Клучна акција 2: Соработка за иновација и размена на добри практики – КА219– Стратешки партнерства во училишно образование 2016-2018 година

Еразмус + КА219 проект „Да ја обоиме иднината“ (Let’s ART the future)

Project logo

Посетете ја веб страната на проектот на следниот линк

Шести интернационален координативен состанок во рамките на Еразмус+ КА219 проектот „Да ја обоиме иднината“

Во рамките на Еразмус+ КА219 проектот „Да ја обоиме иднината“ (Let’s ART the future) беше одржан шестиот интернационален координативен состанок во периодот од 23-25.05.2018 година во Виена, Автсрија. На состанокот присуствуваат членови од партнер-училиштата од Турција, Бугарија, Романија, Австрија, Италија и Македонија. Од нашето училиште беа присутни координаторот на проектот, Љубица Ружинска, директорот, Перо Арсеновски, одделенскиот наставник, Марина Нанева и наставникот по англиски јазик Марина Николовска-Ристова.

Цели на состанокот беа:

  • посета на надгледни часови-примери на добра пракса;
  • креативни работилници за методите на подучување на уметност;
  • евалуација на остварените проектни активности и исходи;
  • разговор за раководењето на проектот, проектната документација, финалниот извештај за проектот и финансиската документација;
  • евалуација на целиот проект.

За време на состанокот беше прикажано видеото од проектот „Да ја обоиме иднината“ во кои се опфатени сите активности реализирани во рамките на истиот.

Традиционални фолк приказни

Во рамките на Еразмус+ КА219 проект „Да ја обоиме иднината“, предвидена е активноста фолк приказни. Секое партнер-училиште избра една своја национална традиционална фолк приказна која се напиша на англиски јазик и се илустрираше. Од собраните приказни потоа се изработи Збирка со традиционални фолк приказни.

 
Учениците од партнер-земјите потоа драматизира една од приказните. Учениците од Македонија ја драматизираа романската фолк приказна за време на петтиот интернационален координативен состанок кој се одржа во Скопје во периодот од 28.02-02.03.2018 година. Изведбата на учениците можете да ја проследите подолу.
 

Учениците од Романија пак ја драматизираа македонската фолк приказна. Видеата од нивната драматизација можете да ги проследите подолу.

Виртуелни уметнички галерии на 6-те национални сликари

Во рамките на Еразмус+ КА219 проект „Да ја обоиме иднината“, предвидена е активноста Уметничка галерија. Секое партнер-училиште ќе избере 1 познат национален уметник кој ќе биде проучуван по 2 месеци, односно неговиот стил. За време на активноста учениците ќе создаваат слики инспирирани од избрани уметници.

Целта на активноста е:

  • проучување на уметноста низ слики и
  • учениците да научат за познати интернационални уметници.

Подолу можете да ги погледнете виртуелните уметнички галерии на сите 6 национални сликари кои беа обработувани за време на проектот:

Турскиот сликар – Нури Абач

Австрискиот сликар – Густав Климт 

Бугарскиот сликар – Владимир Димитров 

Романскиот сликар – Стефан Лучијан 

Македонскиот сликар – Лазар Личеновски 

Италијанскиот сликар – Филипо Палици 

Стрип приказни за Eeyore

Во рамките на Еразмус+ КА219 проект „Да ја обоиме иднината“, предвидена е активноста пишување на стрип приказни. Учениците од секое партнер-училиште треба да напишат свои стип приказни (на англиски) во кои главен јунак е маскотата на проектот Eeyore и да содржат традиционални или културни елементи карактеристични за земјата. Потоа ќе биде изработена Збирка со стип приказни со приказните од сите партнер-училишта (земји).

Подолу можете да ги погледнете стип приказните напишани и изработени од нашите ученици.

Готвач и речник со слики

Во рамките на Еразмус+ КА219 проект „Да ја обоиме иднината“, предвидени се две активности:

  • изработка на Готвач со традиционални рецепти од секоја партнер-земја и
  • изработка на Речник со слики со зборови или фрази поврзани со музиката, спортот, ликовната уметност, секојдневни изрази и поздрави напишани на 6 јазика (англиски, турски, австриско-германски, бугарски, италијанкси, македонски и романски)

Подолу можете да ги погледнете изработените изданија.

