Еразмус+ КА229 проект
„Креативни читатели“
(Creative readers)
2019-2022
Посетете ја веб страната на проектот на следниот линк
Учебна 2021-2022 година
Национална ознака за квалитет за нашиот еТвининг проект
Нашиот еТвининг проект кој се спроведува во рамките на нашиот Еразмус+ КА2 проект на 13.06.2022 година доби Национална ознака за квалитет од страна на Македонската Националната агенција.
Дисеминација на активностите како дел од краткорочните размени на групи ученици во Грција и Латвија во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Креативни читатели“
На 17-18.05.2022 година беше извршена дисеминација на активностите за краткорочните размени на групи ученици кои се одвиваа во рамките на Еразмус+ проектот „Креативни читатели“, а чии домаќини беа грчкото училиште 4 Demotikon Pefka од Солун, Грција и Saldus novada pasvaldibas Druvas Vudusskola, Салдус, Латвиа. Дисеминацијата ја следеа приближно 150 ученици од генерациите VII одделение и 30 ученици од IV одделение.
Учениците од VII одделение кои беа учесници во двете мобилности за ученици, им го пренесоа дожувавањето на своите соученици од активностите во кои имаа можност да другаруваат со ученици од четирите партнер училишта „Josip Kozarac“, Липовљани, Хрватска, Zakladniskola a Materskaskola, Опава, Чешка, 4 DIMOTIKO PEFKON, Солун, Грција, SaldusnovadapasvaldibasDruvasvidusskola, Салдус, Латвија. Тие ја објаснија целта на оваа дружба – нагласување на полезноста и важноста на читањето, развивањето на критичкото размислување, но исто така го пренесоа и задоволството од можноста да комуницираат со деца од други земји, да научат повеќе за другите култури, особено да слушнат повеќе автентични народни приказни, да дознаат повеќе за одредени автори од овие земји, како и да се натпреваруваат во различни игри со останатите учесници.
Тие презентираа дел од активностите кои ги имаа во училиштата во Солун и Салдус и ги споделија со соучениците објаснувајќи што сметаат дека им било интересно и полезно и при тоа објаснија што ново научиле, не само во академски поглед туку и во културолошки поглед.
Исто така, ги споделија впечатоците од запознавањето со знаменитостите на Грција и градот Солун, а исто така и од Салдус и Рига, во Латвија.
Презентацијата од дицеминацијата од ученичката размена во Грција е достапна на следниот линк
Презентацијата од дицеминацијата од ученичката размена во Грција
Презентацијата од дицеминацијата од ученичката размена во Латвија е достапна на следниот линк
Презентацијата од дицеминацијата од ученичката размена во Латвија
Четврта ученичка размена во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Креативни читатели“
Во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Креативни читатели“ (Creative readers) беше одржана четврта ученичка размена во периодот од 09-13.05.2022 во Салдус, Латвиа. На размената присуствуваат ученици и наставници од партнер-училиштата од Хрватска, Чешка, Латвија, Грција и Македонија. Од нашето училиште беа присутни координаторот на проектот, Мирослава Павлова-Аневска, наставничката Анета Димовска како и учениците: Александра Митевска, Теона Анѓеловска, Михаил Мицковски, Леонид Блажевски и Мила Настевска.
Главните цели на ученичката размена беа:
- да се запознаат со литературни дела на автори од Латвија и креативно да ги изразат своите интерпретации и доживување на истите
- да анализираат дела и нивната содржина преку (компјутерски) игри.
- Да го осознаат творечкиот процес на едно дело преку средба со млад автор кој започнал да твори уште на тинејџерска возраст.
- да се здобијат со интеркултурни знаења со цел да се зголеми толеранцијата кон разновидноста преку осознавање на традиционалните танци и песни во Латвија, посета на националната библиотека и други културно-историски споменици.
09.05.2022
Во текот на првиот ден на посетата на училиштето-домаќин на на размената, Druvas Vidusskula, Салдус, Латвија, беше направено разгледување на училиштето во кое се одржаа првите активности од размената (запознавање на учениците од училиштето домаќин и учениците гости и поделба на подароци). Потоа сите учениците беа поделени во неколку групи и учествуваа во активност за себепретставување.
Aктивности кои следеа вклучуваа Escape game заснована на најпозната латвиска бајка наречена „Спридитус“ во која требаше да се анализираат ликови и делови од содржината на приказната и драматизација на приказната „Погоди кој рече мјау“ со употреба на глас или активност кои отсликуваат различни чувства.
Потоа учениците проследија концерт по повод денот на независноста на Латвија кој вклучуваше и модерна интерпретација на познати традиционални латвиски песни. По оваа програма беше направена посета на културно историски знаменитости на гратчето Салдус.
10.05.2022
Во текот на вториот ден беше изведена екскурзија до Шумата на бајките во Тервете каде што учениците имаа можност да пронаоѓаат дрвени скулптури од ликови од латвиски приказни а истовремено и да се запознаат со флората и фауната на шумата во која се наоѓаа. Учениците направија листа на ликови кои успеаја да ги пронајдат и добија информацииза тоа од кои приказни пвие ликови доаѓаат.
Потоа гостинските ученици поминаа пополадне со латвиски семејства и се запознаа поодблизу со начинот на живот во Латвија како и со нивните традиционални јадења.
11.05.2022
Во текот на третиот ден, учениците имаа можност да дискутираат за процесот на творење на едно дело со младата латвиска авторка Ieva Samauska која детално го опиша процесот на создавање на еден тинејџерски роман како и фазите низ кој минува еден писател, како и процесот на издавање на едно дело. Учесниците имаа можност да поставуваат прашања поврзани со нејзиниот роман и нејзините искуства како писател.
Во следната активност учениците се запознаа со делото на уште еден латвиски писател и поет Imants Ziedonis и неговите „Шарени приказни“ и да видат и слушнат приказни за две различни бои. Потоа учениците беа поделени во мешани групи и работеа на создавање на своја шарена приказна поврзани со една боја при тоа изработувајќи сликовници, драматизации или постери за истата.
Во последниот дел од денот учесниците посетија две познати гратчиња Кулдига и Вјентспил. Во Кулдига имаа можност да го посетат Live Museum каде што беа подетално запознати со историјата на самото гратче, како и со природните знаменитости на истото (најширокиот водопад во Европа), а во Вјентспилс имаа можност да видат едно од латвиските пристаништа.
12.05.2022
Во текот на четвртиот ден секое партнер училиште го презентираше преку презентација своето училиште и својата земја пред ученици од училиштето домаќин при тоа запознавајќи ги со знаменитостите на својата земја, град и со училиштето од кое доаѓаат.
Потоа мешаните групи имаа проба за презентирање на своите Шарени приказни, потоа истите ги презентираа пред учесниците и учениците домаќини.
Гостинските ученици потоа имаа можност да проследат изведби од различните секции на училиштето како секцијата за традиционални танци, традиционални песни како и театарската импровизирачка секција.
Во последниот дел од денот учениците гости и учениците домаќини ја посетија библиотеката на Салдус и беа запознати со нејзината организација како и различните активности кои ги организира за да ги мотивира младите да читаат.
13.05.2022
Последниот ден се организираше посета на главниот град на Латвија Рига и посета на Националната Библиотека и разгледување на нејзините капацитети како и приказната за нејзиното градење и опремување.
Потоа се разгледа центарто (стариот дел) од градот каде што координаторот на училиштето домаќин ги запозна гостите до неговите знаменитости.
Дисеминација на нашите КА229 проекти за време на job-shadowing активност со наставници од Португалија
Во периодот од 16-20.05.2022 година нашето училиште е домаќин на job-shadowing активност со наставници од училиштето Santo André Schools Group (AESA) од Бариеро, Португалија.
За време на првиот ден од job-shadowing мобилноста наставниците од Португалија следеа неколку презентации: запознавање со образовниот систем во нашата држава, организацијата на наставаната и образованието во нашето училиште, запознавање со методите и начините на работа со ученици со посебни потреби и презентација на постоечките Еразмус+ КА229 проекти. Подолу можете да ги проследите презентациите од трите КА229 проекти кои беа презентирани
Презентација на Еразмус+ КА229 проект „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“
Презентација на Еразмус+ КА229 проект „Креативни читатели“
Презентација на Еразмус+ КА229 проект „Поинакво образовани во училницата во природа“
Атмосферата за време на првиот ден од job-shadowing мобилноста
Трета ученичка размена во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Креативни читатели“
Во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Креативни читатели“ (Creative readers) беше одржана трета ученичка размена во периодот од 28.03-01.04.2022 во Солун, Грција. На размената присуствуваат ученици и наставници од партнер-училиштата од Хрватска, Чешка, Латвија, Грција и Македонија. Од нашето училиште беа присутни координаторот на проектот, Мирослава Павлова-Аневска, наставничката Роберта Јордановска како и учениците: Александар Цветковски, Петар Крстевски, Исидора Павловска, Калина Граорковска и Мила Ѓорѓиовска.
