Прво место на натпревар по ораторство
На 23 мај 2014 год. (петок), осмоодделенецот Филип Михов од ОУ „Лазо Ангеловски“ учествуваше на натпреварот по ораторство што го организира Средното економско и правно училиште на Град Скопје „Арсени Јовков“ и со својот подготвен говор на темата „Генерацијо, сакам да ви кажам“ го освои првото место меѓу сите пријавени учесници од основните училишта на територијата на градот Скопје. Исто така, на овој натпревар учество зеде и седмоодделенката Ева Стојановска којашто одлично се претстави со говорот на тема „Сакам да победувам“. Воедно, учениците добија извонредна можност да ги зајакнат своите ораторски вештини и да го продлабочат своето искуство за суштинските елементи на јавното аргументирано говорење.
4-то место во Италија
Ученичката Михаела Величковска од ОУ „Лазо Ангеловски“ неодамна го освои 4-то место во својата категорија на интернационален натпревар по англиски и италијански јазик „Хипо“, кој се одржа во Лидо ди Џесоло, Италија.
Во групата во која се натпреваруваше Михаела се натпреваруваа 17 учесници од целиот регион и постигна најдобар пласман од сите финалисти од Македонија.
Натпреварот се спроведе во 4 дела – читање, слушање, пишување и зборување. Сите учесници на натпреварувањето добија сертификат за познавање на англискиот јазик.
Регионални натпревари во спелување
На 10 маj 2014 година, во просториите на Американ Колеџ се одржа регионален натпревар „Spelling Bee Macedonia“ на кој учество зедоа и учениците од ОУ „Лазо Ангеловски“.
Најдобрите ученици од сите три категории имаат можност да се натпреваруваат на националниот натпревар за спелување кој ќе се одржи во Скопје на 17 мај 2014 година.
Ученици кои се квалификуваа за учество на националниот натпревари се:
1. Карина Митрева V3 (ментор Милена Игњатова)
2. Антонела Давитковска VI 1 ( ментор Емица Здравев)
3. Матеа Андреевска VIII1 ( ментор Морфа Петровска )
Училишни натпревари по странски јазици
На 17 април 2014 се одржа училиштен натпревар по англиски јазик за осмо одд. (осмолетка), на кој учество зедоа 20 ученици. Учениците со најдобри резултати ќе го претставуваат нашето училиште на општинскиот натпревар на 3. V 2014 год. Тоа се: Ана Трпчевска и Ана Марија Кузмановска под менторство на наставничката Маја Угриновска.
На 25 април 2014 се одржа училиштен натпревар по англиски јазик за учениците од шесто одд., на кој учество зедоа 24 ученици. Најдобри резултати постигнаа следниве ученици: прво место освои ученикот Владимир Шарковски од VI 3 одд., второ место освои ученичката Делфина Филева од VI 6, а третото место го делат Горазд Велков од VI 2 и Кристијан Стефановски од VI 6 одд.
На 22 април 2014 се одржа училиштен натпревар по француски јазик за ученците од шесто одделение на кој учество зедоа 30 ученици. Најдобри резултати постигнаа следниве ученици: прво место го делат учениците од VI 7 одд. Викторија Јанчевска и Јаков Додевски, второто место го делат ученикот Никола Ѓуровски од VI 4 и ученичката Сања Бобевска од VI 6, а трето место освои Викторија Саздовска од VI 4.
На 23 април 2014 се одржа квалификациона проверка на знаењата на учениците од осмо одделение (осмолетка) по француски јазик за учество на општински натпревар под менторство на наставникот Милена Калиновска. Најдобри резултати постигнаа следниве ученици: прво место освои Софија Димовска од VIII в, второ место освои Марија Атанасовска од VIII в и трето место освои ученикот Кристијан Стојановски од VIII в.
Општински натпревар по математика
На 23.04.2014 година во ОУ „Љубен Лапе“ се одржа натпревар по математика на ниво на општина Аеродром, а учениците од ОУ „Лазо Ангеловски“ под водство на Вангелица Поповска и Роберта ги постигнаа следните резултати
име и презиме на ученик | одделение | освоена награда | ментор |
Теона Цоневска | IV | I | Снежана Петреска |
Лина Гиразова | IV | I | Грозданка Крстевска |
Мила Спасевска | IV | I | Драгица Трајановска |
Кристина Спасева | V | II | Роберта Јордановска |
Антонија Крајчева | VI | III | Вангелица Поповска |
Ева Стојановска | VII | ПОФАЛНИЦА | Радмила Гиговска |
Деница Ќорвезир | VII | ПОФАЛНИЦА | Вангелица Поповска |
Стефан Стојанов | VII | ПОФАЛНИЦА | Вангелица Поповска |
Филп Михов | VIII осмолетка | III осмолетка | Мирјана Мојсоска |
Сребрен пехар за ОУ „Лазо Ангеловски“ на државното првенство во ракомет
По освоеното прво место на ниво на град Скопје, машката ракометана екипа на ОУ „Лазо Ангеловски“ учествуваше и на државното првенство кое се одржа од 3 од 5 април во Струга.
Ракометарите предводени од професорите Петар Ацески и Зоран Ристески достојно го претставија школото освојувајќи го второто место, додека првото и третото место остана во рацете на домаќините.
Со освоениот сребрен пехар ОУ „Лазо Ангеловски“ покажа дека е едно од најспортските школи, а воедно и најракометно школо во Р. Македонија.
Златен пехар на ракометарите на ОУ „Лазо Ангеловски“
По успехот на општинските натпревари машката екипа на ОУ „Лазо Ангеловски“ играше на градско ниво и освои прво место во ракомет.
Имено, во СЦ „Ново Лисиче“ на 21.3.2014 година се одржа општинско првенство во ракомет машки меѓу основните училишта, при што ОУ „Лазо Ангеловски“, ОУ „Љубен Лапе“ и ОУ „Ѓоргија Пулевски“ остварија пласман на градското првенство и се натпреваруваа со најдобрите училишта не територијата на Град Скопје.
На градското првенство аеродромците излегоа најдобри со што ги освоија првите три места на Град Скопје.
Прво место го освои екипата на ОУ „Лазо Ангеловски“, предводена од професор Петар Ацески.
Победничкото училиште „Лазо Ангеловски“ оствари пласман на државно првенство што ќе одржи во Струга, каде што ќе се натпреваруваат меѓу најдобрите шест училишта во Република Македонија.
Натпревар по англиски јазик во ОУ „Лазо Ангеловски“
На 15.3.2014 година во ОУ „Лазо Ангеловски“ се одржа вториот интернационален натпревар по англиски јазик „Хипо Компетишн“ во кој учествуваа 76 ученици.
Учениците се натпреваруваа во читање, слушање и пишување краток состав. Најдобрите ученици заедно со други ученици од европските земји ќе се натпреваруваат во финалето на 10-ти и 11-ти мај 2014 година во Италија.
Натпреварот е организиран од страна на Глобал хипо асоцијацијата, кој истовремено се одржува во неколку балкански земји.