Музеј на играчки и изработка на играчки

Во рамките на Еразмус+ КА219 проект „Да ја обоиме иднината“, предвидена е активноста Изработка на играчки и онлајн музеј на играчки. За таа цел учениците од нашето училиште изработија играчки од рециклиран материјал. Изработените играчки ќе станат дел од онлајн музејот на играчки во кој ќе се најдат изработките од сите 6 држави во проектот.

Уметничка галерија – италијански сликар Филипо Палици

Во рамките на Еразмус+ КА219 проект „Да ја обоиме иднината“, предвидена е активноста Уметничка галерија. Секое партнер-училиште ќе избере 1 познат национален уметник кој ќе биде проучуван по 2 месеци, односно неговиот стил. За време на активноста учениците ќе создаваат слики инспирирани од избрани уметници.

Целта на активноста е:

  • проучување на уметноста низ слики и
  • учениците да научат за познати интернационални уметници.

Месеците февруари и март 2018 беа посветени на италијанскиот сликар Филипо Палици. На часовите по ликовно образование учениците накратко се запознаа со неговиот живот и неговиот уметнички стил и дела. Тие разговараа и коментираа за неговите дела и ги истражуваат основните белези на неговите слики.

Потоа учениците создадоа свои слики употребувајќи ги елементите на делата на Филипо Палици.

Проследете ја атмосферата за време на часовите:

Уметничка галерија од цртежи изработени од учениците од III одд.

Уметничка галерија од цртежи изработени од учениците од IV одд.

Уметничка галерија од цртежи изработени од учениците од V одд.

Петти интернационален координативен состанок во рамките на Еразмус+ КА219 проектот „Да ја обоиме иднината“ во Скопје, Македонија 

Во рамките на Еразмус+ КА219 проектот „Да ја обоиме иднината“ (Let’s ART the future) беше одржан петтиот интернационален координативен состанок во периодот од 28.02-02.03.2018 година во Скопје, Македонија, а домаќин на истиот беше нашето училиште.  На состанокот присуствуваат членови од партнер-училиштата од Турција, Бугарија, Романија, Австрија и Италија.

Цели на состанокот беа:

  • разгледување и дискусија на досега остварените проектни активности и исходи;
  • размена на идеи и добри пракси за методите на подучување на уметност;
  • планирање на идните активности и задачи во рамките на проектот предвидени до крајот на оваа учебна година;
  • евалуација на проектните активности;
  • посета на надгледни часови-примери на добра пракса;
  • запознавање со македонската кутура, традиции и обичаи.

На првиот ден од стостанокот, членовите од партнер-училиштата беа во посета на општина Аеродором каде што беа примени од страна на претставници од локалната самоуправа. Повеќе информации за посетата во општината можете да добиете на следните два линка:

По посетата на општината, членовите од партнер-училиштата присустуваа на промотивниот настан одржан во нашето училиште на кој учениците ги претставија дел од активностите од проектот: испеаа 8 песни на 6 јазици, свиреа на флејти и драматизираа традиционална романска фолк приказна.

На следното видео можете да го проследите целиот настан

Настанот имаше и медиумска покриеност од страна на:

  • весникот Вечер – goo.gl/cqp5Ac и
  • телевизија Сител

По настанот следеше работниот дел од посетата во кој членовите од партнер-училиштата ги разгледаа и дискутираа досега остварените проектни активности и исходи, ги испланираа идните активности и задачи во рамките на проектот предвидени до крајот на оваа учебна година и дискутираа за евалуација на проектните активности.

На првиот ден од состанокот, членовите од партнер-училиштата земаа учество во работилница Arts&Crafts (активности со ученици и наставници ) во рамките на која изработуваа здели од глина, правеа рачно изработени магнети и пролетни честитки и сликаа цветови.

Вториот ден од состанокот беше посветен на културна посета на градот Скопје во која тие посетија неколку културни места низ градот и тоа: спомен куќата на Мајка Тереза, Св. Спас и Музејот на Македонија – етнолошката поставка.