Главните цели на ученичката размена беа:
- да се запознаат со литературни дела на автори од земјите од кои доаѓаат партнер училиштата
- да илустрираат најважни моментиод цветски познати бајки и да анализираат дела од автори од земјата домаќин со користење на техниката Web quest и интерактвини видео презентации а презентирајќи ги своите идеи преку различни ИТ алатки (Padlet, Jamboard).
- да се здобијат со интеркултурни знаења со цел да се зголеми толеранцијата кон разновидноста преку презентирање на традционални детски игри, народни танци и ора како и различни обичаи за прослава на Велигден.
28.03.2022
Во текот на првиот ден на посетата на училиштето-домаќин на на размената 4то Основно училиште на Пефка, Солун, Грција беше преставено нивното училиште во кое се одржаа првите активности од размената (запознавање на учениците од училиштето домаќин и учениците гости и поделба на подароци). Потоа сите ученици беа поделени во 2 групи и учествуваа во неколку активности: гледаа презентации за начините на прославување на Велигден подготвени од секое партнер училиште; читаа и илустрираа приказни од Ханс Кристијан Андерсен по повод неговиот роденден 2ри април, а потоа наставниците набљудуваа час во кој беше употребена техниката Webquest и во кој учениците (домаѓини и гости) ја читаа басната Лисицата и штркот и во групи (мешани) играа игра во која ги поврзуваа придавките и чувствата. Потоа гледаа интерактивно видео и одговараа на прашања поврзани со него. Врз основа на меѓупредметаната корелација на Webquest, учениците дискутираа во групи за важноста на добрите другари како и за карактеристиките кои добрите другари треба да ги имаат. Тие ги презентираа нивните идеи на padlet. На крајот тие ја напишаа поуката на басната на нивиот мајчин јазик и сите заедно креираа куса презентација на алатката jamboard.
29.03.2022
Во текот на вториот ден беа изведени следниве активности: гостите го декорираа катчето за Еразмус проектот Кретивни читатели во училиштето домаќин со постери за автори и нивни дела од своите земји, ученици од 6то одделение од училиштето домаќин презентираа грчки традиционални ора, а на крајот, во заедничка работилница, секое партнер училиште презентираше свој народен танц/оро, а останатите учесници во рамената презентираа свои традиционални танци и ора, останатите учесници се обидуваа да го научат танцот и орото на земјата која го презентираше.
30.03.2022
Во текот на третиот ден, учениците се дружеа со своите ученици домаќини, а координаторот и останатите партнер училишта имаа состанок. Потоа учениците и наставниците посетија 4 различни часови на кои им беа презентирани драматизација на приказна, традиционална песна и изработени мини-сликовници од учениците домаќини. Во вториот дел од денот учесниците проследија училишна претстава базирана на книгата „Поликсени“, приказна за мало девојче со потешкотии и попреченост во учењето, кое се соочува со дискриминација во училиштето и од нејзините соученици и од нејзината наставничка. Потоа учениците, во рамките на Webquest активност, се запознаа со поезијата Хаику и во групи пишуваа сопствени хаилу песни на тема светскиот мир и истите се прикажани на padlet. На крајот од денот учесниците правеа палачинки.
31.03.2022
Во текот на четвртиот ден секое партнер училиште презентираше преку видео презентација традиционални детски игри од својата земја, апотоа во училишниот двор сите се обидуваа да ги играат игрите од другите земји. Потоа следуваше прошетка во областа Кастра, средновековни остатоци од замок и Генти-Куле, поранешен затвор кој сега функционира како музеј и Манастирот Влатадон.
01.04.2022
Последниот ден се обрна посебн внимание на интеркултурната компонента цо која учениците и наставниците имаа организирана тура на споемниците во Солун од римско време, црквата Св. Димитриј, Музејото Ротонда и Арката на Галериус. На крајот вечерата за збогување беше во областа Ладидка.
Одбележување на 21 Февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик
- 1 место: Марија Кузмановска 6-1 одд.
- 2 место: Јаков Павловски 5-5 одд.
- 3 место: Лана Настевска 4-2 одд.
- 1 место: Вероника Илијевска Тосковска 7-6 одд.
- 2 место: Александар Цветковски 7-1 одд.
- 3 место: Ванеса Димовска 8-5 одд.
Дисеминација на виртуелните активности како дел од краткорочна размена на група ученици
Во периодот од 8-20.12.2021 година беше извршена дисеминација на виртуелните активности за краткорочната размена на група ученици во рамките на Еразмус проектот „Креативни читатели“, а чиј домаќин беше чешкото училиште Zakladniskola a Materskaskola од Опава. Дисеминацијата ја следеа приближно 450 ученици од генерациите V, VI и VII одделение.
Учениците од V, VI и VII одделение кои беа учесници во виртуелната мобилност за ученици, им го пренесоа дожувавањето на своите соученици од активностите во кои имаа можност да другаруваат со ученици од четирите партнер училишта „Josip Kozarac“, Липовљани, Хрватска, Zakladniskola a Materskaskola, Опава, Чешка, 4 DIMOTIKO PEFKON, Солун, Грција, SaldusnovadapasvaldibasDruvasvidusskola, Салдус, Латвија. Тие ја објаснија целта на оваа дружба – нагласување на полезноста и важноста на читањето, развивањето на критичкото размислување, но исто така го пренесоа и задоволството од можноста да комуницираат со деца од други земји, да научат повеќе за другите култури, особено да слушнат повеќе автентични народни приказни, да дознаат повеќе за одредени автори од овие земји, како и да се натпреваруваат во различни игри со останатите учесници.
Исто така, ги споделија впечатоците од запознавањето со знаменитостите на Република Чешка и нејзиниот главен град Прага.
Презентација од дисеминацијата
Атмосферата од дисеминацијата
Виртуелни активности како дел од краткорочна размена на група ученици
Во периодот од 22-26.11.2021 година беа реализирани виртуелни активности како дел од краткорочна размена на група ученици во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Креативни читатели“ . Училиште-домаќин на виртуелните активности беше училиштето Zakladniskola a Materskaskola, од Опава, Чешка, а во активностите учествуваат наставници и ученици од сите партнер-училишта во проектот: од Хрватска, Грција, Чешка и Латвија, како и 48 ученици и 5 наставници од нашето училиште . Активностите се реализираа преку платформата MS Teams.
Цели:
- Да се зголеми мотивацијата за читање преку употреба на различни дигитални и физички игри кои го прават читањето позабавно и попривлечно за децата.
- Да се пoдобрат дигиталните вештини и на наставниците и на учениците преку употреба на МС Тимс платформата за спроведување на виртуелната мобилност и нејзините карактеристики како и преку употреба на различни апликации како Wordwall, Mentimeter, Jamboard, Padlet, Power Point, Google docs итн.
- Да се подобрат наставничките компетенции преку демонстација активности кои може да се спроведат на час, а кои се поврзани со читањето.
- Да се подобри прифаќањето на различностите преку запознавање на културата на земјата од кое доаѓа училиштето домаќин но и преку презентација на другите партнер земји при запознавањето на децата.
- Да се покаже како може да се работи тимски на дигиталните платформи и да се подобри тимската работа кај учениците.
- Да се подобрат јазичните компетенции преку комуникација на англиски јазик
Ден 1 (22.11.2021)
- Презентација на платформата Мајкрософт Тимс и нејзините карактеристики како и можности за комуникација, споделување долументи, видеа и слики.
- Презентација за запознавање со училиштето домаќин Zakladniskola a Materskaskola, Опава, Чешка преку видео.
- Игра: „Моето име и хоби се“ преку која учениците можеа лично да се претстават на останатите учесници во виртуелната мобилност.
- Видео или Power Point презентација на народна приказна или бајка од две партнер училишта.
- Квиз на Wordwall преку која учесниците одговараа на прашања поврзани со приказните/ бајките со цел да се утврди степенот на разбирање на истите
- Евалуација на првиот ден и размена на искуства преку Padlet.
