Еразмус+ КА229 проект „Поинакво образование во училницата во природа“ 2020-2022

Еразмус+ КА229 проект

„Поинакво образование во училницата во природа“

(Slow down education in the nature)

2020-2022

Copy-2-of-NA-Logo-H_MK-240909
Copy-of-logo-plus_0

Следете го нашиот проект на социјалните мрежи Facebook и Instagram

2. Stefan Ignjatov IX4

Лого на проектот 

Учебна 2022-2023

Дисеминација од активности од Еразмус+ КА229 проект „Поинакво образование во училницата во природа“

По повод обележување и прославување на Erasmusdays 2022 на 14.10.2022 година наставникот Даниела Давковска и дел од членовите од тимот за реализација на проектот направија дисеминација од активностите од Еразмус+ КА229 проект „Поинакво образование во училницата во природа“ (Slow down education in the nature). Пред присутните беа претставени реализираните активности од целиот проект.

https://www.erasmusdays.eu/event/presentation-of-the-erasmus-ka229-project-slow-down-education-in-the-nature/

Презентација од сите реалзирани активности во рамките на проектот

Дисеминација од две мобилности: краткорочна обука на наставници и краткорочната размена на група ученици во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Поинакво образование во училницата во природа“

Во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Поинакво образование во училницата во природа“ беа одржани активности како дел од краткорочна обука на наставници и размена на ученици во периодот од 26-30.09.2022год. на кои нашето училиште беше домаќин. 

На мобилноста присуствуваа членови од партнер-училиштата од Латвија, Романија и Естонија. Од нашето училиште беа присутни в.д. директорката Магдалена Петреска, наставниците: Љубица Ружинска, Елена Кузманова, Даниела Давковска, Донка Митева, Жаклина Колевска, Слободан Стаматовски, и учениците: Марија Петреска, Ангела Крстевска, Миа Сидовска и Марко Панчевски.

На 13.10.2022 година се одржа дисеминација на реализираните активности како дел од активностите за обележување на Erasmusdays 2022

https://www.erasmusdays.eu/event/dissemination-of-students-and-teachers-mobility/

Учениците и наставниците кои учествуваа на мобилностите, ги преставија активностите од двете обуки на останатите ученици и наставници членови на СТЕАМ секцијата (Fun science) од нашето училиште. Презентацијата можете да ја погледнете подолу

Презентација од дисеминацијата од две мобилности во Македонија

Атмосферата од реализираната дисеминација на 13.10.2022 година

Краткорочна размена на група ученици во рамките на Еразмус +КА229 проектот “Поинакво образование во училницата во природа”

Во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Поинакво образовавие во училницата во природа“ (Slow down education in the nature) нашето училиште беше домаќин на краткорочна размена на група ученици во периодот од 26-30.09.2022 . На обуката присуствуваат ученици и наставници од партнер-училиштата од Естонија. Латвија, Романија и Македонија. Од нашето училиште беа присутни следните ученици: Марија Петреска, Ангела Крстевска, Миа Сидовска, Марко Панчевски и следните наставници: Даниела Давковска, Елена Кузманова, Донка Митева, Слободан Стаматовски.

Цели:

  • Запознавање на сите партнер училишта
  • Запознавање на државите учесници со културата, традициите и природните богатства на РС Македонија
  • Запознавање со македонскиот училишен систем
  • Потикнување на здрав животен стил
  • Размена на искуства за имплементација на активности во процесот на учење

Ден 1

  • Кратка драматизација од учениците за добредојде на учесниците во училиштето-домаќин
  • Тим билдинг активности за запознавање на учесниците
  • Посета на општина Аеродром и прием кај градоначалникот
  • Час на отворено

 Ден 2

  • Посета на ботаничка градина
  • Посета на Кале тврдината
  • Прошетка низ Скопје со туристички водич

 Ден 3

  • Посета на едукативниот центар на ХЕЦ Матка
  • Прошетка со чамец по кањонот Матка и посета на пештерата Врело
  • Посета на Водно и Милениумскиот крст

Ден 4

  • Патување во Охрид
  • Активности на отворено покрај брегот на Охридско Езеро
  • Културна вечер

Ден 5

  • Посета на музејот на вода „Заливот на коските“
  • Посета на манастирот Св. Наум и прошетка со брод до охридските извори
  • Прошетка низ Охрид со туристички водич

Краткорочна обука на наставници во рамките на Еразмус +КА229 проектот “Поинакво образование во училницата во природа”

Во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Поинакво образовавие во училницата во природа“ (Slow down education in the nature) нашето училиште беше домаќин на краткорочна обука на наставници во периодот од 26-28.09.2022. На обуката присуствуваат наставници од партнер-училиштата од Естонија. Латвија, Романија и Македонија. Од нашето училиште беа присутни: в.д. директорката, Магдалена Петреска, координаторот Љубица Ружинска и наставничкат по физика, Жаклина Колевска.

Цел:

  • Запознавање на сите партнер училишта
  • Запознавање на државите учесници со културата, традициите и природните богатства на РС Македонија
  • Запознавање со македонскиот училишен систем
  • Потикнување на здрав животен стил
  • Размена на искуства за имплементација на активности во процесот на учење

Стекнати знаења:

  • Запознавање со традицијата, културата, обичаите и природните богатства на РС Македонија и нивниот образовен и инклузивен систем
  • Поттикнување на здрав животен стил
  • Поттикнување на креативност и критичко мислење
  • Зголемена вештината за соработка
  • Подобрување на вештините за странски јазик

Учебна 2021-2022 година

Е-книги во рамките на Еразмус+ КА229 проект „Понакво образование во училницата во природа“

Во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Поинакво образование во училницата во природа“ беа изработени неколку е-книги од различните активности реализирани за време на проектот.

