Претприемничко учење

Успешна приказна – жена претприемач

На ден 9.05.2017 година, во ООУ”Лазо Ангеловски”, во рамките на Тимот за претприемничко учење и предметот-Иновации, предавање одржа Г-ѓа Весна Мицева-Тодоровска, жена претприемач за 2015 год. Пред учениците од VIII и IX одд., таа ја раскажа приказната за својот успех како жена претприемач. Поради својата несебичност при споделувањето на тајните на својот успех, учениците од Тимот за претприемничко учење при ООУ”Лазо Ангеловски” и доделија благодарница. Се надеваме дека оваа приказна ќе мотивира многу од учениците и еден ден тие ќе бидат успешни претприемачи.

Обезбедени таблети за користење во наставата

Од дел од средствата собрани за време на Новогодишниот продажен базар беа обезбедени 8 таблети за користење во наставата кои ќе придонесат за развивање на дигиталните вештини на учениците и развивање на технолошки збогатени средини за учење со цел ученици да станат активни учесници во процес на учење, како и прилагодување и персонализирање на активностите за учење за да се усогласат со различните стилови на учење на учениците, нивните работни стратегии и способности со користење на дигиталните алатки и ресурси.

Со ова уште еднаш се потврдува развиениот претприемнички дух кај учениците и наставниците и одржливоста на SEECEL проектот „Претприемничко учење“.

Новогодишна претстава

На ден 28.12.2016г. учениците од драмската секција од училиштето изведоа вечерна новогодишна претстава за родителите и локалната заедница. Две изведби од истата претстава беа поставени на сцена и на 27.12.2016г. за учениците од ООУ„Лазо Ангеловски“ и 60 ученика , гости од ООУ„Климент Охридски“- Драчево.
Драмската секција заедно со хорот им ја честитаа Новата година на сите присутни, со најубави желби и позитивни мисли.

ООУ„Лазо Ангеловски“- ПРЕТПРИЕМНИЧКО УЧИЛИШТЕ

Во периодот од 16-19. октомври 2016 г. во Шибеник, Република Хрватска, се одржа Вториот SEECEL камп за претприемништво каде ООУ„Лазо Ангеловски“ беше одликувано како ПРЕТПРИЕМНИЧКО УЧИЛИШТЕ.
Целта на кампот беше промовирање на успешно завршените активности во рамките на проектот“Интеграција на претприемничкото учење во образовниот систем” и презентирање на идните активности на SEECEL. На кампот земаа учество основни и средни училишта, факултети од 7 држави од регионов. ООУ”Лазо Ангеловски”, активно учествуваше во сите активности на кампот. Во рамките на кампот се одржаа промоции од страна на учениците. Воедно се одржаа и работилници со ученици и наставници и панели со претставници од училишта и бизнис секторот од сите држави учеснички на настанот.

Претставник на училиштата од Р.Македонија беше координаторот на тимот од ООУ”Лазо Ангеловски” кој го презентираше влијанието на училишните активности во градењето на модерното општеството. Покрај ново стекнатите партнерства, на овој камп се разменија и многу искуства од областа на наставата и образованието.

Во ООУ„Лазо Ангеловски“ две години се реализираа активности за развивање на претприемничкиот дух кај учениците и наставниците со што училиштето се стекна со статусот ПРЕТПРИЕМНИЧКО УЧИЛИШТЕ. Со стекнатите претприемнички вештини училиштето ќе продолжи со одржливост на проектот постигнувајќи уште поголеми успеси.

Презентација на “Готвачот за здрава храна” на eTwinning on-line вебинар

На 20.06.2016 училишниот тим за претприемничко учење го презентираше “Готвачот за здрава храна” на eTwinning on-line вебинарот. На средбата се презентираа три активности меѓу кои и нашата. Презентацијата ја следеа 20 учесници од повеќе од 10 држави од Европа. При презентацијата беа опишани сите чекори на изработката на овој готвач при што ставивме особен акцент на соработката и стекнатите претприемачки вештини. Вебинарот можете да го проследите на следниот линк.