Атмосферата од реализираните активности на 22.11.2021 година
Ден 2 (23.11.2021)
- Продолжение на играта за претставување и гласање преку апликацијата Mentimeter за тоа како се викаат и од која земја се учесниците и која земја е најбројна.
- Презентација на Чешката приказна „Волкот и седумте јариња“ и употреба на техника детелина за составување на реченици поврзани со ликовите на приказната.
- Видео за запознавање со градот каде што се наоѓа училиштето домаќин, Опава.
- Правење Wordcloud на Mentimeter за една работа која им се допаднала на учениците за градот Опава.
- Презентација на уште 2 приказни/бајки од партер училиштата гости на мобилноста и одговарање прашања за нивно разбирање.
- Споредба на жанровите на филмовите и книгите.
- Евалуација на вториот ден и размена на искуства преку Padlet.
Атмосферата од реализираните активности на 23.11.2021 година
Ден 3 (24.11.2021)
- Куса активност за расположението на учесниците преку избор на слики.
- Куса активност за објаснување на составните делови на една книга (наслов, автор предна корица, задна корица итн.)
- Учениците во групи во различни соби креираа приказна по слики на G-slides или на Power Point и по враќањето во главната соба секоја група ја презентираше својата верзија и ја споредија со оригиналната приказна (Ивица и Марица)
- Евалуација на третиот ден и размена на искуства преку Padlet.
Атмосферата од реализираните активности на 24.11.2021 година
Ден 4 (25.11.2021)
- Куса активност за загревање и искажување на кој жанр на книга најмногу го сакаат преку гласање на Mentimeter.
- Презентериање на останатите верзии на приказната Ивица и Марица од партнер училиштата кои преостанаа.
- Работа во групи. Учесниците пишуваа свои мисли за тоа зошто читањето е добро на апликацијата Jamboard
- Презентирање на мислите за читањето од страна на националните тимови – презентација на Jamboard
- Запознавање со главниот град на Чешката република, Прага преку видео презентација од училиштето домаќин.
- Евалуација на третиот ден и размена на искуства преку Padlet
Атмосферата од реализираните активности на 25.11.2021 година
Ден 5 (26.11.2021)
- Куса активност за расположението на учесниците преку избор на слики
- Куса активност „Дали ги знаете класиците“ во која водителот читаше одреден дел од класичните бајки да децата требаше да препознаат кја бајка се чита и да ја кажат или пишат во четот.
- Кус разговор за дали филмовите или книгите Хари Потер се подобри.
- Видео презентација на 10 најдобри места за посета на Чешката Република и видео презентација на Прага.
- Евалуација на целата мобилност преку Gform и размена на искуства.
Атмосферата од реализираните активности на 26.11.2021 година
Учебна 2020-2021 година
Креативните читатели останаа креативни и забавни до крајот на учебната 2020/21 година
Нашите ученици останаа креативни и се забавуваа и во второто полугодие од оваа учебна година. Ги преосмислија ликовите од лектирните и нелектирните изданија кои ги прочитаа и ги анализираа.
Нашите најмали кои ја учеа азбуката оваа учебна година се забавуваа со „Касни порасни“ од Петре М. Андреевски, „Зоки Поки“ од Оливера Николова, “Грдото Пајче“ од Ханс Кристијан Андерсен и приказната за „Ловецот Диме и лисицата“.
Креативците од II-1 со наставничката Билјана Кузевска и од II-6 со наставничката Билјана Колевска на 5.5.2021 и 10.05.2021 разговараа за важноста на овошјата и зеленчуците и изработија книга на одделението со омилените овошја и зеленчуци.
Учениците од II-2 со нивните наставнички Мирјана Смилевска и Елена Гашевска се поистоветуваа со главниот лик на лектирата „Грдото Пајче“, ги преживуваа истите емоции, тагата и радоста и го развиваа критичкотот размислување, а учениците од II-5 одделение со наставничките Тамара тодоровска и Александра Пејковска ја анализираа лектирата „Грдото Пајче“ и се забавуваа изработувајќи сопствени сликовници и маски за ликовите од делото.
Учениците од II-1 одделение со наставничката Снежана Петреска на 5.04.2021 составуваа приказна по слики и на тој начин креираа свои сликовници.
Ликот „Зоки Поки“ секогаш овозможува децата да се поистоветат со него. Учениците од II-3 одделение и нивните наставнички Жанета Митровска и Христина Божиновска на 5.5.2021 година составија своја сликовница во која секој ученик го илустрираше и презентирашње омиленото доживување на Зоки.
На 5.04.2021 учениците од III-2одд и нивната наставничка Весна Стрезоска ја обработуваа лектирата “Децата од моето училиште”од Јадранка Клисарова
Целта беше содржинска обработка на расказите од лектирата оние кои се случиле во училиштето или училишниот двор, во оние кои се зборува за сообраќајот,за хуманоста, да се оспособат за самостојно читање на лектира, да ја разберат содржината и да раскажуваат самостојно по хронолошки редослед, опишуваат ликови и нивни карактеристики, да одговараат точно на поставени прашања поврзани со содржината на лектирата како и да се поттикнат и мотивираат за активно и критичко мислење. Лектирата ја обработија преку разговор, одредување на главните ликови и нивните карактеристики, активност во наставен лист и изработка на сликовница.
На 5 .4.2020 учениците од учениците од III-5 одделение и нивната наставничка Марина Нанева исто така ја обработија лектирата „Децата од моето училиште“ од писателката Јадранка Клисарова, така што учениците требаше да го погодат расказот од кој беше прочитан извадокм а исто така имаа можност да разговараат со писателката на оваа лектира преку online средба. Таа им се претстави им кажа дел од својатаавтобиографија, а потоа писателката поставуваше прашања зада види како им се допаднала книгата и разработија заеднички неколку раскази.
На крајот од средбата следуваа прашања од страна на учениците на кои писателката
со задоволство одговараше. Децата се интересираа за следниве работи: Дали е тешко да си писател? Од каде се црпи инспирација за пишување? Дали некој расказ е вистинит? и слично. Сите беапресреќни за ваквиот одржан час. Писателката ги поздрави со надеж дека ќе имаат прилика и во живо да се запознаат со неа.
Текстот „Пластеса, Хартеса и Платнеса” беше повод учениците од IV-1 одделение и нивната наставничка Тања Јосимовска не само да се стават во улогите на ликовите, туку и да изработат кукли по нив. На 24.3.2021 година, тие разговараа за чистотата во нашата околина, за проектите на собирање на ПЕП амбалажа и стара хартија. Се обидуваа да дознаат што се случува со нив. Разговараа за поимот рециклирање и заеднички го објаснуваа неговото значење, а потоа и пишуваа зборови кои асоцираат на екологија, чиста и здрава средина. Учениците изработија кукли од стари материјали за ликовите во текстот и истиот изразно го читаа со нив.
Учениците од IV-3 одделение и нивната наставничка Петранка Крстева во месец мај ја обработуваа лектирата „ Волшебникот од Оз“ од Лиман Франк Баум. Впечатокот од истата беше огромен, а фантазијата на учениците зголемена, збогатена и навистина креативна. Учениците ги илустрира ликовите (односно часот по македонски јазик го поврзавме со мотивот на часот по ликовно образование), но целта беше, тие да се претстават како лик кој патува со главната протагонистка Дороти. Исто така цртајќи, тие ја напишаа својата желба до Волшебникот од Оз.
Ликот на Итар Пејо со своите итроштини засмејувал ученици од многу генерации, па така и учениците од III-2 одделение и нивната наставничка Кристина Башовска, како и учениците од III-4 и нивниот наставник Дарко Димковски, на 24.4.2021 година, ја обработуваа исто имената лектира од Стале Попов. Со учениците се разговараше за сознајната доживеаност од читање на лектирата, информации поврзани со авторот, потсетување за содржината на делото преку прашања и одговори до анализа на ликовите и нивните постапки и особини. Во вториот дел од обработката, наставниците споделија линк од квиз на апликацијата Kahoot со прашања поврзани со лектирата со цел да се провери разбраноста на содржината.
Виртуелни активности како дел од краткорочна размена на група ученици
Во периодот од 17-21.05.2021 година беа реализирани виртуелни активности како дел од краткорочна размена на група ученици во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Креативни читатели“ . Училиште-домаќин на виртуелните активности беше нашето училиште, а во активностите учествуваат 22 наставници и 66 ученици од сите партнер-училишта во проектот: од Хрватска, Грција, Чешка и Латвија, како и 11 ученици и 10 наставници од нашето училиште . Активностите се реализираа преку платформата MS Teams.