Локални активности

Интернационални активности (во рамките на сите партнер-училишта од проектот)

Активности за поттикнување на здрав живот

Во периодот од јануари – јуни 20202 година беа реализирани неколку активности за поттикнување на здрав живот, предвидени според активностите во проектот. Примерите на добри пракси од реализираните активности можете да ги погледнете на линковите подолу:

Работа на STEM секцијата (Fun science)

Во периодот од јануари – јуни 2022 година за време на редовните средби на STEM секцијата (Fun science) во која беа вклучени 44 ученици од VI-IX одделение, се реализираа активности поврзани со имплементација на STEM предмети во природа. Примерите на добри пракси од реализираните активности можете да ги погледнете на линковите подолу:

Дисеминација од краткорочна обука на наставници во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Поинакво образование во училницата во природа“

Во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Поинакво образование во училницата во природа“ беа одржани активности како дел од краткорочна обука на наставници во периодот од 07-10.06.2022год. на кои училиште-домаќин беше Topoloveni Technological Secondary School, Романија

На мобилноста присуствуваа членови од партнер-училиштата од Латвија, Македонија и Естонија. Од нашето училиште беа присутни следните наставници: Елена Кузманова, Даниела Давковска, Жаклина Колева и Слободан Стаматовски.

На 28.06.2022 година се одржа дисеминација на реализираните активности.

Наставниците кои учествуваа на мобилноста, Елена Кузманова, Даниела Давковска, Жаклина Колева и Слободан Стаматовски, ги преставија активностите за време на мобилноста на дел од колегите од нашето училиште. Презентацијата можете да ја погледнете подолу

Презентација од дисеминацијата од мобилноста во Романија

Атмосферата од реализираната дисеминација на 28.06.2022 година

Краткорочна обука на наставници во рамките на Еразмус +КА229 проектот “Поинакво образование во училницата во природа”

Во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Поинакво образовавие во училницата во природа“ (Slow down education in the nature) беше одржана краткорочна обука на наставници во периодот од 07-10.06.2022 во Романија. На обуката присуствуваат наставници од партнер-училиштата од Естонија. Латвија, Романија и Македонија. Од нашето училиште беа присутни следните наставници: Даниела Давковска, Елена Кузманова, Жаклина Колевска и Слободан Стаматовски.

Стекнати знаења:

  • Запознавање со традицијата, културата и обичаите на Романија и нивниот образовен систем
  • Запознавање со модулот Slow Life lifestyle
  • Поттикнување на здрав животен стил
  • Поттикнување на креативност и критичко мислење
  • Зголемена вештината за соработка
  • Подобрување на вештините за странски јазик.

Ден 1 (07.06.2022) 

  • Запознавање на учесниците
  • Тура низ училиштето Тополовени
  • Вовед во  романскиот образовен систем
  • Стем часови во природа
  • Презентација на активностите реализирани во сите партнер училишта

Ден 2 (08.06.2022)

  • Посета на општината и средба со градоначалникот
  • Посета на катедралата во Тополовени
  • Работилница “Bringing nature into classroom”
  • Посета на Тополовени куќа на културата
  • Мини концерт-активности на хоби групата

Ден 3 (09.06.2022)

  • Патување во планините-Посета на замокот Бран и градот Брашов (Запознавање со романската историја)

Ден 4 (10.06.2022)

  • Посета на Голешти музејот
  • Планирање на идните активности
  • Работа на прашалникот за учениците

Национална ознака за квалитет за нашиот еТвининг проект

Нашиот еТвининг проект кој се спроведува во рамките на нашиот Еразмус+ КА2 проект на 25.05.2022 година доби Национална ознака за квалитет од страна на Македонската Националната агенција.

SE nql_en

Настан со родители и ученици по повод Global Wellness Day

На 27.05.2022 година беше реализиран настан со родители и ученици по повод Global Wellness Day во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Поинакво образовавие во училницата во природа“ (Slow down education in the nature). Целта на настанот беше вклучување на учениците од STEM секцијата (Fun science) во организирање на активности за други ученици и родители кои промовираат здрав живот.

Дисеминација на нашите КА229 проекти за време на job-shadowing активност со наставници од Португалија

Во периодот од 16-20.05.2022 година нашето училиште е домаќин на job-shadowing активност со наставници од училиштето Santo André Schools Group (AESA) од Бариеро, Португалија.

За време на првиот ден од job-shadowing мобилноста наставниците од Португалија следеа неколку презентации: запознавање со образовниот систем во нашата држава, организацијата на наставаната и образованието во нашето училиште, запознавање со методите и начините на работа со ученици со посебни потреби и презентација на постоечките Еразмус+ КА229 проекти. Подолу можете да ги проследите презентациите од трите КА229 проекти кои беа презентирани

Презентација на Еразмус+ КА229 проект „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“

Презентација на Еразмус+ КА229 проект „Креативни читатели“

Презентација на Еразмус+ КА229 проект „Поинакво образовани во училницата во природа“

Атмосферата за време на првиот ден од job-shadowing мобилноста

Дисеминација од две мобилности: краткорочна обука на наставници и краткорочната размена на група ученици во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Поинакво образование во училницата во природа“

Во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Поинакво образование во училницата во природа“ беа одржани две мобилности: краткорочна обука на наставници и краткорочна размена на група ученици во периодот од 04-07.04.2022 година на кои училиште-домаќин беше Palade Põhikool, Естонија. На мобилностите присуствуваат ученици и наставници од партнер-училиштата од Латвија, Естонија Романија и Македонија. Од нашето училиште на краткорочната обука на наставници учествуваа 4 наставници: Даниела Давковска, Елена Кузманова, Донка Митева и Весна Мирчевска, а на краткорочната размена на група ученици учествуваа 6 ученици: Марко Панчевски, Марко Боневски, Олег Петровски, Павел Зафировски, Ангела Крстевска и Миа Сидовска.