13532781_10209269108822719_6463794445834242977_n

Новото лого на ООУ „Лазо Ангеловски“ 

Новото лого на училиштето
Новото лого на училиштето модифицирано од В. Петрова

Аукција на ученички дела

Уште една активност на Тимот за Претприемничко учење! Вредните раце на учениците го прикажуваат својот талент за уметност. За таа цел, до 15. IV 2015 год. е организирана аукција на уметнички изработки којашто ќе заврши со изложба на експонатите на 16. IV 2015 год.
Изработките се поделени во три категории – Кукли, Слики и Маски – и се со симболична цена. Сѐ што треба е да се направи е да регистрирате како корисник и да наддавате за нив на следната страна:

www.aukcija.oulazoangelovski.com.mk

По завршување на аукцијата, победниците на аукцијата ќе можат да подигнат уплатници кај домаќинот на училиштето од 16. IV 2015 год.

Среќно!

Училишен коцерт

                    plakata

На 19. III 2015 година се одржа училиштен концерт во којшто учество зедоа училишниот оркестар и изведувачи – солисти. Концертот беше поделен во три блока: оркестарски, солистичко-инструментален, и вокален. Изведбите беа проследени со информативна видео проекција и бурен аплауз од многубројната публика. Симболичната цена на билетот беше 20,00 ден. во предпродажба, а на самиот ден на концертот, билетот чинеше 30,00 денари.
Меѓу останатите гости, со свое присуство нѐ почестија и претставници на SEECEL, гости од Министерството за образование од Република Србија и од Министерството за земјоделство од Република Србија.

Претприемничко учење во ОУ „Лазо Ангеловски“ – Аеродром 

Претприемништво 1

Во соработка со SEECEL, оваа учебна година нашето училиште влегува во проектот Претприемничко учење. Создаден е тим од наставници од предметна настава коишто го промовираа проектот пред своите колеги и ги објаснија основните принципи на SEECEL, неговото дејствување и, најважно од сѐ, придобивките што ќе ги имаат нашите ученици, а со тоа и целото училиште, па и повеќе – општеството.

Претприемништво 2

Координаторот на проектот за нашето училиште, Милена Игњатова, ги запозна присутните со активностите коишто до тој момент  се преземени и оние што сѐ уште нѐ очекуваат. Ја побара поддршката од сите вработени и изнесе неколку од претстојните активности од акциониот план што се предвидени во блиска иднина. Повеќе наставници се вклучија со конкретни идеи за реализација на предвидените активности.

Презентацијата се одржа на 20. 10. 2014 год. во просториите на училиштето. 

По ОУ „Лазо Ангеловски “, презентација во ОУ „Љубен Лапе“

Како меѓуучилишна соработка, по презентацијата на проектот Претприемничко учење во нашето училиште, на 22. 10. 2014 год. (среда) одржавме презентација и во едно од соседните училишта, ОУ „Љубен Лапе“.

Презентацијата ја одржа дел од Тимот со цел и тамошните наставници да бидат запознаени со целите и можностите на проектот, а воедно и да се промовира  претприемничкото учење и во тоа училиште.

И учениците вклучени во проектот 

Проектот „Претприемничко учење“ зема сѐ поголем замав во нашето училиште. За таа цел, составена е група од 20 ученици од предметна настава кои директно се вклучени во проектот. Станува збор за ученици коишто ќе работат, ќе се ангажираат и ќе придонесуваат за успешност на проектот, а и ќе го претставуваат училиштето и својата претприемачка определност.

На 24. XII 2014 год. беше одржана средба со учениците и нивните родители, на којашто се запознаа со целите и можностите на проектот. Родителите ја прифатија  и ја поддржаа определбата на училиштето за учество во проектот.

Новогодишна претстава 

На 25. XII 2014 год. беше изведена Новогодишната претстава подготвена од членовите на Драмската секција во училиштето и изведена за учениците од одделенска настава. Билетите за претставата беа со симболична цена, но затоа, пак, покажавме дека и нашиот претприемачки дух сѐ повеќе се гради и се развива.

Струмички карневал 

Еден од најинтересните и најпознатите карневали во Македонија е токму Струмичкиот Карневал. Годинава, членовите на тимот за Претприемничко учење, ученици и наставници присуствуваа на овој карневал. Поминавме прекрасен ден во

Струмица којашто живееше во карневалски дух.

АРХИВА НА НАСТАНИ
Skip to content