Третиот ден од состанокот, членовите од партнер-училиштата беа на посета на надгледни часови-примери на добра пракса и тоа:

  • час по ликовно образование: монотипија со восочен пастел
  • час по музичко образование: свирење на песни на блок фелејта и пеење на песни од земјите-учеснички во проектот
  • час по физичко образование: играње на традиционални македонски ора

Дневник на маскотата

Во рамките на Еразмус+ КА219 проект „Да ја обоиме иднината“, маскотата на проектот, Eeyore, беше на посета во нашето училиште од декември 2017 до февруари 2018 година. За време на својата посета маскотата ги посети учениците од сите 5 генерации од одделенска настава и помина по 1 недела во секоја од нив.

Учениците од нашето училиште беа пресреќни да се дружат својот нов пријател и да му ги покажат некои од своите секојдневни активности. Своите импресии ги запишаа во Дневникот на маскотата кој што можете да го видите на линкот

Дневникот на маскотата-Македонија

Eeyore и Дневникот на маскотата по заминувањето од Македонија ќе ги посети своите другарчиња во Австрија. Од почетокот на проектот Eeyore имаше можност да ги посети другарчињата од Романија, Бугарија и Италија. На крајот на своето патување тој треба да ги посети другарчињата во Турција и со тоа да го заврши своето две годишно патување низ сите 6 држави-партнери во овој проект. Впечатоците од неговите посети низ сите 6 држави ќе бидат запишани во неговиот дневник кој целосно ќе биде објавен во електронска верзија на крајот на проектот.

Погледнете ги фотографиите преку кои може да се види атмосферата за време на посетата на Eeyore во нашето училиште.

Писма „Се за мене“

Во рамките на Еразмус+ КА219 проект „Да ја обоиме иднината“, во месец јануари 2018 година учениците пишуваа писма на тема „Се за мене“, со кои се преставија себе си на своите другарчиња во другите партнер-училишта во проектот. Писмата од сите партнери-училишта ќе бидат објавено во онлајн електронско списание.

Подолу можете да го видите онлајн електронското списание кои ги содржи писмата од учениците од сите 6 партнер-земји

Акростих песни за мирот

Во рамките на Еразмус+ КА219 проект „Да ја обоиме иднината“, во месец јануари 2018 година учениците создадоа свои акростих песни за мирот како дел од активноста Воз на мирот во рамките на проектот.

Погледнете го онлајн изданието кое преставува збир од сите песни и постери за мир напишани и креирани од учениците од сите 6 партнер-земји

Изложба на фотографии од околината

Во рамките на Еразмус+ КА219 проект „Да ја обоиме иднината“, предвидена е активноста Изложба на фотографии од околината. Бидејќи сите училишта имаат свое културно и историско наследство учениците направија фотографии кои  рефлектираат еден одреден културолошки аспект од нивната земја. Со фотографиите од сите партнер-училишта ќе биде направена онлајн галерија. Ова се фотографиите направени од нашите ученици.

Подолу можете да ја проследите целата онлајн галерија со фотографиите од сите 6 партнер-земји во проектот.

Уметничка галерија – македонски сликар Лазар Личеновски

Во рамките на Еразмус+ КА219 проект „Да ја обоиме иднината“, предвидена е активноста Уметничка галерија. Секое партнер-училиште ќе избере 1 познат национален уметник кој ќе биде проучуван по 2 месеци, односно неговиот стил. За време на активноста учениците ќе создаваат слики инспирирани од избрани уметници.

Целта на активноста е:

  • проучување на уметноста низ слики и
  • учениците да научат за познати интернационални уметници.

Месеците декември 2017 и јануари 2018 беа посветени на македонскиот сликар Лазар Личеновски. На часовите по ликовно образование учениците накратко се запознаа со неговиот живот и неговиот уметнички стил и дела. Тие разговараа и коментираа за неговите дела и ги истражуваат основните белези на неговите слики.

Потоа учениците создадоа свои слики употребувајќи ги елементите на делата на Лазар Личеновски.

Проследете ја атмосферата за време на часовите

Уметничка галерија од цртежи изработени од учениците од I одд.

Уметничка галерија од цртежи изработени од учениците од II одд.

Уметничка галерија од цртежи изработени од учениците од III одд.

Уметничка галерија од цртежи изработени од учениците од IV одд.

Уметничка галерија од цртежи изработени од учениците од V одд.