На 13.05.2022 година се одржа дисеминација на реализираните активностите.

Учениците и наставниците кои учествуваа на мобилностите, ги преставија активностите од двете обуки на останатите ученици и наставници членови на СТЕАМ секцијата (Fun science) од нашето училиште. Презентацијата можете да ја погледнете подолу

Презентација од дисеминација Естонија

Атмосферата од реализираната дисеминација на 13.05.2022 година

Краткорочна размена на група ученици во рамките на Еразмус +КА229 проектот “Поинакво образование во училницата во природа”

Во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Поинакво образовавие во училницата во природа“ (Slow down education in the nature) беше одржана краткорочна размена на група ученици во периодот од 04-07.04.2022 во Естонија. На обуката присуствуваат ученици и наставници од партнер-училиштата од Естонија. Латвија, Романија и Македонија. Од нашето училиште беа присутни следните ученици: Марко Панчевски, Марко Боневски, Олег Петровски, Павел Зафировски, Ангела Крстевска и Миа Сидовска, в.д. директорката Магдалена Петреска и дефектологот Тина Симиќ-Ацковска.

Цел:

  • Запознавање на сите партнер училишта
  • Запознавање на државите учесници, нивната култура и традиции
  • Потикнување на здрав животен стил
  • Запознавање со модулот Slow Life lifestyle
  • Запознавање со начини на учење на ученици кои не зборуваат
  • Поттикнување на свеста за штетата и последиците кои може да ги донесе војната.

Ден 1 (04.04.2022) 

  • Игри за запознавање на учесниците
  • Тура низ училиштето Паладе
  • Посета на Rock study house и Cultural heritage study house
  • Интернационална вечер, учениците ги презентираат своите истражувачки проекти

Ден 2 (05.04.2022)

  • Работилница прв дел: Совети и трикови како да ги визуализираме нашите идеи и како да создаваме добри постери
  • Работилница втор дел: Работа во групи и изработка на постери против војна
  • Часови на отворено и пикник во природа
  • Вечерна прошетка во природа со фенери

Ден 3 (06.04.2022)

  • Посета на Windtower experience center
  • Посета на општината
  • Flashmob против војна на градскиот плоштад
  • Посета на најстариот светилник во Европа кој работи Kopu Lighthouse
  • Посета на Ristna Center of nature education, пикник и учење во природа
  • Ноќна тура во Suuremoisa Manor

Ден 4 (07.04.2022)

  • Посета и тура низ училиштето Suuremoisa
  • Работилниц во училиштето Suuremoisa
  • Посета на Kardla sport center
  • Забава и пливање во базен
  • Завршна вечер

Краткорочна обука на наставници во рамките на Еразмус +КА229 проектот “Поинакво образование во училницата во природа”

Во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Поинакво образовавие во училницата во природа“ (Slow down education in the nature) беше одржана краткорочна обука на наставници во периодот од 04-06.04.2022 во Естонија. На обуката присуствуваат наставници од партнер-училиштата од Естонија. Латвија, Романија и Македонија. Од нашето училиште беа присутни следните наставници: Даниела Давковска, Елена Кузманова, Донка Митева и Весна Мирчевска.

Стекнати знаења:

  • Запознавање со традицијата, културата и обичаите на Естонија и нивниот образовен и инклузивен систем
  • Запознавање со модулот Slow Life lifestyle
  • Поттикнување на здрав животен стил
  • Поттикнување на креативност и критичко мислење
  • Зголемена вештината за соработка
  • Подобрување на вештините за странски јазик
  • Зголемена свест за последиците од војна
  • Оспособување за работа со ученици кои не зборуваат

Постери по повод Светскиот ден на здавјето

Во периодот од 1-7.04.2022 година учениците од STEM секцијата (Fun science) направија постери по повод Светскиот ден на здравјето на тема здрава храна и здрав живот. Постерите се истакнати на паноата во училиштето и имаат за цел да ги едуцираат останатите ученици и наставници во училиштето за придобивките од водење на здрав живот и јадење здрава храна како и развивање на позитивни здрави навики.

Онлајн состанок на координатори

На 04.03.2022 година беше одржан редовен онлјан состанок на координаторите од сите четири училишта-партнери во проекот. Активностите дискутирани за време на состанокот се дадени во презентацијата подолу

Презенација од состанок на координатори 04.03.2022

Евалуација на проекти изработени во рамките на проектот  Еразмус + KA229 проект “Поинакво образование во училницата во природа“

Проектите кои беа изработени во рамките на проектот​, беа презентирани на ден 02.03.2022 година, со почеток во 18.30 часот во аулата на ООУ „Лазо Ангеловски“ Скопје. На презентација беа присутни членовите на комисијата за евалуација на проектите и  сите 7 (седум) тимови кои се составени од ученици и нивнините наставници ментори.