Цели:
- учење на стратегии и активности кои го поттикнуваат читањето на креативен и иновативен начин во дигитална средина
- употреба на различни апликации и дигитални алатки за креирање на различни визуелни приказни и постери
- развивање на критичкото размислување и стекнување на вештини за решавање на проблемски ситуации со употреба на различни креативни и иновативни активности за читање
- развивање на комуникациските вештини, стекнување со искуства и создавање на нови пријателства преку колаборативна работа помеѓу учесниците од различни партнер-училишта и различни држави
- развивање на англсиките јазични вештини (подобрување на вештините за разбирање и говорење)
- запознавање со македонската култура, традиции и обичаи
За време на првиот ден (17.05.2021 година) од виртуелните активности го претставивме нашето училиште преку кратко видео изработено од страна на ученици од нашето училиште
Учесниците се запознаа меѓусебе преку интерактивната активност „Две вистини и лага“ и научија нови работи за петте земји партнери во проектот преку интерактивно видео-квиз направено со алатката Edpuzzle.
Атмосферата од реализираните активности на 17.05.2021 година
За време на вториот ден (18.05.2021 година) од виртуелните активности учесниците го започнаа денот со кратка активност за загревање (Ice-breaker): создавање на вируелен облак на зборови со алатката AnswerGarden
Потоа учесниците имаа можност преку интерактивна игра да решаваат загатки (Riddles) користејќи ја алатката Wordwall. Третата активност за време на вториот ден во која учесниците работејќи колаборативно во групи пишуваа приказна по дадени слики.
Атмосферата од реализираните активности на 18.05.2021 година
За време на третиот ден (19.05.2021 година) од виртуелните активности учесниците го започнаа денот со кратка активност за загревање (Ice-breaker), по која следеше креативно-творечка работилница на тема „Книгата ми го осветлува патот по кој чекорам“ во која која учесниците работејќи колаборативно во групи изработуваат постери за промовирање на читањето корисејќи ја алатката Padlet.
Третиот ден го завршивме со кратка драматицазија (role-play) изведена од двајца наши ученици, по која учесниците гласаа преку Poll за тоа со кој лик повеќе се согласуваат: дедото (дека треба повеќе да читаме книги) или внукот (доволно е да се прочита прераскажана кратка верзија на книга)
Атмосферата од реализираните активности на 19.05.2021 година
За време на четвртиот ден (20.05.2021 година) од виртуелните активности учесниците го започнаа денот со кратка активност за загревање (Ice-breaker), по која партнер-училиштето од Грција се претстави со своја активност: презентација на стрип-приказни, а партнер-училиштето од Хрватска презентираа своја традиционална приказна. Потоа учесниците имаа можност преку интерактивна игра да решаваат загатки (Riddles) користејќи ја алатката Wordwall.
Атмосферата од реализираните активности на 20.05.2021 година
За врема на петтиот ден (21.05.2021 година) учесниците имаа можност преку виртуелна тура (Treasure hunt) да го истражат и запознаат главниот град на нашата држава, Скопје посетувајќи виртуелно дел од знаменитостите во градот и да се запознаат во нашата култура, историја и уметност.
Атмосферата од реализираните активности на 21.05.2021 година
Онлајн литературно читање по повод одбележувањето на 21 Март – Меѓународен ден на поезијата
На 16.4.2021 година беше реализирано онлајн литературно читање по повод одбележувањето на 21 Март – Меѓународен ден на поезијата. Овој литературен настан беше организиран за учениците коишто беа пофалени на претходно распишаниот училиштен литературен конкурс на слободна тема во рамките на училишната библиотека, како дел од активностите на програмата на нашиот Еразмус+ КА229 проект „Креативни читатели“.
Учениците имаа можност да се претстават со своите лични литературни творби коишто беа посветени на тема со мотивите среќа, желба, другарство, љубов, книга, училиште и сл. Преку нивниот творечки ентузијазам , беа промовирани вредностите на вистинското другарство, возбудата од доаѓањето на пролетта, растрепереноста од првата љубов, љубовта кон мајката, книгата, татковината и многу други кои беа инспирација за нашите млади творци. Литературното читање се одвиваше преку платформата MS Teams, така што секој имаше прилика да го проследи. Учениците имаа можност слободно да се изразат себе си преку ваков облик на литературно дружење и беа мотивирани и во иднина да творат и да учествуваат на училишните литературни настани. Едно големо браво за водителите, учесниците, но и за библиотекарот на училитето, менторите и родителите за севкупната поддршка на овој настан.
Онлајн литературен настан по повод 21ви Март -Меѓународниот ден на поезијата
По повод 21 Март – Меѓународниот ден на поезијата, се организира литературен настан на кој ќе се претстават најуспешните творби на учесниците во овој настан. Истиот ќе се одржи онлајн на 16.04.2021 г. (петок), со почеток во 12:15 часот, на платформата на MS Teams
Линк за онлајн настанот
Ве покануваме заеднички да го одбележиме Денот посветен на убавиот збор.
Пофалени ученици на литературниот конкурс за поетски творби на слободна тема
Училишен поетски конкурс по повод 21 Март – Денот на поезијата
Онлајн состанок за планирање на виртуелна мобилност на ученици
На 12.03.2021 година се одржа онлајн состанок со претставниците од партнер-училиштата Zakladni skola a Materska skola, Опава, Чешка, 4 Dimotiko Pefkon, Солун, Грција, Saldus novada pasvaldibas Druvas vidusskola, Салдус, Латвиа, “Josip Kozarac”, Липовљани, Хрватска и нашето училиште ООУ „ Лазо Ангеловски“. Целата на состанокот беше планирање за реализација на виртуелна мобилност на ученици во која домаќин ќе биде машето училиште, а истата ќе се одржи во месец мај 2021 година. Во првиот дел од состанокот исто така беше презентиран пример на добра пракса (интегриран ден) од страна на училиштето-координатор од Хрватска.
Употреба на различни техники за обработка на лектирни дела
На 1.02.2021 година учениците од III-2 и III-3 одд. заедно со своите наставнички Анета Димовска, Емилија Христова и Сања Стојановска Дамјановиќ го обработуваа лектирното издание “Шеќерното дете”, каде што правеа анализа на лектирата преку техника: Ѕвезда на приказната и имаа активност во наставен лист, а пак учениците од III-3 одд создадоа сликовница и на крај од часот малите слаткари го изработија шеќерното дете.
Онлајн состаноци на координаторите во рамките на Еразмус+ КА229 проект „Креативни читатели“
Партнер училиштата од Еразмус+ КА229 проектот „Креативни читатели“, Zakladni skola a Materska skola, Опава, Чешка, 4 Dimotiko Pefkon, Солун, Грција, Saldus novada pasvaldibas Druvas vidusskola, Салдус, Латвиа, “Josip Kozarac”, Липовљани, Хрватска и нашето училиште ООУ „ Лазо Ангеловски“, одржаа два онлајн состаноци, на 19.01.2021 и 17.02.2021 година.
Целта на овие состаноци беше да се утврди фазата до која е проектот и наредните чекори. Партнерите донесоа одлука да побараат продолжување на проектот во кој индивидуалните партнерски активности се одржуваа изменети или модифицирани, но заедничките активности како и мобилностите, за жал, не беше возможно да се одржат поради настанатата Ковид-19 пандемија. Оттука, партнерите се договорија да побараат продолжување на проектот од Европската Комисија кое и беше одобрено, па истиот ќе трае до 31.08.2022 година.
Партнерите исто се договорија да остварат заеднички активности во текот на оваа учебна 2021/22 година, а исто така и да се потрудат да ја подобрат дисеминацијата на проектот и проектините активности. Секој од партнерите даде извештај за сработените проектни активности за време на пандемијата, а оние за нашето училиште можете да ги проследите на следниов линк.
Онлајн литературно читање по повод одбележувањето на 21 Февруари – Меѓународен ден на мајчиниот јазик
На 26.2.2021 год. (петок), беше реализирано онлајн литературно читање по повод одбележувањето на 21 Февруари – Меѓународен ден на мајчиниот јазик. Овој литературен настан беше организиран за учениците коишто беа наградени и пофалени на претходно распишаниот училиштен литературен конкурс на темата: „Милоста кон мајчиниот јазик – наш долг и свето право“, во рамките на училишната библиотека, како дел од активностите на програмата на нашиот Еразмус+ КА229 проект „Креативни читатели“.