Четврти интернационален координативен состанок во рамките на Еразмус+ КА219 проектот „Да ја обоиме иднината“

Во рамките на Еразмус+ КА219 проектот „Да ја обоиме иднината“ (Let’s ART the future) беше одржан четвртиот интернационален координативен состанок во периодот од 13-15.12.2017 година во Васто, Италија. На состанокот присуствуваат членови од партнер-училиштата од Турција, Бугарија, Романија, Австрија, Италија и Македонија. Од нашето училиште беа присутни координаторот на проектот, Љубица Ружинска, одделенските наставници, Светлана Јосифоска и Роберта Јордановска.

Цели на состанокот беа:

  • запознавање со италијанската кутура, традиции и обичаи;
  • посета на надгледни часови-примери на добра пракса;
  • размена на идеи и добри пракси за методите на подучување на уметност;
  • евалуација на остварените проектни активности од првата половина на проектот;
  • планирање на идните активности и задачи во рамките на проектот предвидени за втората половина од проектот.

Традиционални детски игри

Во рамките на Еразмус+ КА219 проект „Да ја обоиме иднината“, предвидена е активноста Традиционални детски игри. Секое партнер-училиште:

  • избра 3 традиционални детски игри од својата земја и изработи инструкции за играње на играта (на англиски)
  • изработи пример планирања за примена на игрите во наставата (на англиски)
  • направи видеа како учениците ги играат игрите.

Од сетоа ова тимот од нашето училиште изработи Збирка од традиционални игри придружена со ДВД на кое се наоѓаат видеата. Подолу можете да ја погледнете збирката и видеата.

Целта на активноста е:

  • учениците да се запознаат и да ги научат традицоналните игри од земјите-партнери
  • да се зајакне спортот и физичката активност преку игри

Во месец ноември 2017 дел од партнерските традициоанлни игри беа имплементирани од страна на нашите ученици на часовите по физичко образование.

Уметничка галерија – романскиот сликар Стефан Лучијан 

Во рамките на Еразмус+ КА219 проект „Да ја обоиме иднината“, предвидена е активноста Уметничка галерија. Секое партнер-училиште ќе избере 1 познат национален уметник кој ќе биде проучуван по 2 месеци, односно неговиот стил. За време на активноста учениците ќе создаваат слики инспирирани од избрани уметници.

Целта на активноста е:

  • проучување на уметноста низ слики и
  • учениците да научат за познати интернационални уметници.

Месецот октомври 2017 беше посветен на романскиот сликар Стефан Лучијан. На часовите по ликовно образование учениците накратко се запознаа со неговиот живот и неговиот уметнички стил и дела. Тие разговараа и коментираа за неговите дела и ги истражуваат основните белези на неговите слики.

Потоа учениците создадоа свои слики употребувајќи ги елементите на делата на Стефан Лучијан.

Проследете ја атмосферата за време на часовите

Уметничка галерија од цртежи изработени од учениците од I одд.

Уметничка галерија од цртежи изработени од учениците од II одд.

Уметничка галерија од цртежи изработени од учениците од III одд.

Уметничка галерија од цртежи изработени од учениците од IV одд.

Уметничка галерија од цртежи изработени од учениците од V одд.

Традиционални детски игри

Во рамките на Еразмус+ КА219 проект „Да ја обоиме иднината“, предвидена е активноста изработка на Збирка со традиционални детски игри и ДВД.  Секое партнер-училиште ќе избере 3 традиционални детски игри, за кои: ќе се изработат инструкции за играње на играта, ќе се изработат пример планирања за примена на игрите во наставата и ќе се направат видеа како учениците ги играат игрите. Потоа игрите од различните земји ќе бидат применети во наставата.

Целта на активноста е:

  • учениците да се запознаат и да ги научат традицоналните игри од земјите-партнери
  • да се зајакне спортот и физичката активност преку игри.

Подолу се видеата од избраните традиционални игри од: Австрија, Италија, Македонија, Романија и Турција.

