Работилница на тема: „Религија,народни носии и народни инструменти“
На 17.04.2024 година во нашето училиште се одржа втората работилница во рамките на проектот МУЛТИКУЛТУРАЛИЗМОТ И МЕЃУЕТНИЧКА ИНТЕГРАЦИЈА И ТОЛЕРНАЦИЈА заедно со партнер училиштето „Алија Авдовиќ“- Батинци, која што беше предвидена за добивање на грантот на тема: „Религија,народни носии и народни инструменти“.
На почетокот од работилницата учениците проследија презентации за религијата ,народни носии и народни инструменти во Р.С.Македонија, и различните културни и религиозни особености меѓу македонците, албанците, турците и бошњаците. Учениците презентираа се што знаат за христијанската и исламската религија, народните носии и народни инструменти Потоа беа поделени во 6 групи (хетерогени групи). Секоја група имаше информации и слики за одредена етничка заедница, за христијанската и исламската религија што претходно ги истражиле на интернет, слики од народни носии и народни инструменти. и изработија преубави плакати. При средбата учениците од четирите различни етникуми (македонски, албански, турски и босанска) соработуваа, се дружеа и научија нови работи за другите култури и обичаи.,се создадоа нови пријателства. Со предвидената активност се промовира почитување на културната различност и интеракција меѓу учениците коишто се припадници на различни етнички заедници и учат на ист јазик или на различни наставни јазици. Преку овие активности учениците стекнаа продлабочени и трајни знаења за одредени наставни содржини, ја развиваа љубопитноста, креативноста и критичкото мислење и ги подобрија своите комуникациски вештини и вештините за самостојна и за тимска работа.
Работилница „Цртаме и сликаме заедно – Моето омилено место во Скопје“Работилница
Нашето училиште „Лазо Ангеловски“ заедно со партнер училиштето „Алија Авдовиќ“- Батинци аплицираше и го доби грантот од 30 000 денари на јавниот повик за доделување на грантови за реализација на активност кои придонесуваат за развој и унапредување ма МУЛТИКУЛТУРАЛИЗМОТ И МЕЃУЕТНИЧКА ИНТЕГРАЦИЈА И ТОЛЕРНАЦИЈА за основните училишта и јавните средни училишта за учебната 2023/24 година.
На 12.12.2023 година ја реализиравме првата предвидена активност наведена во апликацијата за грантот – работилница „Цртаме и сликаме заедно – Моето омилено место во Скопје“со партнер училиштето „Алија Авдовиќ“-Батинци. На работилницата земаа учество 30 ученици (по 15 ученици од двете училишта), 10 наставници и 6 родители. Учениците во рамките на својата група цртаа и сликаа, направија серија на цртежи и секоја група на хамер од завршените ликовни дела изработи плакат „Моето омилено место во Скопје“. Учениците на работилницата стекнаа продлабочени и трајни знаења за многу места во градот Скопје, ја развија креативноста, своите комуникациски вештини, вештините за самостојна и за тимска работа. Учениците имаа заеднички интереси кои што сакаа да ги остварат, се дружеа и создаваа нови пријателства. Со оваа активност ја постигнавме основната цел на овие грантови – промовирање на добрите практики за активности во кои се негуваат хармонични односи кои се темелат на почитување на разликите, и притоа градејќи едно мултиетничко и мултикултурно општество со што се овозможува градење на современи, успешни и ефективни воспитно-образовни установи кои ќе ги промовираат мултиетничките и мултикултурните вредности, индивидуализираниот пристап кон учениците, позитивна емоционална клима и конструктивна повеќенасочна комуникација во пријатен и поттикнувачки училишен амбиент.
МИМО-заедничка работилница на тема “Обичаи и традиција поврзани со празникот Велигден”
На 25.04.2019 година се одржа МИМО-заедничка работилница со партнер училиштето ОУ”Алија Авдовиќ”. Учество земаа учениците од III-1 одделение со наставничките Магдалена Петреска и Ирена Ангелкоска Панова и ученици од III одделение од партнер училиштето со нивната наставничка и психологот.
Темата на заедничката работилница беше “Обичаи и традиција поврзани со празникот Велигден”. При тоа учениците покрај што се запознаа со тоа каков празник е Велигден и зошто се празнува, изработуваа велигденски украси, се дружеа и соработуваа.