Учениците имаа можност да се претстават со своите лични литературни творби коишто беа посветени на најголемото духовно обележје на еден народ, а тоа е мајчиниот јазик. Преку нивниот творечки светоглед, беше промовирана идејата за негување и зачувување на мајчиниот јазик, односно на македонскиот јазик како наш долг и свето право. Литературното читање се одвиваше преку платформата MS Teams, така што секој имаше прилика да го проследи. Учениците изразија огромен интерес за ваков облик на литературно дружење и беа мотивирани и во иднина да творат и да учествуваат на училишните литературни настани.
Настанот беше медиумски покриен од страна на членови од медиумската секција од нашето училиште. На следниот линк можете да го прочитате нивниот натпис во училишниот дигитален весник.
Онлајн литературен настан „Милоста кон мајчиниот јазик – наш долг и свето право“
По повод 21 Февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, се организира литературен настан на темата: „Милоста кон мајчиниот јазик – наш долг и свето право“, што ќе се одржи онлајн на 26.2.2021 г. (петок), со почеток во 13:00 часот, на платформата на MS Teams
Линк за онјалн настанот
Ве покануваме заеднички да го одбележиме Денот посветен на највредното духовно богатство – мајчиниот јазик.
Резултати од литературен конкурс по повод 21 Февруари – Меѓународен ден на мајчиниот јазик на тема: „Милоста кон мајчиниот јазик – наш долг и свето право“
Во периодот од 9.2.2021 до 16.2.2021 год., по повод 21 Февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, како една од активностите на Еразмус+КА229 проектот „Креативни читатели“, во рамките на училишната библиотека беше распишан литературен конкурс на темата: „Милоста кон мајчиниот јазик – наш долг и свето право“ за учениците од III до IX одд. На овој конкурс се пријавија голем број ученици со свои лични литературни творби, поделени во две категории, и тоа: песна (поетска творба) за учениците од III до V одд. и есеј (прозен текст) за учениците од VI до IX одд. Целта на литературниот конкурс за мајчиниот јазик е да се развива и поттикнува изградувањето на јазичната свест кај младите, како и да се сака и негува мајчиниот јазик како најголемо духовно богатство на секој поединец.
По разгледувањето на пристигнатите литературни творби и нивното оценување од страна на комисијата составена од наставници, врз основа на определените критериуми, наградени се следниве ученици:
1. категорија
- Одделенска настава
1. место: Марија Кузмановска 5-1 одд.
2. место: Јаков Павловски 4-5 одд.
3. место: Лана Настевска 3-2 одд.
2. категорија
- Предметна настава:
1. место: Вероника Илијевска Тосковска 6-6 одд.
2. место: Александар Цветковски 6-1 одд.
3. место: Ванеса Димовска 7-5 одд.
Пофалени ученици за успешно учество на литературниот конкурс се:
- Одделенска настава
- Никола Зорески 5-1 одд. „Македонскиот јазик, мојата татковина“
- Лара Митевска 3-3 одд. „Милоста кон мајчиниот јазик – наш долг и свето право“
- Милан Здравковски 4-1 одд. „Милоста кон мајчиниот јазик – наш долг и свето право“
- Филип Цоковски 3-4 одд. „Милоста кон мајчиниот јазик – наш долг и свето право“
- Јана Ѓорѓиевска 3-4 одд. „Триесет и една светилка“
- Диона Боримечкоска 4-3 одд. „Милоста кон мајчиниот јазик – наш долг и свето право“
- Максим Христовски 3-2 одд. „Аманет“
- Нина Панчевска 4-2 одд. „Мајчиниот јазик“
- Симона Рајковчевска 3-2 одд. „Јазикот наш бисери носи“
- Предметна настава
- Ива Бошеска 7-2 одд. „Мајчиниот јазик – нашиот идентитет и култура“
- Ема Котевска 7-5 одд. „Две баби и нови идеали“
- Калина Граорковска 6-6 одд. „Мајчиниот јазик – наша должност“
- Илина Стојановска 6-1 одд. „Мојот мајчин јазик“
- Александра Митеска 6-3 одд. „Нашиот мајчин јазик“
- Магдалена Ноческа 6-3 одд. „Зошто се сака јазикот?“
Им честитаме на наградените и пофалените ученици, како и на сите други учесници на литературниот конкурс на темата: „Милоста кон мајчиниот јазик – наш долг и свето право“ и ги поттикуваме и во иднина да пишуваат свои литературни дела, затоа што нема нешто поубаво од тоа да се пишува, твори и зборува на својот мајчин јазик.
Нека ни е честит Денот на мајчиниот јазик!
Училиштен литературен конкурс на тема: „Милоста кон мајчиниот јазик – наш долг и свето право“
По повод одбележувањето на 21 Февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, во рамките на училишната библиотека се распишува литературен конкурс на тема: „Милоста кон мајчиниот јазик – наш долг и свето право“. На конкурсот може да се пријават учениците од III до IX одд. Потребните информации се дадени во подолу.
Резултати од училишниот литературен конкурс за краток расказ на тема: „Зимската магија насекаде царува“
Во периодот од 25.11. до 4.12.2020 год., во рамките на училишната библиотека беше распишан училиштен литературен конкурс на тема: „Зимската магија насекаде царува“ за учениците од III до IX одд., поделени во две категории, и тоа одделенска и предметна настава.
Врз основа на основните критериуми за оценување на расказот наведени во објавениот конкурс, наградени ученици се:
1. категорија: ученици од III до V одд.
- 1. место: Павел Зафировски 5-3 одд. (ментор: Гордана Југрева)
- 2. место: Диона Боримечкоска 4-3 одд. (ментор: Петранка Крстева)
- 3. место: Марко Марина 4-1 одд. (ментор: Тања Јосимовска)
2. категорија: ученици од VI до IX одд.
- 1. место: Калина Граорковска 6-6 одд. (ментор: Костадинка Поповска)
- 2. место: Петар Илиев 6-2 одд. (ментор: Костадинка Поповска)
- 3. место: Мила Настевска 6-6 одд. (ментор: Костадинка Поповска)
Пофалени ученици за учество на литературниот конкурс се:
1. категорија:
- Катја Вујовиќ 3-3 одд.
- Каја Мисаиловски 4-1 одд.
- Марко Петровски 5-2 одд.
- Дарија Димовска 4-3 одд.
- Лана Настевска 3-2 одд.
- Давид Ангелов 4-5 одд.
- Симона Рајковчевска 3-2 одд.
- Теофил Сачкарски 3-4 одд.
- Аника Димовска 3-1 одд.
- Ева Стојановска 4-1 одд.
- Стефан Радевски 3-2 одд.
- Мина Симоновска 4-1 одд.
- Максим Збилиќ 4-1 одд.
- Ана Станчева 4-1 одд.
2. категорија:
- Јована Димовска 6-2 одд.
- Мила Ѓорѓиоска 6-5 одд.
- Вероника Илијевска Тосковска 6-6 одд.
- Деа Јанчковска 7-2 одд.
- Андреј Костовски 9-5 одд.
- Кристијан Дамјановски 8-3 одд.
- Матеа Николоска 6-6 одд.
- Олег Петровски 6-2 одд.
- Даријан Атанасовски 8-6 одд.
- Илина Стојановска 6-1 одд.
- Магдалена Ноческа 6-3 одд.
- Константин Брајаноски 6-5 одд.
- Елена Брајаноска 6-5 одд.
- Теона Анѓеловска 6-5 одд.
- Тамара Ѓоргиевска 6-5 одд.
- Меланиа Грујовска 6-5 одд.
- Марко Чиплакоски 6-3 одд.
- Михаела Христовска 6-3 одд.
Училиштен литературен конкурс за краток расказ на тема: „Зимската магија насекаде царува“, за учениците од III до IX одд.
Обработка на лектира со интеграција на друг предмет
На ден 30.11.2020 година учениците од III-5 одделение заедно со нивната наставничка Светлана Јосифовска го обработуваа лектирното дело “Басни” од Езоп и го интегрираа со часот по ликовно образование. Учениците одговараа на прашања поврзани со бансните и на часот по ликовно образование ја покажаа својата креативност со изработка на маска на стапче на омилениот лик од басните кои им послужија за драматизација на избраната басна.