Редослед на тим /тема

 

ученици

Ментори

Тим 1

Ориентација во природа со нашиот компас ​

Христијан Јакимов IX-1​

Марко Боневски  VI-6​

Натали Ценевска VII-3​

Лара Михајловска  VIII-5​

Жаклина Колевска​

Ивана Ракиќ​

 

Тим 2

Значење на pH вредноста

Гаврил Азманов VII-2​

Александар Цветковски VII-1​

Марко Павлески VIII-4

Лолита Трајковска

Далибор Савески​

Тим 3

Природни pH индикатори

МартинНовески IX-5​

Maтеј Павловски IX-1​

СтефанГрковски VIII-1

Павел Зафировски  VI-3

Елена Кузманова ​

Тим 4

Потикнување на здрав живот

Сара Стевановска IX-4

Исидора Павловска VII-3

Катја Миленковска IX-6

Миа Сидовска VI-6

Сандра Ноневска

Вангелица Поповска

Тим 5

Филтрирање на вода со употреба на природни материјали​

Анастасија  Николова IX-3​

Марија Зечевиќ VII-3​

Анастасија Костова VI-6​

Весна Јорданова

Весна Стрезовска

Тим 6

Проект Милион Долари​

Јована Николовска VIII-6

Симона Грашкоска VII-5

Теодора Јовановска VI-5

Ангела Крстевска VI-1

Даниела Давковска ​

Тим 7

ОД ОТПАД ДО ХРАНА!​

Марко Панчевски VII-4

Кирил Здравев VI-1

Олег Петровски VII-2

Петар Манџуковски VII-1

Донка Митева

Слободан Стаматовски

Комисијата, покрај следењето на презентациајата, имаше задача да изврши претходно разгледување на сите поставени матријали кои претходно беа доставени во поодделна папка за секој тим. Врз основа на критериумите дадени во аналитичката листа за вреднување на проектите, комисија изврши вреднување на секој тим поединечно:

Редослед на тим /тема

 

Поени од 4 членови од комисијата

Вкупно

Тим 1

Ориентација во природа со нашиот компас ​

10

11

11

11

43

Тим 2

Значење на pH вредноста

8

10

11

8

37

Тим 3

Природни pH индикатори

11

12

12

11

46

Тим 4

Потикнување на здрав живот

8

9

11

8

36

Тим 5

Филтрирање на вода со употреба на природни материјали​

10

11

11

10

42

Тим 6

Проект Милион Долари​

12

12

11

12

47

Тим 7

ОД ОТПАД ДО ХРАНА!​

12

11

12

12

47

       

По извршеното бодирање, комисијата ги рангираше тимовите по следниов редослед:

Рангирање

Тим 7: Од отпад до храна!​

Тим 6:Проект Милион Долари

Тим 3: Природни pH индикатори

Тим 1: Ориентација во природа со нашиот компас ​

Тим 5: Филтрирање на вода со употреба на природни материјали​

Тим 2: Значење на pH вредноста

Тим 4: Потикнување на здрав живот

Онлајн состанок на координатори

На 14.01.2022 година беше одржан редовен онлјан состанок на координаторите од сите четири училишта-партнери во проекот. Активностите дискутирани за време на состанокот се дадени во презентацијата подолу

Презентација од состанок на координатори 14.01.2022

Активности за поттикнување на здрав живот

Во периодот од октомври – декември 20201 година беа реализирани неколку активности за поттикнување на здрав живот, предвидени според активностите во проектот. Примерите на добри пракси од реализираните активности можете да ги погледнете на линковите подолу:

Работа на STEM секцијата (Fun science)

Во периодот од октомври – декември 2021 година за време на редовните средби на STEM секцијата (Fun science) во која беа вклучени 40 ученици од VI-IX одделение, се реализираа активности поврзани со имплементација на STEM предмети во природа. Примерите на добри пракси од реализираните активности можете да ги погледнете на линковите подолу:

Дисеминација од активности од првата половина на Еразмус+ КА229 проект  „Поинакво образование во училницата во природа“

На 05.11.2021 година, наставникот Даниела Давковска и членовите од Тимот за Еразмус+ проекти направија дисеминација од активностите од првата половина на Еразмус+ КА229 проект „Поинакво образование во училницата во природа“ (Slow down education in the nature) пред Наставничкиот совет на училиштето. На 25.11.2021 година беше направена дисеминација и пред Советот на родители. Пред присутните беа претставени реализираните активности од првата половина на проектот.

Презентација од реализираните активности од првата половина на проектот

Натпревар за проекти/истражувања на ученици на теми поврзани за здрав живот или СТЕМ

Дисеминација од виртуелните активности како дел од краткорочни настани за обука на заеднички персонал и придружни лица

На 22.10.2021 година беа реализирани виртуелни активности како дел од краткорочни настани за обука на заеднички персонал во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Поинакво образование во училницата во природа“ . Училиште-домаќин на виртуелните активности беше нашето училиште, а во активностите учествуваат наставници од сите четири партнер-училишта во проектот: од Латвија, Романија и Етонија. Наставници од нашето училиште кои учествуваа во активностите беа: Љубица Ружинска, Валентина Петрова, Елена Кузманова, Даниела Давковска и Весна Стрезовска. На 29.10.2021 година се одржа дисеминација на реализираните активностите. Наставниците кои учествуваа на мобилноста ги преставија активностите од виртуелната на останатите наставниците членови на СТЕАМ секцијата (Fun science) од нашето училиште. Исто така беа разгледани правилата за натпреварот на проекти/истражувања на учениците кои заеднички со сите партнер-училишта беа изработени за време на виртуелната мобилност и беше формирана Комисијата за евалуација на проектите која ќе биде составена од 4 членови: помошник директор, двајца наставнци од СТЕАМ секцијата и наставник-родител. На следниот состанок на СТЕАМ секцијата ќе бидат формирани групите на ученици кои ќе работат на проектите/истражувањата и ќе биде назначен наставни-ментор на секоја група.

