Хуманитарна акција за Ангел Христовски
Едукативно предавање на тема: „Превенција од болести на зависност“
На ден 28.12.2023 година во нашето училиште се одржа предавање на тема: ,,Превенција од болести на зависност” во соработка со претставник од Црвен Крст на РСМ ОО Кисела Вода. Предавањето го проследија сите ученици од IX одделение.
Целта на овие активности е да се потенцира и утврди штетното дејство од злоупотреба на овие супстанци, но пред се, преку овие активности да се даде поддршка и промоција на здравите животни навики!
Хуманитарна акција по повод денот на гладта – предадени собраните средства
По повод „Светскиот ден за борба против гладта“ 16-ти Октомври ООУ „Лазо Ангеловски“ во соработка со Црвен Крст на РСМ, организираше собирна акција под мотото „Помислете на нас“. За оваа цел вработените во училиштето, учениците и родителите имаа можност да допринесат за успешна реализација на акцијата со вклучување преку една или две од наведените опции:
1. Придонес за донација на прехрамбени производи (конзервирана храна и кондиторски производи)
2. Придонес за донација на парични средства
Целта на акцијата беше да се собере храна, средства за хигиена кои беа наменети за ранливата категорија на лица. Собирната акција траеше од 16.10.2023 до 01.11.2023 година.
Нашата цел е кај децата од мали да ја развиваме хуманоста, да изградиме социјално одговорни личности кои умеат да подадат рака на оние на кои им е најпотребно.
Членовите на подмладокот на Црвен крст при нашето училиште ги спакуваа собраните прехрамбени производи и истите беа предадени на стручен соработник на Црвен Крст на РСМ – ОО Кисела вода.
Крводарителска акција и акција за мерење на крвен притисок и шеќер во крвта
Успешно релизирана Крводарителска акција и акција за мерење на крвен притисок и шеќер во крвта во соработка со Црвен крст- ОО Кисела Вода.
Изразуваме благодарност до локалното население и вработените кои учестуваа во акцијата.
Акција за мерење на притисок и шеќер во крвта – постер
Крводарителска акција
По повод патрониот празник на училиштето на 30.10.2023 година ќе се реализира Крводарителска акција.
Под мотото ,,Кој ќе спаси еден живот, го спасил целиот свет” на 30.10.2023 година (понеделник) во просториите на ООУ ,,Лазо Ангеловски” во периодот од 13:00 до 18:00 часот ќе се одржи акција за дарување крв.
Во акцијата ќе учествуваат вработените во училиштето, родителите и жителите од најблиската локална средина.
Преку хуманост и солидарност на дарувањето крв сакаме да им покажеме на нашите ученици и деца дека дарувањето крв спасува живот и е можност да се продолжат многу човечки животи.
Подмладокот на Црвен крст делеше информативни флаери на локалното население како најава за крводарителската акција и акцијата зе мерење на шеќер во крвта и притисок
На ден 27.10.2023 година учениците кои се членови на подмладокот на Црвен крст при ООУ „Лазо Ангеловски“ делеа информативни флаери за мерење на крвен притисок и шеќер во крвта на локалното население. Исто така беа поставени постери за крводарителската акција по повод патрониот празник на училиштето во локалната средина.
ПХВ дисеминација
Во рамки на одбележување на ЦКА ПХВ неделата на ден 22.10.2023 година во нешто училиште се реализираше работилнца на тема „Булинг и превенција од врсничко насилство“ со учениците од VI до IX одделение. На работилницита учествуваа волонтери од Црвен крст на РСМ – ОО Кисела Вода и училишниот психолог.
Целта на работилницата беше да се даде внимание на важноста за навремно детектирање на било кој проблем, вклучително и врсничкото насилство, важноста од препознавање на истото, разговор со семејството, стручно лице или стручната служба во училиштето бидејќи само така истиот може да се надмине. Преку оваа работилница ја подигнавме свеста кај учениците за сериозноста и опасноста од насилното однесување кое во голема мера ако не се реагира навремено може да придонесе за сериозни последици кај младите.
На крајот од работилницата беа презентирани активностите кои беа спроведени во рамки на ПХВ програмата во која учестуваа наши ученици членови на Подмладокот на Црвен крст при ООУ „Лазо Ангеловски“.
Клуб за превенција
На ден 17.10.2023 година Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со нашето училиште се формираше Клуб за превенција составен од по 18 ученици од VII и VIII одделение од сите паралелки. По повод Меѓународниот ден за трговија со луѓе беше спроведена едукативна работилница со учениците од училишниот Клуб за превенција на тема „Спречување на трговија со деца“.
Целта на работилницата е учениците да се едуцираат и да се информираат околу препознавање на опасносите и начините на заштита од трговија со деца. На децата им беа поделени печатени едуактивни материјали за заштита на децата од трговија.
Едукативните работилници се реализираат преку наменски подготвен видео концепт и презенатација и истите ќе се оддржуваат на месечно ниво во текот на целата учебна година.
Хуманитарна акција по повод 16ти Октомври – Ден на гладта
По повод ,,Денот на гладта – 16 Октомври” во нашето училиште се организира хуманитарна акција под мотото ,,Помислете и на нас” во периодот од 16.10.2023 до 01.11.2023.
Веруваме дека и овој пат зеднички ќе придонесеме за помош и поддршка на оние на кој им е најпотребно!
Хуманитарна акција “Од дете за дете”
По повод Детска недела во нашето училиште се реализираше хуманитарна акција “Од дете за дете” наменета за корисниците на програмите од СОС Детско село.
Ги посетивме и им беше дониран училишниот прибор.
Вашето малку за некого значи многу !