Учениците од IV-5 одделение со наставничката Роберта Јордановска на ден 16.11.2020 година имаа можност да се забавуваат и да ја обработат приказната за ”Петар Пан” од Џејмс Метју.Тие размислуваа за ликовите, ги анализираа нивните постапки, ги споредуваа со своите и ги разликуваа добрите од лошите дела. Одговараа на прашања на наставен лист поврзани со содржината на лектирното издание и секој според своја замисла го измени крајот на дело.
Креативно-творечка работилница на тема „Книгата ми го осветлува патот по кој чекорам“
На 20.11.2020 година, библиотекарот на училиштето м-р Благица Ангеловска организираше креативно-творечка работилница на тема „Книгата ми го осветлува патот по кој чекорам“ под мотото “Кога читам, го освојувам светот” за учениците од трето одделение, при што беа опфатени паралелките 3-3 одд. и 3-5 одд. Предвидените активности вклучуваа накусо раскажување на содржините од прочитаната книга и објаснивање за изборот на извадокот и илустрација претставена преку изработка којашто ја изготвуваа тековно на часот. Беа реализирани однапред поставените цели на креативно-творечка работилница и тоа: да се развива љубовта кон книгата и да се стимулира навиката за читање кај учениците, да се поттикнува и развива креативниот потенцијал кај учениците, да се истакне талентот кај ученикот и да се мотивира за творење, да се стекне ученикот со поголема самодоверба и да се зајакне тимската соработка и интеракција на учениците.
Учениците изразија задоволство заради креативниот начин на поврзување на прочитаните книги и изработките поврзани со тоа и пројавија дополнителна желба и мотивација за читање книги по личен слободен избор.Тие даваа свое видување за читањето книги извлекувајќи поука и порака зошто треба да се читаат книгите.
Учебна 2019-2020 година
Поетска работилница на тема „Убавините на пролетта“
Во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Креативни читатели“, библиотекарот на училиштето м-р Благица Ангеловска, по заеднички договор и соработка со одделенскиот наставник м-р Душанка Панкова, ја организираше поетската работилница на тема „Убавините на пролетта“ за учениците од V-2 одделение. Реализацијата на оваа работилница се одвиваше во рамките на прилагодената настава во актуелниот период, односно учењето на далечина со примена на дигитални алатки.
На 25 април 2020 год., беше одржан онлајн час преку дигиталната платформа zoom.us, со цел поетско творење на тема „Убавините на пролетта“. За таа цел учениците учениците се потсетија на основните елементи на песната: стих, строфа, рима и поетска слика и беа поттикнати да изнајдат зборови кои се римуваат. Исто така на учениците им беше поставен докумeнт со поетски творби со мотивот за пролетта од македонски автори за деца и поетски творби напишани од библиотекарот на училиштето (Благица Ангеловска) со цел да им послужат за поттикнување на инспирацијата при творењето. нгеловска) со цел да им послужат за поттикнување на инспирацијата при творењето. Тековно учениците добиваа определени насоки, упатства и стручна помош за пишување и за коригирање на личните поетски творби, според нивните индивидуални потреби и можности. На 7.5.2020 год., се реализираше организраното поетско читање за учениците од 5-2 одд. коишто напишаа лични поетски творби со мотивот на пролетта, а на крајот на истото тие имаа можност да размислат и да дадат свое мислење и видување за организираната поетска работилница и за поетското читање воопшто. Тие изразија желба да се повтори овој вид активност, ја искажаа својата љубов кон пролетта како годишно време, ги коментираа личните поетски творби на библиотекарот и најважно е што изразија задоволство, восхит и мотивација за понатамошни творечки активности организарни во рамките на училишната библиотека. Како награда за овој труд на учениците беше создадена илустрирана поетска читанка со личните постеки творби, односно изработки на учениците од 5-2 одд. „Убавините на пролетта“ од страна на библиотекарот преку апликацијата bookcreator.
Литературен конкурс по повод 21 Март – Меѓународниот ден на поезијата
Одбележување на 21 Февруари – Меѓународен ден на мајчиниот јазик
На 21.2.2020 година, со цел одбележување на 21 Февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, во просториите на училиштето, се одржа поетско читање на коешто учествуваа учениците коишто беа наградени на претходно распишаниот литературен конкурс за поетски творби на тема „Мајчиниот јазик е духовно богатство што вреди да се чува и негува“ за учениците од III до IX одд., во рамките на училишната библиотека.
Поетското читање започна со рецитација на антологиската песна „Везилка“ на Блаже Конески преку снимена youtube верзија. По најавата за поводот и значењето на 21 Февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, беа доделени дипломи за освоено место на училишниот литературен конкурс на следниве ученици:
Одделенска настава
- 1 место: Диона Боримечковска 3-3 одд.
- 2 место: Михаела Јаневска 3-1 одд.
- 3 место: Анџела Стамкова 5-2 одд.
Предметна настава:
- 1 место: Катерина Иванова 7-6 одд.
- 2 место: Ива Даутовска 9-5 одд.
- 3 место: Милијана Стојановиќ 9-4 одд.
Наедно, беа доделени пофалници од училишната библиотека на учениците чиишто творби беа успешни според наведените критериуми во конкурсот:
Одделенска настава
- Филип Анастасов 3-1 одд. „Мајчиниот јазик е духовно богатство што вреди да се чува и негува“
- Вангелија Митаноска 3-4 одд. „Светот на книгата“
- Ева Бранковска 3-1 одд. „Мајчиниот јазик е духовно богатство што вреди да се чува и негува“
- Немања Јорданов 5-6 одд. „Мајчиниот јазик – љубов најголема“
- Валерија Мит аноска 3-4 одд. „Летечки букви“
- Максим Збилиќ 3-1 одд. „Мајчиниот јазик е духовно богатство што вреди да се чува и негува“
- Теона Анѓеловска 5-5 одд. „Мајчиниот јазик“
- Виктор Мисаиловски 5-1 одд. „Мојот мајчин јазик“
- Константин и Елена Брајаноски 5-5 одд. „Мојот мајчин јазик“
- Ана Станчева 3-1 одд. „Мајчиниот јазик е духовно богатство што вреди да се чува и негува“
Предметна настава
- Анастасија Симовиќ 9-5 одд. „Мајчиниот јазик е духовно богатство што вреди да се чува и негува“
- Христина Младеновска 6-1 одд. „Мајчиниот јазик“
- Георгина Митревска 6-1 одд. „Мајчиниот јазик“
- Рената Синадиновска 8-5 одд. „Мајчин јазик“
Литературен конкурс на тема „Mајчиниот јазик – духовно богатство што вреди да се чува и негува“
„Креативните читатели“ неуморни и во пандемија
КА229 Еразмус+ проектот „Креативни читатели“ продолжи да се реализира и во второто полугодие од 2019/20 год. И покрај тешките услови успеа да спроведе разновидни активности.
За учениците да го поминат своето слободно време полезно во услови кога треба да седат дома поради пандемијата, библиотекарот на нашето училиште изработи една интересна презентазија со која се обиде да на учениците да им ги предочи придобивките од активноста на умот при читањето. Многу полезно од време на време да се погледне и за нас возрасните.
Учениците од III-1 одделение пак со помош на нвната наставничка Тања Јосимовска на 01.06.2020 година дознаа како секоја приказна може да ја излустрираат и од нивните илустрации да создадат видео анимација. Ехх, толку мали, а толку паметни. Замислете, не само што прочитале, туку и изработиле сликовница, ги вметнале сликите во видео и добиле прекрасна анимација на приказната за Ное. Потоа истото беше прикажано на целото одделение, со цел да се покаже дека секоја приказна авторска или своја може да ја презентираат преку видео, или друга апликација. Читањето станува поинтересно доколку откриваш нови вештини кои ќе го поттикнат истото. Лидери на оваа изработка беа: Михаела Јаневска, Мина Симоновска и Елена Мицковска од терто 1. Заслужуваат едно големо Браво од сите нас! Погледнете.
Малите креативци имаа интересна средба со еден наш познат детски автор, г-ѓа Јадранка Клисарова. На 14.02.2020 година, учениците од II-3 одделение со својата наставниќка Лидија Божиновска, ја сретнаа авторката на нашата позната стихозбирка „Песни за секое дете“ која успеа да ги поттикне децата да се внесат уште повеќе во читачкиот свет и да ја зголеми желбата за творење. Исто така таа ги поттикна да го развиваат активното и критичко читање, да се оспособуваат самостојно да ја читаат содржината на лектирите, да одговараат на прашања во врска со содржината, да слушаат говор и да учествува во разговор на дадена тема. На најблизок начин им ја долови работата на еден писател, како и каде твори, која е инспирацијата за творење, чувството по завршеното дело, како се станува писател и ред други прашања и дилеми беа разјаснети.