Виртуелни активности како дел од краткорочни настани за обука на заеднички персонал

На 22.10.2021 година беа реализирани виртуелни активности како дел од краткорочни настани за обука на заеднички персонал во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Поинакво образование во училницата во природа“ . Училиште-домаќин на виртуелните активности беше нашето училиште, а во активностите учествуваат наставници од сите четири партнер-училишта во проектот: од Латвија, Романија и Етонија. Наставници од нашето училиште кои учествуваа во активностите беа: Љубица Ружинска, Валентина Петрова, Елена Кузманова, Даниела Давковска и Весна Стрезовска. Активностите се реализираа преку платформата MS Teams . Во првиот дел од виртуелните активности сите партнер училишта ги презентираа реализираните активности од нивното училиште во рамките на проектот. Презентацијата од нашето училиште можете да ја погледниете подолу

Презентација од реализирани активности во нашето училиште

Во вториот дел од виртуелните активности беше реализирана работна сесија во која учесниците заеднички работеа на критериумите за реализација на проекти/истражување на ученици кои ќе се реалзиараат во сите пратнер-училиште во периодот од ноември 2021 до март 2022.

Во третиот дел од виртуените активности беа презентирани добри пракси од нашето училиште како дел од job-shadowing активност. Презентацијата од оваа активност можете да ја погледниете подолу

Презентација на добри пракси од нашето училиште

Атмосферата од реализираните активности на 22.10.2021 година

Отворен час – пример на добра пракса (интегрирано учење математика и ФЗО)

Во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Поинакво образование во училницата во природа“ на 08.10.2021 година беше реализиран отворен час, пример на добра пракса (интегрирано учење математика и ФЗО). Часот беше реализиран од страна на наставникот по математика, Елена Кузманова и наставникот по ФЗО, Петар Ацески, со учениците-членови на СТЕАМ секцијата (Fun science), а истиот беше посетен од останатите наставници-членови на секцијата (наставници по биологија, математика, физика, хемија и ФЗО).

Математика, ФЗО (Скок во далечина и статистики) (отворен час)

Онлајн состанок на координатори

На 08.10.2021 година беше одржан редовен онлјан состанок на координаторите од сите четири училишта-партнери во проекот. Активностите дискутирани за време на состанокот се дадени во презентацијата подолу

Презентација од состанок на координатори 08.10.2021

Посета на ХЕЦ „Матка“ во рамките на ЕРАЗМУС + КА229 „Поинакво образование во училницата во природа“

Во организација на предметниот наставник по физика Жаклина Колевска, на 05.10.2021 година се реализираше посета на ХЕЦ „Матка“, во која земаа учество учениците – членови на STEAM секцијата во соработка со наставниците Радмила Гиговска, Донка Митева и Даниела Давковска. За време на посетата учениците поделени во групи заедно со водич од ХЕЦ „Матка“ го разгледаа едукативниот центар, притоа водичот им го објасни процесот на производство на електрична енергија, трансформација и дистрибуција до градската мрежа. Посетата заврши успешно, учениците беа задоволни и добија насоки  за изработка на индивидуални есеи во кои ќе ги опишат своите впечатоци од денешната научна активност.

Дисеминација од краткорочна размена на група ученици во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Поинакво образование во училницата во природа“

Во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Поинакво образование во училницата во природа“ беше одржана мобилност како дел од краткорочна размена на група ученици во периодот од 19-23.08.2021 година на кои училиште-домаќин беше Stalgene Secondary School, Латвија. На мобилноста присуствуваат ученици и наставници од партнер-училиштата од Латвија, Естонија Романија и Македонија. Од нашето училиште беа присутни 5 ученици: Христијан Јакимов, Марко Павлески, Сара Стевановска, Анастасија Николова и Матеј Павловски. На 24.09.2021 година се одржа дисеминација на реализираните активностите. Учениците кои учествуваа на мобилноста, Христијан Јакимов, Марко Павлески, Сара Стевановска, Анастасија Николова и Матеј Павловски, ги преставија активностите од летниот камп на останатите ученици и наставниците членови на СТЕАМ секцијата (Fun science) од нашето училиште. Презентацијата можете да ја погледнете подолу