Трет интернационален координативен состанок во рамките на Еразмус+ КА219 проектот „Да ја обоиме иднината“

Во рамките на Еразмус+ КА219 проектот „Да ја обоиме иднината“ (Let’s ART the future) беше одржан третиот интернационален координативен состанок во периодот од 29-31.05.2017 година во Софија, Бугарија. На состанокот присуствуваат членови од партнер-училиштата од Турција, Бугарија, Романија, Австрија, Италија и Македонија. Од нашето училиште беа присутни координаторот на проектот, Љубица Ружинска, одделенските наставници, Гордана Камческа и Магдалена Петреска.

Цели на состанокот беа:

  • запознавање со бугарската кутура, традиции и обичаи;
  • посета на надгледни часови-примери на добра пракса: Ликовно, Музичко, Физичко;
  • размена на идеи и добри пракси за методите на подучување на уметност;
  • разгледување и дискусија на остварените проектни активности и исходи од првата половина на проектот;
  • дискусија за активностите и начините за евалуација и следење на проектните активности и исходи;
  • дискусија за начини за поголема интереакција на учениците од партнер-училиштата;
  • планирање на идните активности и задачи во рамките на проектот предвидени за втората половина од проектот.

Промотивен настан на активностите од Еразмус+ КА219 проектот „Да ја обоиме иднината“ (Let’s ART the future)

На 17.05.2017 година беше одржан промотивен настан на активностите од првата половина на проектот од Еразмус+ КА219 проектот „Да ја обоиме иднината“ (Let’s ART the future).

За време на настанот учениците ги презентираа реализираните активности од оваа учебна година и тоа:

  • Изработка и размена на честитки за Нова година и Божиќ
  • Изработка на украси за новогодишното дрво посветено на проектот
  • Уметничка галерија: сликање по инспирација на интернационални сликат и тоа – турски сликар Нури Абач, австрискиот сликат Густав Климт и бугарскиот сликат Владимир Димитров
  • Возот на мирот
  • Традиционални детски песни и традиционални детски игри

На настанот присуствуваа претставници од локалната средина, претставници од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност како и претставници од општина Аеродром, наставници и ученици од другите училишта од нашата општина и родителите од нашето училиште.

Резултатите од спроведената анкета за време на настанот можете да ги погледнете тука.

Настанот како и самиот проект исто така беше промовиран за време на утринската програма на ТВ „Нова“ каде што гледачите имаа можност накратко да бидат запознаети со целите на Еразмус+ програмата КА219 и самиот проект „Да ја обоиме иднината“.

Традиционални детски песни – пеење на партнерски песни

Во рамките на Еразмус+ КА219 проект „Да ја обоиме иднината“, предвидена е активноста изработка на ЦД со традицонални детски песни. Секое партнер-училиште ќе избере 2 традицонални песни за кои ќе се смини музиката на песната, ќе се напишат нотите за песните и текстот.  Потоа учениците ќе ги научат песните од различните земји.

Целта на активноста е:

  • да научат за традиционалната музика на партнер-земјите и
  • да се поттикне уметноста преку музичкото образование.

Во рамките на активноста од месец декември 2016 година до месец мај 2017 година, учениците од IV-1 одделение под менторство на одделенскиот наставник Соња Геговска научија 3 традиционални песни од партнер-земјите: Романија, Турција и Италија.

Интернационално гласање за најдобрите постери за мирот

Во рамките на Еразмус+ КА219 проект „Да ја обоиме иднината“, во периодот од 26.04 до 10.05.2017 година беше спроведен интернационален избор (гласање) за најдобри постери за мирот, кое е дел од активноста Воз на мирот во рамките на проектот.

По изборот на најдобрите 3 постери за мирот во секое парнер-училиште, учениците со сите 6 земји имаа можност да гласаат онлајн за изборот на најдобриот постер од секоја држава. Ова се резултатите од интернационалното гласањето:

international peace poster voting results

Победничките постери од секоја земја се следните:

Македонија

Poster competition-II place

Турција

1. EKİN DİKMEN (TURKEY)

Италија

20170329_161151

Романија

romania2

Бугарија

2 Bulgaria Poster 2 kl

Австрија

Rianna & Aya

Уметничка галерија – бугарскиот сликар Владимир Димитров

Во рамките на Еразмус+ КА219 проект „Да ја обоиме иднината“, предвидена е активноста Уметничка галерија. Секое партнер-училиште ќе избере 1 познат национален уметник кој ќе биде проучуван по 2 месеци, односно неговиот стил. За време на активноста учениците ќе создаваат слики инспирирани од избрани уметници.