Учениците од III-4 одделение со својата наставничка Весна Кимовска Јовиќ, на 03.02.2020 година ја обработија приказната за „Рибарот и рипката“ ос А. С. Пушкин. Имаа можност да илустрираат и да проследат дел од содржината на интересна презентација.
Љубителите на слатки од III-5 одделение (а кое дете не е), заедно со нивната наставничка Роберта Јордановска на 03.02.2020 година се насладија обработувајќи ја лектирата „Шеќерната приказна“. Присуствував и јас на часот кога малите слаткари го изработија шеќерното дете ии да бидам искрена, толку беше „слатко“ што посакав да го „изедам“. Внимавајте кога ќе ги разгледувате, може ќе сакате да имате некое чоколатце до вас.
Учениците од V-1 одделение, заедно со нивната наставничка Јасмина Ристевска, вредно работеа во текот на целиот период од 21.01.2020 до 14.02.2020 година „ Пајажината на Климентина“ од Елвин Брукс Вајт, а на 17.02. 2020 година ги презентираа своите Power Point презентации преку кои раскажаа кои се ликовите, што научиле за авторот и кои делови најмногу им се допаднаа. Проследете и самите дел од нив:
Презенација 1 – Пајажината на Климентина
Презентација 2 – Пајажината на Климентина
Презентација 3 – Пајажината на Климентина
Учениците од V-4 одделение се натпреваруваа со квиз, изработен од нивната наставничка Жанета Митровска, во кој требаше да покажат колку ја разбрале и успеале да ја сфатат и анализираат содржината на лектирата „Алиса во земјата на чудата“. Можеа да повикаат пријател или да побараат помош од наставничката. Сите се забавувавме и ги подревме играчите.
Квиз – Алиса во земјата на чудата
Учениците од VI одделение, заедно со нивната наставничка по македонски јазик Маја Стојановска на 17/18.02.2020 година создадоа сликовници за лектирното издание „Хајди“. Размислуваа за најважните настани, како да ги илустрираат и која содржина да ја постават до секоја илустрација.
Учениците од IX одделение пак на 19 и 20.02.2020 година го драматизираа лектирното издание „Чорбаџи Теодос“ и нивното део го претворија во видео запис. Погледнете.
Нашите неуморни читатели и креативци продолжуваат понатаму.
Нашиот проект на еТвининг
Со цел да подобро да се дисеминираат активностите и резултате од нашиот КА229, истиот е поставен и на еТвининг платформата. Партнери во еТвининг проектот, се 5 партнери од КА229 проектот (училиштата од Македонија, Хрватска, Грција, Чешка и Латвија). Во рамките на еТвининг проектот планирано е да се споделуваат активностите кои се реализираат во самиот КА229 проект, како и дополнителни активности кои ќе овозможат остварување на предвидените цели. еТвининг проектот е достапен на следниот линк: https://twinspace.etwinning.net/97327/home
Активности во рамките на проектот текот на првото полугодие од учебната 2019/20 година
Во рамките на КА229 Еразмус + проектот „Креативни читатели“, учениците, наставниците и библиотекарот од нашето училиштево текот на првото полугодие од учебната 2019/20 година, реализираа голем број активности кои ја поткрепуваат целта на проектот, да се зголеми поттикот за читање книги (лектирни и нелектирни изданија), но и да се подобри вештината за анализирање на содржината, ликовите како и на пораките на авторите.
АКТИВНОСТИ НА УЧИЛИШНАТА БИБЛИОТЕКА
На 26.9. и 27.9.2019 год., по претходен договор на одделенските наставници со библиотекарот на училиштето, учениците од II-1,2,3,4,5,6 одд. имаа можност организирано да ја посетат училишната библиотека. Целта на организираната посета произлезе од наставната содржина Посета на училишната библиотека, согласно со наставната програма по предметот Македонски јазик за второ одделение за деветгодишно основно образование.
Учениците се запознаа со поимот библиотека како посебен училиштен простор и со начинот на којшто таа е организрана и функционира во училиштето. Тие се запознаа со библиотекарот кој е одговорен за работата на библиотеката. Библиотекарот преку прашања и одговори им објасни на учениците што претставува библиотеката, за бројноста и различноста на книгите, за начинот на нивното користење и основните правила за однесување на корисниците на училишната библиотека согласно со Кодексот. Исто така, беа запознаени и со протоколот за библиотечни услуги. Преку непосредната комуникација, беа реализирани наставните цели на организираниот час во училишната библиотека, односно ученикот да го потврди наученото и да се оспособат за користење на услугите на училишната библиотека и правилно однесување со книгите, а пред сè да развива интерес за книгата како извор на учење, како и да ја користи библиотеката како простор на знаење.
Исто така, со учениците од III-1 на 25.10.2019 год., во рамките на училишната библиотека беше организирана креативно-творечка работилница на тема „Книгата ми го осветлува патот по кој чекорам“. Предвидените активности вклучуваа цртање ликовни творби со мотиви за книгата или илустација на содржини одпрочитана книга, како и кратка содржина на прочитаната книга.
Беа реализирани однапред поставените цели на креативно – творечката работилница, и тоа: стимулирање на навиката за читање кај учениците, поттикнување и развивање на креативниот потенцијал кај учениците, истакнување и мотивирање на талентираните ученици, меѓусебно дружење и интеракција на учениците, афирмирање на училишната библиотека и нејзините можности, унапредување на соработката помеѓу библиотекарот и одделенските наставници.
Учениците од IV-1 одделение НА 13.12.2019 год. пак имаа можност да креираат во рамките на Креативно-творечката работилница која беше изведена во соработка со училишната библиотека, а во која имаа можност да го илустрираат својот омилен лик од едно омилено дело кое го имаат прочитано по сопствен избор, а исто така и да ги опишат настаните во истото.
СРЕДБА СО АВТОР
Учениците од III-1 одделение на 28.10.2019 година имаа можност да се сретнат и да разговараат со авторката на лектирата „Децата од моето училиште“ и да поставуваат прашања во врска со содржината на делото како и со тоа како авторите пишуваат дела.
ОБРАБОТКА НА ЛЕКТИРА СО ИНТЕГРАЦИЈА НА ДРУГИ ПРЕДМЕТИ
На 11.12.2019 година учениците од III-3 одделение интегрираа и други предмети во обработката на лектирата „Доктор Офболи“ па разговараа за природните ивеалишта на животните споменати во лектирата, споредени со живеалиштата на животните во лектирата, потоа интегрираа математика па направија истражување во одделението со кое открија и групираа: Најсакани животни на докторот и помалку сакани животни на докторот; Особини на животните; Шумски животни, домашни животни, животни од џунглата и птици. Потоа податоците ги претставија во табела/дијаграм и истите ги прочитаа. На крајот на часот по физичко ги имитираа движењата на животните.
ЧИТАМЕ И СЕ ЗАБАВУВАМЕ
Ученицит од IV-1 20.12.2019 год. имаа можност да се забавуваат и да ја обработат приказната за „Вики и очилата“ така што одговараа на прашања поврзани со содржината или предвидуваа што ќе се случи понатаму со помош на „Читачкото тркало“.
Учениците од IX одделение во декември пак ја обработуваа лектирата „Црни овци“ од Катица Ќулавкова на начин на кој тие сметаа дека е најзабавен. Така една паралелка ја обработуваше со квиз, друга со игра слична на „Не лути се човече“ и игра слична на монопол.
КРЕАТИВНО ЧИТАЊЕ – МОЈА ВЕРЗИЈА
Учениците од III-1 одделение на 02.12.2019 година исто така ја обработуваа лектирата „Шеќерната приказна“ од С. Јаневски и изработија свое шеќерно дете од бонбони, бисквити и желе обидувајќи да го илустрираат главниот лик во приказната со сите негови карактеристики.
Учениците од III-3 одделение на 11.12.2019 година успешно ги илустрираа и опишаа ликовите од лектрата „Доктор Офболи“ од Корнеј Чуковски.