Презентација од дисeминација-Летен камп, Латвија

Атмосферата од реализираната дисеминација на 24.09.2021 година

Прилагодување на училишната околина

Во рамките на проектот „Slow down education in nature“ (Поинакво образование во училницата во природа) од програмата Еразмус+, Клучна акција 2: Партнерства за училишна размена склучен помеѓу Национална агенција за европски образовни програми и мобилност и нашето училиште, ООУ „Лазо Ангеловски“, со договор бр. 2020-1-LV01-KA229-07752_2 според одобрена проектна апликација KA229-8FFD27B7 од страна на Националната агенција од Латвија (LV01 Valsts izglītības attīstības aģentūra – State Education Development Agency) за потребите и целите на проектот предвидена е изградба на монтажна надворешна настрешница која покрива надворешен простор во дворот од училиштето во кој се наоѓаат монтажни маси и столчиња и училишна табла и ќе служи за потребите и целите на проектот. Финансирањето на прилагодувањето на училишната околина за имплеменатција на активностите (часови во природа/надвор, одмори и воннаставни активности надвор и сл.)  преку креирање на простор на отворено (во училишниот двор) во висина од 75% е покриено од средствата доделени за проектот (буџет на проектот) и 25%  од страна на училиштето. Прилагодувањето на просторот во училишниот двор беше реализиран во периодот од април-септември 2021 година. Главната цел на проектот е воведување на поинакви активности (базирани на т.н. slow movement) во образовниот процес и воннаставните активности со употреба на холистички пристап и иновативни педагошки решенија со цел да се зголеми мотивацијата кај учениците и да се поттикне интересот за изучување на STEM предметите. Дополнително прилагодениот простор во училишниот двор може да се користи за образовните потреби на училиштето особено во услови на Ковид-19 пандемијата според препораките предвидени во Протокол за постапување на основните училишта во РС Македонија за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2020/21 година пропишан од страна на Министерството за образование и наука на РСМ.

Учебна 2020-2021 година

Краткорочна размена на група ученици во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Поинакво образование во училницата во природа“

Во периодот од 19-23.08.2021 година беше реализирана краткорочна размена на група ученици во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Поинакво образование во училницата во природа“. Училиште-домаќин беше училиштето од Латвија Staļģenes Vidusskola, а во активностите учествуваат наставници и ученици од сите партнер-училишта во проектот: од Латвија, Естонија и Романија, како и 5 ученици и 2 наставници од нашето училиште. Главна цел на летниот камп беше запознавање на сите партнер-училишта, државите и нивата култура и традиции и поттикнување на здрав животен стил користејќи го методот на учење преку проекти. За време на летниот камп беа спроведени следните активности:

  • работилница за методот на учење преку проекти
  • работилници за промоција на здрав животен стил (здрава храна, физички активности, комункација, стрес менаџмент)
  • презентации на своите училиште, држави, традиции и обичаи
  • спортски активности во природа
  • STEM работилница во природа
  • локални прошетки поврзани со теми од предметите биологија, географија, историја и природни науки

Работа на STEM секцијата (Fun science)

Во периодот од февруари – јуни 2021 година за време на редовните средби на STEM секцијата (Fun science) во која беа вклучени 33 ученици од VI-VIII одделение, се реализираа активности поврзани со имплементација на STEM предмети во природа кои беа прилагодени за реализација онлајн (учење од далечина) поради ситуацијата со Ковид-19 вирусот. Примерите на добри пракси од реализираните активности можете да ги погледнете на линковите подолу.

Дисеминација од виртуелните активности како дел од краткорочни настани за обука на заеднички персонал и придружни лица

Во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Поинакво образование во училницата во природа“ беа одржани виртуелните активности како дел од краткорочни настани за обука на заеднички персонал и придружни лица во периодот од 26-28.04.2021 година на кои училиште-домаќин беше Palade Põhikool, Естонија. На мобилноста присуствуваат членови од партнер-училиштата од Латвија, Романија и Македонија. Од нашето училиште беа присутни 4 наставници: Елена Кузманова, Даниела Давковска, Жаклина Колевска, Весна Стрезовска. На 22.06.2021 година се одржа дисеминација на реализираните активностите. Наставниците кои учествуваа на мобилноста, Елена Кузманова, Даниела Давковска, Жаклина Колевска, Весна Стрезовска, ги преставија активностите за време на мобилноста на останатите колеги од нашето училиште. Презентацијата можете да ја погледнете подолу

Презентација од дисеминација на виртуелната мобилност во Естонија

Атмосферата од реализираната дисеминација на 22.06.2021 година

Виртуелни активности  како дел од краткорочни настани за обука на заеднички персонал 

Во периодот од 26-28.04.2021 година беа реализирани виртуелни активности како дел од краткорочни настани за обука на заеднички персонал во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Поинакво образование во училницата во природа“ . Училиште-домаќин на виртуелните активности беше партнер-училиштето од Естонија, а во активностите учествуваат наставници од сите четири партнер-училишта во проектот: од Латвија, Романија и Македонија. Наставници од нашето училиште кои учествуваа во активностите беа: Елена Кузманова, Даниела Давковска, Жаклина Колевска и Весна Стрезовска. Активностите се реализираа преку платформата MS Teams (26 и 28.04.2021) и апликација Zoom (27.04.2021). Цели:

  • Запознавање со образовниот систем во Естонија
  • Запознавање со моделот на Slow Movement
  • STEM предмети надвор од училницата – претставување на можности за реализација на предметите надвор од учиницата (во природа) и прилагодување на училишната околина за имплеменатција на истите (часови во природа/надвор, одмори и воннаставни активности надвор и сл.): размена на искуства и примери на добри пракси
  • Сумирање на на досега остварените проектни активности и исходи

Атмосферата од реализираните активности на 26.04.2021 година

Атмосферата од реализираните активности на 27.04.2021 година

Атмосферата од реализираните активности на 28.04.2021 година

Онлајн состанок на координатори

На 14.04.2021 година беше одржан редовен онлјан состанок на координаторите од сите четири училишта-партнери во проекот. Активностите дискутирани за време на состанокот се дадени во презентацијата подолу

Презентација од состанок на координатори 14.04.2021

Избрано логото за Еразмус+ КА229 проектот „Поинакво образование во училницата во природа“

