еТвининг проекти 2020-2021 година
Во рамките на еТвининг програмата во учебната 2020-2021 година во училиштето беа реализирани следните еТвининг проекти:
- ноември 2019 – интернационален еТвининг проект „Creative readers“ (Мирослава П.Аневска, Весна Стрезовска, Љубица Ружинска, Валентина Петрова, Благица Ангеловска, Кристина Башовска, Магдалена Петроска, Тања Јосимовска). TwinSpace на проектот: https://twinspace.etwinning.net/97327/home
- јануари 2021 – интернационален еТвининг проект “Slow down education in the nature” (Љубица Ружинска, Милена Игњатова, Даниела Давковска, Елена Кузманова). TwinSpace на проектот: https://twinspace.etwinning.net/153244/home
Нашиот Еразмус+ КА229 проект „Поинакво образование во училницата во природа“ на еТвининг
Со цел да подобро да се дисеминираат активностите и резултате од нашиот КА229, истиот е поставен и на еТвининг платформата. Партнери во еТвининг проектот се 4 партнери од КА229 проектот (училиштата од Македонија, Латвија, Романија и Естонија). Главната цел на проектот е воведување на поинакви активности (базирани на т.н. slow movement) во образовниот процес и воннаставните активности со употреба на холистички пристап и иновативни педагошки решенија со цел да се зголеми мотивацијата кај учениците и да се поттикне интересот за изучување на STEM предметите. еТвининг проектот е достапен на следниот линк: https://twinspace.etwinning.net/153244/home
Наградата еТвининг училиште 2020-2021
На ден 18.03.2020 година нашето училиште се здоби со наградата еТвининг училиште 2020-2021 која по трет пат се доделува од страна на Европската Комисија. За нашето училиште ова е втора награда, односно имаме добиено награда за еТвининг училиште 2018-2019.
На европско ниво 2139 училишта од 42 европски држави ја добија оваа награда, а од Република Македонија на листата се наоѓаат 10 училишта и 1 градинка. Целосната листа на наградени училишта можете да ја погледнете тука. Наградените училишта се препознаени како лидери во области како:
- дигитална пракса
- пракса за е-безбедност
- користење на иновативни и креативни приоди во педагогијата
- промоција на континуиран професионален развој на вработените
- промоција на практики на колаборативно учење на наставниците и учениците
Наградените училишта ќе:
- имаат висока видливост на Европско ниво
- ќе формираат Европска мрежа на еТвининг училишта водачи да го инспирираат понатамошниот развој на еТвининг
- ќе можат да го покажуваат Знакот за еТвининг училиште во сите промотивни и информативни материјали
- наградените наставници и директорите ќе бидат поканети да се вклучат во програми за професионаен развој.