еТвининг 2024-2025

Учениците кои изучуваат француски јазик во нашето училиште во текот на учебната 2024 / 2025 година се вклучија во два е-twinning проекти и тоа :

Проектот ,,Читаме за подобра иднина ,,

Во рамките на овој проект учениците се претставија со читање на извадоци од познати француски литературни дела, а изработија и хамер со француската азбука и со интернационални зборови кои се користат во францускиот јазик.  

Проектот Easter greetings in different foreign languages

Во рамките на овој проект учениците изработија честитки, цртежи, различни украси по повод празникот Велигден и игра Меморија токму на тема Велигден.

Предметен наставник: Слаѓана Крстевска

5 Мај – Меѓународeн ден на семејството
По повод одбележувањето на 15 Мај – Меѓународниот ден на семејството, со учениците од II – 1 беа реализирани низа активности со цел развивање на емпатија, почит, љубов и благодарност кон семејството, како основна клетка на општеството. Активностите беа прилагодени на возраста на учениците и имаа за цел да ја поттикнат нивната креативност, меѓусебна соработка и размислување за важноста на семејството во нивниот живот.

  • Учениците изработија хармоника книга во која ги претставија членовите на своето семејство.
  • Донесоа фотографии од семејни моменти кои им носат радост, среќа и незаборавни авантури.
  • Изработија постер на коj преку зборови, цртежи и симболи го искажаа своето гледиште за значењето на семејството.
  • Снимивме кратки изјави од учениците во вид на видео пораки „ Што значи семејството за мене?
    Одделенски наставници:
    Лидија Божиноска
    Јасмина Мигуловска

Учениците од нашето училиште актвино учествуваа во е twinning проект  со налов Welcome to our hive во период од Март/Мај 2025 година, заедно со нивни врсници/ партнери од Турција. Проектот беше насочен кон подигнување на свеста за важноста на пчелите, нивната улога за еко ситемот и човештвото.Во рамките на проектните активности учениците изработуваа креативни рачни творби, учествуваа во изработка на видеа и презентации . Преку истражувачка и креативна работа тие научија:

-колку се пчелите значајни за опрашување и одржување на биолошката рамнотежа

-кои се нивните придобивки за луѓето преку  производи како што е медот 

-како можеме да ги заштитиме пчелите преку мали но значајни активности.

Проектот Welcome to our hive придонесе за развивање на меѓупредметни компетеции, еколошка свест, комуникација на англиски јазик како и соработка со врсници од други земји. Учениците уживаа во сите активности и со голема посветеност го претсавија  нашето училиште во најдобро светло.

Предметни наставници: Ивана Ничевска Марина Блажевска

eTwinning платформата “Easter greetings and traditions in different foreign countries

Учениците од ООУ “Лазо Ангеловски” заедно со ученици од Италија, Германија, Романија, Хрватска, Литванија и други европски земји учествуваа со свои изработки во рамките на проектот на eTwinning платформата “Easter greetings and traditions in different foreign countries”. Во рамките на проектот учениците заедно со своите наставници споделија велгиденски честитки на различни јазици, но и ја презентираа традицијата на прославување на Велигден во нивните држави. Easter greetings in different foreign languages | European School Education Platform

наставници координатори на проект

Маја Тенев Анета Талеска

15 Мај – Меѓународeн ден на семејството

По повод одбележувањето на 15 Мај – Меѓународниот ден на семејството, со учениците од II – 1 беа реализирани низа активности со цел развивање на емпатија, почит, љубов и благодарност кон семејството, како основна клетка на општеството. Активностите беа прилагодени на возраста на учениците и имаа за цел да ја поттикнат нивната креативност, меѓусебна соработка и размислување за важноста на семејството во нивниот живот.

Учениците изработија хармоника книга во која ги претставија членовите на своето семејство.

Донесоа фотографии од семејни моменти кои им носат радост, среќа и незаборавни авантури.

Изработија постер на кој преку зборови, цртежи и симболи го искажаа своето гледиште за значењето на семејството.

Снимивме кратки изјави од учениците во вид на видео пораки: „Што значи семејството за мене?“

Во рамките на eTwinning-проектот, во активностите учество земаа и наставничките Билјана Кузевска, Данче Димовска, Шеќеринка Спасова и Билјана Колевска, кои заедно со своите ученици придонесоа со креативни изработки и видеа.

Проектот доби меѓународна димензија преку вклучување на партнери од други земји. Особено значајно беше учеството на Јана Чвирикова од Словачка и Кевсер Каракоч од Турција, кои заедно со своите ученици споделија интересни творби и видеа по повод Денот на семејството. Оваа соработка овозможи размена на идеи, интеркултурно учење и зајакнување на вредностите поврзани со семејството на европско ниво.

8 Mарт – Меѓународниот ден на жената!

По повод одбележувањето на 8 Март – Меѓународниот ден на жената е светски празник кој се слави секоја година. Тоа е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. Република Северна Македонија е една од ретките земји во кои се одбележува Меѓународниот ден на жената, иако овој празник има само симболичен статус и нема политичка конотација. Овој ден го означува изработката на разни честитки.

    Нашите вредни ученици од II – 3 одделение, изработија прекрасни честитки по повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената!

Со многу љубов, креативност и труд, учениците создадоа уникатни честитки за своите мајки, баби и најсакани жени во животот.Снимивме кратко видео со пораки: ,,Што значи 8 Март Меѓународниот ден на жената!”  Секоја честитка носи посебна порака и е создадена со детска искреност, љубов и топлина.  – Среќен 8. Март!

Во рамките на e Twinning – проектот,во активностите учество земаа и наставничките:Весна Мирчевска,Билјана Кузевска,Лидија Божиновска,Билјана Колевска,Шеќеринка Спасова, кои заедно со своите ученици придонесоа со креативни изработки и видеа.

Oдделенски наставници од II – 3 одделение :

м-р Данче Димовска Емилија Христова

Проект- ,,Светскиот ден на ластовиците“
На 19 март се одбележува Светскиот ден на ластовиците, посебен ден посветен на овие елегантни и неверојатни птици,,

Учениците од I до V одделение активно учествуваа во одбележувањето на два e-twining проекти и тоа:
Проект- ,,Светскиот ден на ластовиците“
На 19 март се одбележува Светскиот ден на ластовиците, посебен ден посветен на овие елегантни и неверојатни птици. Овој ден е дел од глобална иницијатива за подигнување на свеста за важноста од заштита на ластовиците и нивните природни живеалишта.
Во рамките на овој проект учениците преку различни креативни и едукативни активности, ја изразија својата поддршка и љубов кон овие прекрасни птици.
Проект – ,1 Април- ,,Денот на шегата“
1 Април е познат како Ден на шегата – ден кога луѓето ширум светот се шегуваат едни со други и создаваат весела атмосфера. На овој ден се дозволени мали, безопасни шеги и изненадувања кои носат смеа и радост.
Целта на овој проект е да се поттикне креативноста, моториката и смислата за хумор кај учениците, да се развие чуството за другарство и позитивна атмосфера, да се научи разликата меѓу пријателска шега и навредлива шега.
Координатори на проектите:
Весна Мирческа,
Гордана Камчевска Ѓоревска

АРХИВА НА НАСТАНИ
Skip to content