Целта на активноста е:

  • проучување на уметноста низ слики и
  • учениците да научат за познати интернационални уметници.

Месеците април и мај беа посветни на бугарскиот сликар Владимир Димитров. На часовите по ликовно образование учениците накратко се запознаа со неговиот живот и неговиот уметнички стил и дела. Тие разговараа и коментираа за неговите дела и ги истражуваат основните белези на неговите слики.

Потоа учениците создадоа свои слики употребувајќи ги елементите на делата на Владимир Димитров.

Проследете ја атмосферата за време на часовите

Уметничка галерија од цртежи изработени од учениците од I одд.

Уметничка галерија од цртежи изработени од учениците од II одд.

Уметничка галерија од цртежи изработени од учениците од III одд.

Уметничка галерија од цртежи изработени од учениците од IV одд.

Уметничка галерија од цртежи изработени од учениците од V одд.

Учество во емисијата „Голем одмор“

На 11.05.2017 година нашите ученици гостуваа во детската емисија „Голем одмор“ на МТВ. За време на емисијата беа прикажани и промовирани активностите од првата половина од Еразмус+ КА219 проектот „Да ја обоиме иднината“ (Let’s ART the future) и тоа:

  • Изработка и размена на честитки за Нова година и Божиќ
  • Изработка на украси за новогодишното дрво посветено на проектот
  • Уметничка галерија: сликање по инспирација на интернационални сликат и тоа – турски сликар Нури Абач, австрискиот сликат Густав Климт и бугарскиот сликат Владимир Димитров
  • Возот на мирот
  • Традиционални детски песни и традиционални детски игри

Меѓу другото за време на емисијата беше промовиран и завршниот настан за оваа учебна година во нашето училиште кој ќе се одржи на 17.05.2017 година и каде што ќе се изврши  промоција на изведените активности.

Целата емисија можете да ја погледнете на следнито видео:

Промотивен настан  на активностите од  Еразмус+ проектот КА219-стратешки партнерства “Да ја обоиме идината“ 

Ни претставува чест и огромно задоволство да ве поканиме на завршниот настан за оваа учебна година во нашето училиште каде што ќе се изврши  промоција на изведените активности од Еразмус+ проектот КА219-стратешки партнерства “Да ја обоиме идината“ 

18280825_10212223096350561_1517749942_n

Уметничка галерија – австрискиот сликар Густав Климт

Во рамките на Еразмус+ КА219 проект „Да ја обоиме иднината“, предвидена е активноста Уметничка галерија. Секое партнер-училиште ќе избере 1 познат национален уметник кој ќе биде проучуван по 2 месеци, односно неговиот стил. За време на активноста учениците ќе создаваат слики инспирирани од избрани уметници.

Целта на активноста е:

  • проучување на уметноста низ слики и
  • учениците да научат за познати интернационални уметници.

Месеците февруари и март беа посветни на австрискиот сликар Густав Климт. На часовите по ликовно образование учениците накратко се запознаа со неговиот живот и неговиот уметнички стил и дела. Тие разговараа и коментираа за неговите дела и ги истражуваат основните белези на неговите слики.

Потоа учениците создадоа свои слики употребувајќи ги елементите на делата на Густав Климт.

Проследете ја атмосферата за време на часовите

Уметничка галерија од цртежи изработени од учениците од I одд.

Уметничка галерија од цртежи изработени од учениците од II одд.

Уметничка галерија од цртежи изработени од учениците од III одд.

Уметничка галерија од цртежи изработени од учениците од IV одд.

Уметничка галерија од цртежи изработени од учениците од V одд.

Втор интернационален координативен состанок во рамките на Еразмус+ КА219 проектот „Да ја обоиме иднината“

Во рамките на Еразмус+ КА219 проектот „Да ја обоиме иднината“ (Let’s ART the future) беше одржан вториот интернационален координативен состанок во периодот од 1-3.03.2017 година во Морени, Романија. На состанокот присуствуваат членови од партнер-училиштата од Турција, Бугарија, Романија, Австрија, Италија и Македонија. Од нашето училиште беа присутни координаторот на проектот, Љубица Ружинска, одделенските наставници, Тања Јосимовска и Соња Геговска, и директорот на училиштето, м-р Милка Тримчевска.