Во периодот од 7-17.02.2021 година беше распишан училишен конкурс за избор на лого за Еразмус+ КА229 проектот „Поинакво образование во училницата во природа“. Конкурсот можете да го погледнете на следниот линк. На училишниот конкурс се пријавија 14 ученици со вкупно 17 изработки. Според насоките во конкурсот беа избрани три логоа што ќе ја претставуваат Македонија и нашето училиште. Истите можете да ги погледнете на следниот линк. Во периодот од 6-11.04.2021 година следеше интернацоналното гласање и избор на логото на проектот. Интернационалниот гласење се состоеше од избор од 15 логоа (по 3 логоа од секое училиште партнер во проектот). Логоата од сите партнер-училиште можете да ги погледнете на ФБ страната на проектот и на Инстаграм профилот на проектот. Интернационалното жири се состоеше од претставници од секое училиште партнер во проектот, 5 наставници и 5 ученици.

results

По завршувањето на интернационалтото гласање, со најголем број на гласови беше избрано логото бр. 7 односно логото изработено од Стефан Игњатов IX-4 одд. од нашето училиште.

2. Stefan Ignjatov IX4

Онлајн состанок на координатори

На 1.04.2021 година беше одржан редовен онлјан состанок на координаторите од сите четири училишта-партнери во проекот. Активностите дискутирани за време на состанокот се дадени во презентацијата подолу

Презентација од состанок на координатори 01.04.2021

Онлајн состанок на координатори

На 26.02.2021 година беше одржан редовен онлјан состанок на координаторите од сите четири училишта-партнери во проекот. Активностите дискутирани за време на состанокот се дадени во презентацијата подолу

Презентација од состанок на координатори 26.02.2021

Нашиот проект на еТвининг 

Со цел да подобро да се дисеминираат активностите и резултате од нашиот КА229, истиот е поставен и на еТвининг платформата. Партнери во еТвининг проектот се 4 партнери од КА229 проектот (училиштата од Македонија, Латвија, Романија и Естонија). Главната цел на проектот е воведување на поинакви активности (базирани на т.н. slow movement) во образовниот процес и воннаставните активности со употреба на холистички пристап и иновативни педагошки решенија со цел да се зголеми мотивацијата кај учениците и да се поттикне интересот за изучување на STEM предметите.  еТвининг проектот е достапен на следниот линк: https://twinspace.etwinning.net/153244/home

2021-03-08-14-50-twinspace.etwinning.net

Резултати од училишниот конкурс за лого за Еразмус+ КА229 проект „Поинакво образование во училницата во природа“

На училишниот конкурс се пријавија 14 ученици со вкупно 17 изработки. Според насоките во конкурсот само три изработки/ логоа продолжуваат понатаму да се натпреваруваат со логоата од останатите држави, партнери во проектот. Логоата што продолжуваат понатаму се:

1. Александар Цветковски VI-1

1. Aleksandar Cvetkovski VI1

2. Стефан Игњатов IX-4

2. Stefan Ignjatov IX4

 

3. Марко Панчевски VI-4

3. Marko Panchevski VI4

Останатите ученици што учествуваа на конкурсот ќе добијат пофалници.

  • Матин Новески VIII-5
  • Христијан Јакимов VIII-1
  • Мартин Таневски VI-4
  • Матеј Павловски VIII-1
  • Деа Јаначковска VII-2
  • Мартин Митановски VI-2
  • Андреа Арсовска VII-2
  • Марија Зечевиќ VI-3
  • Андреј Костовски IX-5
  • Натали Ценевска VI-3
  • Матеј Богдановски VIII-2

Галерија со логоата од останатите ученици

Честитки на сите учесници за одличните изработки, а на логота што продолжуваат понатаму им посакуваме успех на интернационално ниво.

Конкурс за лого за ЕРАЗМУС + КА229 „Поинакво образование во училницата во природа“

За потребите на проектот ЕРАЗМУС + КА229 „Поинакво образование во училницата во природа“ се распишува конкурс за изработка на лого на проектот. На овој училишен конкурс може да учествуваат учениците од VI- IX одделение. Изработките треба да се придржуваат до одредени правила. Пропозиции: 1. Логото може да биде изработено на два начина:

  • Нацртано на хартија со големина најмалку А5 формат (хартијата треба да биде мазна, препорачливо е да се користи хартија за принтање). Цртежот треба да биде скениран (не фотографиран)
  • Дигитално лого (екстензија/формат: x.jpg; x.png, logo on transparent background)

2. Текстот во логото треба да биде на англиски јазик. Ве молам внимавајте на буквите и нивната големина, тие треба да бидат јасни и читливи. 3. Логото на проектот треба да асоцира на идејата на самиот проект. На следниов линк можете да најдете детали за проектот. (https://oulazoangelovski.com.mk/?p=7802 ) 4. Логото треба да ги содржи државните знамиња на сите четири држави партнери во проектот (Македонија, Естонија, Латвија и Романија). 5. Од сите изработени логоа ќе бидат избрани најдобрите 3 коишто ќе се натпреваруваат со останатите логоа од другите држави, партнери во проектот. Изработените предлози треба да бидат испратени на мејлот на milena.ignjatova@oulazoangelovski.edu.mk со назнака „за училишниот конкурс за лого“, најдоцна до 17.02.2021год. ** за подетални информации обратете се кај наставници по математика, природни науки, биологија, хемија и/или физика.

