Библиотека

УЧИЛИШНА БИБЛИОТЕКА 

Во рамките на училиштето е организирана училишната библиотека како посебна единица на образовниот систем на училиштата наменета за воспитно – образовните и културните потреби на учениците и наставниот кадар. Со своите фондови им помага на учениците и наставниците во извршувањето на секојдневните задачи и осовременување, односно унапредување на воспитно – образовниот процес. Оттука, улогата и работата на библиотекарот како стручен соработник во училиштето произлегува од динамичноста и комлексноста на активностите кои треба да ги реализира во училишната библиотека.

Активностите кои ги презема училишниот библиотекар за менаџирање во библиотеката се одвиваат преку реализирање на библиотечно – информативна и стручна активност, културно и јавната дејност и воспитно – образовната активност кои произлегуваат од програмските подрачја за работа на библиотекарот. Со својата работа библиотекарот ги промовира сите форми и методи на воспитно –  образовниот процес преку работата со учениците, наставниците, стручните работници и другите органи во училиштето и институции надвор од него.

Библиотекарот секојдневно извршува инструктивна групна и индивидуална работа на учениците преку усна и писмена форма, и тоа препишување, раскажување, илустрација на прочитана содржина, рецитација, разработка на содржина и сл. Во соработка со наставниците, библиотекарот организира часови чиишто содржини се во корелација со наставниот материјал и програмата. Исто така, во рамките на училишната библиотека се одвиваат литературни читања, креативно – творечки работилници, литературни конкурси, книжевни средби со современи писатели, организирани посети на библиотеки и други институции релевантни, посета на Саемот на книгата и сл. Воедно, библиотекарот активно учествува во организирање и реализација на културните настани во училиштето. Во тековната година, училишната библиотека имаше свој претставник на Републичкиот наттпревар „Млади библиотекари“ во Велес по освоеното второ место на Општинскиот натпревар во Скопје.

Библиотекарска секција

Во училиштето, формирана е библиотекарска секција којашто ја организира и води библиотекарот на училиштето. Библиотекарската секција е наменета за учениците кои имаат особен интерес и навики за читање книги и коишто сакаат да ги продлабочат своите знаења и познавања за светот на литературата, како и функционирањето на училишните библиотеки. Преку формите на работа на библиотекарската секција, учениците имаат можност да читаат книги по слободен избор, да творат на различни теми и во различни форми, да истражуваат на теми поврзани со книжевноста и пошироко и да го прошируваат своето знаење за различни области на човековото знаење.

АРХИВА НА НАСТАНИ
Skip to content