Цели на состанокот беа:

  • запознавање со романската кутура, традиции и обичаи;
  • запознавање со традиционалната романска уметност;
  • посета на надгледни часови-примери на добра пракса: Ликовно, Музичко, Физичко;
  • размена на идеи и добри пракси за методите на подучување на визуелната уметност;
  • разгледување и дискусија на досега остварените проектни активности и исходи;
  • дискусија за активностите и начините за евалуација и следење на проектните активности и исходи;
  • планирање на идните активности и задачи во рамките на проектот предвидени до крајот на оваа учебна година.

Воз на мирот

Во рамките на Еразмус+ КА219 проект „Да ја обоиме иднината“, предвидена е активноста Воз на мирот. Месец февруари беше месец посветен на мирот. За време на активноста учениците пишуваа пораки, цртаа цртежи, изработуваа предмети и сл. за да ги искажат своите чуства или мислења за мирот. Секое партнер-училиште изработи вагон во кој се собираа пораките, цртежите, изработките. Сите вагони на крај ќе се спојат за да се добие Возот на мирот. Целта на активноста е да се подигне свеста за важноста на мирот во светот.

Во нашето училиште се спроведоа две активности во кои учествуваа учениците од I-V одделение:

  • Првата активност беше литературно творење на тема „Мир“  и за таа цел, во училиштето беше поставен изработениот Воз на мирот во кој учениците ги ставаа своите пораки и изработки.
  • Втората активност се однесуваше на изработка на постер преку кој учениците ќе ја пренесат својата порака за мирот, преку цртеж, слика, песна.

Изработка на Возот на мирот од картонски кутии

pixiz-22-02-2017-20-36-43

Пишување на пораки, цртање на цртежи и изработка на предмети за да искажат чуствата или мислењата за мирот

Учениците го наполнија Возот на мирот со своите изработки

Изработка на постерите за конкурсот за најдобар постер (индивидуално или групно) преку кој учениците ги пренесоа своите пораки за мир, со кратки пораки, цртежи, слики

Од доставените постери, комисијата составена од три члена избра три најдобри постери според однапред определените критериуми за избор. Трите најдобри постери ќе учествуваат во интернационалниот избор со сите партнер-училишта, учесници на овој конкурс.

Прво место: постерот од III-1 оддление (групен) – наставници Билјана Колевска и Кристина Башовска

I mesto

Второ место: постерот од I-5 одделение (групен) – наставник Виолета Спасова

II mesto

Трето место: постерот од III-3 одделение (групен) – наставници Светлана Јосифовска и Јана Перковска

III mesto

 

Како пофален постер е избран постерот на ученикот Никола Ристовски I-1 одделение – наставници Ирена Христовска и Магдалена  Петреска

pofalen

 

Традиционални песни

Во рамките на Еразмус+ КА219 проект „Да ја обоиме иднината“, предвидена е активноста изработка на ЦД со традицонални песни. Секое партнер-училиште ќе избере 2 традицонални песни за кои ќе се смини музиката на песната, ќе се напишат нотите за песните и текстот. Потоа ќе биде создадено ЦД со песните и книга со текстовите и музичикте ноти од сите партнер-училишта. Во втората година од проектот ќе се употреби ЦД и книгата за да учениците ги научат песните од различните земји.

Целта на активноста е:

  • да научат за традиционалната музика на партнер-земјите и
  • да се поттикне уметноста преку музичкото образование.

Во рамките на активноста во месец февруари учениците од IV-1 одделение под менторство на одделенскиот наставник Соња Геговска и наставникот по музичко образование Тања Крстевска обработија 2 македонски традиционални песни:

„Македонско девојче“ (изведба на песната)

(нотен текст на песната)

 

„Играле егрени“ (изведба на песната)

(нотен текст на песната)

Уметничка галерија – турскиот сликар Нури Абач

Во рамките на Еразмус+ КА219 проект „Да ја обоиме иднината“, предвидена е активноста Уметничка галерија. Секое партнер-училиште ќе избере 1 познат национален уметник кој ќе биде проучуван по 2 месеци, односно неговиот стил. За време на активноста учениците ќе создаваат слики инспирирани од избрани уметници.