Презентација на проектот

На 27.01.2021 година, помошник директор, Милена Игњатова и членовите од Тимот за Еразмус+ проекти направија презентација на одобрениот КА229 проект „Поинакво образование во училницата во природа“ (Slow down education in the nature) пред Наставничкиот совет на училиштето. На 17.12.2020 година беше направена и презентација на проектот пред Советот на родители. Пред присутните беа претставени целите на проектот, планираните активности и очекуваните резултати.

Презентација на проектот

Онлајн состанок на координатори

На 22.01.2021 година беше одржан редовен онлјан состанок на координаторите од сите четири училишта-партнери во проекот. Активностите дискутирани за време на состанокот се дадени во презентацијата подолу

Презентација од состанок на координатори 22.01.2021 

Поставено Еразмус+ информативно пано

Во училишната аула е поставено Еразмус+ информативно пано посветено на проектните активности.

Project corner NMK

Воведен состанок во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Поинакво образование во училницата во природа“

Според проектната апликација на почетокот на месец декември 2020 година беше предвиден да се одржи воведен состанок (Kick off meeting) во Латвија, но поради ситуацијата со глобалната пандемија предизвикана од Ковид-19 вирусот истиот беше реализиран онлајн преку Zoom апликацијата. Воведниот состанок беше реализиран во два денапрвиот дел на 4.12.2020 и вториот дел на 11.12.2020 година.

За време на првиот дел, на 4.12.2020 година, прво се обратија директорите и помошник директорите на секое партнер-училиште, а потоа следеше презентација на секое партнер-училиште преку видео или презентација. Нашето училиште беше презентирано од страна на нашиот помошник директор, Милена Игњатова преку онлајн презентација.

Потоа Еразмус+ координаторот од нашето училиште, Љубица Ружинска, имаше работна сесија со останатите учесници на состанокот на која се претстави платформата еТвининг и начинот на работа во рамките на TwinSpace делот во кој треба да биде започнат еТвининг проектот во рамките на КА229 проектот. За време на вториот дел од воведниот состанок, на 11.12.2020 година, следеа следните активности:

  • работа со Google Drive, реализиран од страна на помошник директор, Милена Игњатова
  • план за публикација и десиминација, реализиран од страна на претставник од партнер-училиштето од Романија
  • вовед во делот за евалуација (процес за евалуација и формулари), реализиран од страна на претставник од партнер-училиштето од Естонија
  • проектен план на активности, одговорности и рокови за периодот декември 2020 – јануари 2021, претставен од страна на претставник од партнер-училиштето од Латвија
  • договор и активности за следен состанок преку Zoom апликацијата во јануари (прашалник за ученици, правила за конкурост за избор на лого на проектот)

Добиен грант од Еразмус+ програмата клучна акција 2 – КА229– Стратешки партнерства за училишна размена

По завршувањето на процесот на селекција на пристигнатите апликации за рокот за аплицирање кој траеше до 23-ти април 2020 година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност од Латвија ги објави резултатите од одобрените грантови од подакцијата КА229. ООУ „Лазо Ангеловски“ е едно од училишта со одобрен грант од 31.618 евра. Резултатите можат да се видат на следниот линк.

Одобрениот проект „Поинакво образование во училницата во природа“ (Slow down education in the nature), ќе се рализира во периодот од ноември 2020 до ноември 2022 година. Училиште-координатор на проектот е “Staļģenes Secondary School” од Латвија, а партнерите во овој проект покрај ООУ „Лазо Ангеловски“ се училиштата “Liceul Tehnologic Topoloveni” од Романија и “Palade Põhikool” од Естонија.

Главната цел на проектот е воведување на поинакви активности (базирани на т.н. slow movement) во образовниот процес и воннаставните активности со употреба на холистички пристап и иновативни педагошки решенија со цел да се зголеми мотивацијата кај учениците и да се поттикне интересот за изучување на STEM предметите.

Проектни активности и резултати:

  • преставување на концептот  на”Slow Movement” во училиштето
  • избор на теми од STEM предметите кои можат да се изучуваат во природа (надвор) – имплементација на 20 часови по  STEM предметите во природа, собирање на повратна инфомација од учениците, претставување на примери на добри пракси
  • интегрирано изучување на STEM предемти во природа (STEM + спорт + јазик) – 4 работилници за подготовка на часови, имплементација на најмалку 4 часови во секое партнер-училиште, претставување на примери на добри пракси
  • прилагодување на училишната околина за имплеменатција на активностите (часови во природа/надвор, одмори и воннаставни активности надвор и сл.)  преку креирање на училница на отворено (лабараторија во училишниот двор)
  • креирање на воннаставни активности кои ќе поттикнат здрав животен стил, подготовка на барем 1 воннаставна активност со група на ученици во секое партнер-училиште
  • натпревар за спроведено истражување со ученици на тема здрав живот или STEM (вкупно 20 поректи од групи на ученици – 3 до 4 ученици во група)
  • вклучување на учениците во организирање на активности за други ученици и родители кои промовираат здрав живот – најмалку 4 настани во секое парнер-училиште
  • едуцирање на учениците за здрав живот – организирање на најмалку 3 воннаставни активности во секое партнер-училиште, 1 интернационален камп, совети и примери на добри пракси за активности надвор без употреба на смарт апарати (телефони, таблети…)
  • креирање на е-книга – сите материјали од проектот ќе бидат собрани во една е-книга како алатка која ќе биде достапна за користење од страна на сите кои сакаат да имплементираат слични активности со своите ученици
  • 3 мобилности за тренинг на наставници (Естонија, Македонија, Романија)
  • 3 ученички размени (Латвија, Естонија, Македонија)
АРХИВА НА НАСТАНИ
Skip to content