Ученички клубови

Во училиштето за правилен развој на учениците задолжен е наставниот кадар по ФЗО кој преку различни видови на спортови го негуваат здравиот и спортски дух кај учениците. Училишниот спортски клуб кој постои од 2013 година, ќе реализира активности од областа на спортот и спортски активности, според афинитетите на учениците. Планот на активностите, времето на реализација, опфатеноста на ученици, предвидените настапи, турнири итн., се дадени во програмите за воннаставни активности на наставниците по физичко и здравствено образование. Распоредот за натпревари се прави според Федерацијата на училишен спорт на РМ. Преку ученичките натпревари ќе се презентираат постигнувањата на учениците во наставата и другите подрачја од воспитно-образовната дејност.  Овие натпревари ќе се организираат на ниво на училиште, општински регион во рамките на училиште, а најуспешните ученици би учествувале и на меѓународни натпревари.

За таа цел во училиштето функционираат следниве спортови: кошарка, фудбал / футсал, ракомет, атлетика, кросеви, одбојка Наставниците имаат изготвено планирања на активностите за реализација на училишниот спорт.

ucenicki klubovi_Page_1

ucenicki klubovi_Page_2

ucenicki klubovi_Page_3

АРХИВА НА НАСТАНИ
Skip to content