Целта на активноста е:

  • проучување на уметноста низ слики и
  • учениците да научат за познати интернационални уметници.

Месец декември беше посветен турскиот сликар Нури Абач. На часовите по ликовно образование учениците накратко се запознаа со неговиот живот и неговиот уметнички стил и дела. Тие разговараа и коментираа за неговите дела и ги истражуваат основните белези на неговите слики:

  • караќоз од турскиот театарот на сенки;
  • хетити фигурите;
  • минијатурите
  • имагинарните фигури
  • невообичаените, фигури како од бајки
  • вртелешките
  • анатолиските симболи и
  • пренатрупаните композиции.

Потоа учениците создадоа свои слики употребувајќи ги елементите на делата на Нури Абач.

Проследете ја атмосферата за време на часовите

Уметничка галерија од цртежи изработени од учениците од III одд.

Уметничка галерија од цртежи изработени од учениците од IV одд.

Уметничка галерија од цртежи изработени од учениците од V одд.

Еразмус+ Новогодишно дрво

Во рамките на Еразмус+ КА219 проект „Да ја обоиме иднината“, во месец декември беше реализирана активноста: изработка на украси и украсување на Еразмус+ Новогодишно дрво.

Во активноста учествуваа ученици од II, III и IV. одд. За време на активноста учениците изработија преубави Новогодишни украси и лампиони со кои го украсија Новогодишното дрво. Истовремено беше реализирана и работилница со родители во која исто така се изработуваа украси. При изработката користеа разновидни материјали. Новогодишното дрвото ја краси аулата на нашето училиште.

Прва активност во рамките на Еразмус+ КА219 проектот „Да ја обоиме иднината“ – Честитки за Божиќ и Нова Година

Во периодот од 9-19.12.2016 година беше реализирана првата активност во рамките на Еразмус+ КА219 проектот „Да ја обоиме иднината“, размена на рачно изработени честитки за Божиќ и Нова Година напишани на англиски и македонски помеѓу 2 партнер училишта (Македонија-Романија). Во активноста учествуваа 30 ученици од III-V одд.

Целта на активноста беше:

  • прослава на Божиќ и Нова Година
  • вежбање на англискиот јазик
  • интеракција помеѓу учениците

За време на неколку работилници учениците изработија свои честитки со кои им го честитаа Божиќ и Новата Година на своите нови другарчиња од Романија.

Реализираните активности можете да ги погледнете на видеото подолу:

Исто така беше направено видео во кое учениците ги читаа своите изработени честитки на англиски и македонски. Изработеното видео заедно со честитките беше пратено до партнер-училиштето во Романија.

Добиените честитки од учениците од Романија.

Нашите честитки кои ги добија учениците во Романија.

Прв интернационален координативен состанок во рамките на Еразмус+ КА219 проектот „Да ја обоиме иднината“

Во рамките на Еразмус+ КА219 проектот „Да ја обоиме иднината“ (Let’s ART the future) беше одржан првиот интернационален координативен состанок во периодот од 23-25.11.2016 година во Анкара, Турција. На состанокот присуствуваат членови од партнер-училиштата од Турција, Бугарија, Романија, Австрија и Македонија. Од нашето училиште беа присутни координаторот на проектот, Љубица Ружинска, одделенскиот наставник, Дарко Димковски, и секретарот на училиштето, Силвана Давчевска.

Цели на состанокот беа:

  • меѓусебно запознавање на партнер-училиштата;
  • разгледување на општите цели на проектот;
  • дискусија: Зошто Уметноста? – размена на искуства и добри пракси;
  • изработка на акциски план на планираните активности и состаноци во рамките на проектот;
  • распределба на одговорностите и планирање на активностите од првата година на проектот;
  • организација на активностите за дисиминација;
  • организација на активности за евалуација и следење на проектните активности и исходи;
  • посета на надгледни часови-примери на добра пракса: Ликовно, Музичко, Физичко;
  • развивање на меѓукултуролошкиот дијалог помеѓу партнер-училиштата и подобрување на знаењата и сфаќањата за образовните системи во другите земји.