Учениците од V-3 и V-6одделение како и членовите од eTwinning секцијта се соживееја со доживувањата на Пинокио и изработија свои сликовници или е-сликовници, па можат да уживаат во приказната гледајќи ги сликите на Пинокио и другите ликови. (11.11.2019 година)
Учениците од VI-5 одделение на неколку часа во месец декември ( 16, 19, 23 декември) на часовите по македонски јазик обработуваа лектирно дело, не од задолжителните лектири предвидени со годишната програма, туку книга со содржина соодветна на возраст на учениците. Секој ученик по сопствен избор имаше одбрано книга која беше прочитана и прераскажана. Учениците дискутираа за настани и дејства и состојби кои ги воодушевиле од самата книга (а имаа широк спектар на книги од домашни и странски автори) или настани кои сакаат да ги доживеат. Покрај дискусија за содржините сите ученици изработија заеднички хамер на кој на креативен начин со цртежи, пораки и хартиени изработки претставија мотив од прочитаната книга. На часовите имаше прекрасна работна атмосфера, се надополнуваа со идеи меѓусебно и сите замаа активно учество во активностите.
Учениците од VII одделение пак на 18.11.2019 година креираа своја верзија на лектирата „Силјан Штркот“од Марко Цепенков во вид на стрип. Ја користеа бесплатната веб-страница https://makebeliefscomix.com на која може да се прават стрипови. „Овој интересен начин на обработка предизвика сите ученици да го прочитаат делото, да направат план на панелите од стрипот и да работат.“ – рече наставничката. Од друга страна, ученици од оваа генерација рекоа дека прекрасно си поминале на часот и би сакале уште вакви креативни часови. Ова се некои од нивните верзии.
https://www.makebeliefscomix.com/Comix/?comix_id=21111103C2801597
https://www.makebeliefscomix.com/Comix/?comix_id=26017466C2800094
Учениците од драмската секција во V одделение ни ја развеселија Новата година со своја претстава.
Книжевна средба со современите автори на литература за деца
На 3.12.2019 година, по претходен договор и соработка на библиотекарот на училиштето Благица Ангеловска, беше реализирана книжевна средба со современите автори на литература за деца Ксенија Трајчева Маказлиева, Ванчо Полазаревски и Наум Попески, а истата е дел од активностите предвидени за реализација во Еразмус+ КА229 проектот „Креативни читатели“. Настанот се одвиваше во просториите на локалната Градска библиотека „Јане Сандански“, Аеродром. Учесници беа група ученици од I, V, VI, VII, VIII и IX одд. коишто однапред добија определени задачи и активности од страна на библиотекарот.
Книжевната средба започна со кусо претставување на наведените автори пред учениците читајќи им дел од нивното литературно творештво. Согласно со целите на планираната активност, учениците интерпретираа по неколку песни на присутните автори и се претставија со две драмски изведби на нивни адаптирани прозни текстови. Дел од учениците се претставија со лични прозни и поетски творби, по што писателите им упатија позитивни критики и им дадоа сугестии и во иднина да продолжат да творат. Истовремено, неколку ученици твореа ликовни творби со мотиви на книгата. Учениците им поставија прашања на авторите со што ги збогатија своите претходно стекнати знаења за нив. Целиот книжевен настан се одвиваше во позитивна атмосфера и со непрекината интерактивна комуникација помеѓу учениците и авторите што пробуди огромен интерес и желба повторно да се реализира ваква книжевна средба.
Креативна јазична работилница по германски јазик
На 25.11.2019 година во рамките на проектот германски јазик од прво одделение, а во соработка со Гете Институт Скопје, се одржа креативна јазична работилница. Во рамките на работилницата учествуваше писателот и илустратор Јенс Расмус од Германија. Во рамките на работилницата учениците имаа можност да го слушаат германскиот јазик од мајчин говорител, да разговараат со него на интересни теми како животни, пријателство, активности во слободно време и заедно со писателот да илустрираат и напишат мала книга на германски јазик.
Дисеминација на активностите од првата мобилност на наставници во рамките на КА229 проектот „Креативни читатели“
На 07.11.2019 година за време на Наставничкиот совет се одржа дисеминација на активностите од првата мобилност на наставници во рамките на КА229 проектот „Креативни читатели“ која се реализираше во периодот од 14-18.10.2019 година во Липовљани, Хрватска.
Наставниците кои учествуваа на мобилноста, Мирослава Павлова-Аневска и Весна Стрезовска, ги преставија активностите за време на мобилноста на останатите колеги од нашето училиште. Презентацијата можете да ја погледнете подолу
Прва мобилност на наставници во рамките на Еразмус+ КА229 проект „Креативни читатели“
Во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Креативни читатели“ (Creative readers) беше одржана прва мобилност на наставници во периодот од 14-18.10.2019 година во с.Липовљани, Хрватска. На мобилноста присуствуваат членови од партнер-училиштата од Хрватска, Чешка, Грција, Латвија и Македонија. Од нашето училиште беа присутни наставникот по англиски јазик, Мирослава Павлова-Аневска и одделенскиот наставник, Весна Стрезовска.
На мобилноста се разгледуваа целите на проектот:
- развивање на читачката писменост и вештини како основа за подобрени образовни постигања;
- поттикнување на активното и критичко читање
- зголемување на мотивираноста за читање
- употреба на иновативни и креативни пристапи и технологии за обработка на литературни/лектирни дела.
При посетата на училиштето-координатор на проектот ОШ „Јосип Козарац“, беа посетени повеќе нагледни часови на кои се обработуваат и анализираа содржини од лектирни изданија, а во некои од нив се интегрираа содржини и од други наставни предмети како мајчин јазик, биологија, географија, историја и музичко („Биографија на Ивана Брлиќ Мажураниќ“), активност изведена од училишната библиотекарка „Магичниот свет на бајките“ – Библиотеката како место за креативна инспирација и непресушен извор на информации, како и обработка на дело од чешки автор како дел од наставата по јазик на малцинставата (чешки јазик).
Освен активности поврзани со наставни-методските цели на проектот, беа одржани и неколку состаноци на кои се планираа сите активности на проектот (начин на комуникација, поставување на проектот на e-Twinning платформата како и креирање на веб-страна на проектот и сл.), распределбата на обврски и задачи на училиштата партнери, како и детален план за наредната мобилност.
Во рамките на посетата беа посетени неколку институции од културата (Библиотеката во Липовљани, музејот на оружје исл.) и некои знаменитости на главниот град на Хрватска.
Презентација на проектот
На 30.08.2019 година, помошник директор, Милена Игњатова и членовите од Тимот за Еразмус+ проекти направија презентација на проектот пред Наставничкиот совет на училиштето, а на 19.09.2019 година беше направена и презентација на проектот пред Советот на родители.
Пред присутните беа претставени целите на проектот, планираните активности и очекуваните резултати.
Добиен грант од Еразмус+ програмата клучна акција 2 – КА229– Стратешки партнерства за училишна размена
По завршувањето на процесот на селекција на пристигнатите апликации за рокот за аплицирање кој траеше до 21-ви март 2019 година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност од Хрватска ги објави резултатите од одобрените грантови од подакцијата КА229. ООУ „Лазо Ангеловски“ е едно од училишта со одобрен грант од 20.250 евра. Резултатите можат да се видат на следниот линк.
Одобрениот проект Кретаивни читатели (Creative readers) ќе се рализира во периодот од септември 2019 до август 2021 година. Училиште-координатор на проектот е “Josip Kozarac“ од Липовљани, Хрватска, а партнерите во овој проект покрај ООУ „Лазо Ангеловски“ се училиштата “Zakladni skola a Materska skola” од Опава, Чешка , “4 DIMOTIKO PEFKON” од Грција и “Saldus novada pasvaldibas Druvas vidusskola” од Салдус, Латвија.
Главна цел на овој проект е развивање на писменоста и поттикнување на учениците да читаат активно и критички со цел развивање на клучните компетенции и развивање на социјалната инклузија и зголемување на мотивацијата за читање.
Проектни активности и резултати:
- Обработка на лектирни дела со меѓупредметна корелација (македонски јазик со ликовно и музичко образование и странски јазици)
- Обработка на книжевни дела со употреба на иновативни техники
- Снимање на видеа и пишување на брошура со примери на добра пракса
- Консурси за обележување на Интернационалниот ден на мајчиниот јазик
- Средби со писатели и поети
- Веб страна на проектот
- 1 мобилност за тренинг на наставници (Хрватска)
- 4 ученички размени (Чешка, Македонија, Грција и Латвија)