацески и Марјан Куцулоски постигнаа огромен успех освојувајќи го трет пат по ред првото место на државното првенство, во рамките на Малите олимписки игри во кошарка за девојчиња што се одржаа во Кочани.

Во финалето, одиграа одличен натпревар и успееа убедливо да ја победат екипата на „Браќа Миладиновци“ од Струга и заслужено стигна до победничкиот пехар. Во борбата за третото место, бронзениот медал го освоија кошаркарките од ООУ „Св. Климент Охридски“ од Делчево.

Големо браво за овие млади девојки – иднината на македонската кошарка кои оставија одличен впечаток на државно првенство, достојно претставувајќи го своето училиште и општината од која доаѓаат.

На 10.05.2025 год. се одржа Државен натпревар по географија за учебната 2024/25год.Натпреварот беше организиран од страна на Здружението на професори по географија на Македонија– Скопје, а со поддршка на УТМС Институтот за национална географија.
Нашата ученичката Ангелина Митрева од 8-2 одд. освои втора награда на државниот натпревар.
Ментор- Ане Аврамовска

На 18 мај (недела) 2025година се одржа Државниот натпревар по ПРИРОДНИ НАУКИ во просториите на Природно-математичкиот факултет.
Нашите ученици покажаа одлични резултати и го претставија нашето училиште со гордост.
Им упатуваме искрени честитки за вложениот труд, знаење и постигнатиот успех!
Дамјан Димовски второ место
Ментор:Александра Пејковска
Стефан Рајчановски второ место
Симеон Николовски трето место
Ментор:Сања Стојановска Дамјановиќ

Калина Гелевски трета награда
Ментор:Емилија Сарафилоска
Огнен Цветковски- прво место
Софија Наумовска- трето место
Тео Стојановски- пофалница
Ментор:Стефанија Додевска

Клара Милковски -прво место
Татјана Тасев – второ место
Димитар Иванов-второ место
Нина Петрушевска-трето место
Гаврил Цветкоски-трето место
Павел Калинов-трето место
Ментор:Марина Нанева

Им благодариме на сите ученици за учеството, а на наставниците за поддршката и подготовката.

АРХИВА НА НАСТАНИ
Skip to content