еТвининг 2018/2019

Copy (2) of NA-Logo-H_MK-240909
logo
awarded-etwinning-school-label

           

Училишна посета на ОУ „Никола Тесла“, Загреб, Хрватска

Во периодот од 21-23.05.2019 година беше рализирана училишна посета на ОУ „Никола Тесла“ во Загреб, Хрватска, во рамките на договорот за соработка помеѓу двете училишта потпишан месец март 2019 година. На посетата од нашето училиште учествуваа: директорот, Перо Арсеновски, координаторот на Еразмус+ проекти и наставник по англиски јазик, Љубица Ружинска, наставник по биологија, Цветанка Малчевска, одделенските наставници, Билјана Колевска и Елена Гашевска и социјалниот работник, Александра Батиќ.

Цел на активноста:

  • обсервација на иновативни методи на подучување;
  • обсервација на практики поврзани со образовната организација, структура и менаџмент во училиштето домаќин;
  • размена на добри пракси.

Истовремено целта на посетата беше насочена кон:

  • унапредување на Европската димензија преку остварување на инернационални контакти.

Училиштето домаќин, за време на посетата, организираше активности во училитето: посета на часови, работилници, посета на училишен саем за претприемништво и разговори со различни членови од училиштето (наставници, ученици, родители итн.), како и социјални активности преку кои учесниците можеа да развијат интернационални контакти за реализација и промоција на идни проекти. Бидејќи училиштето домаќин, е училиште во кое се изучива и македонскиот јазик како изборен предмет, за време на посетата беше посетен и час по македонски јазик, каде што имавме прилика за се запознаеме и да поразговараме со учениците кои го изучуваат македонскиот јазик.

Со оглед на тоа дека и двете училишта се наградени со награда за еТвининг училишта и активно работат со Еразмус+ проектите, за време на посетата беше разговарано за можни идни еТвининг и Еразмус+ проекти.

Повеќе информации за посетата можете да дозанаете и во рамките на еТвининг проектот School visit 2019.

2019-06-02-20-28-twinspace.etwinning.net

Патување низ галаксијата на еТвининг

FB_IMG_1557406968272

На 09.05.2019 година се одбележа Меѓународниот ден на еТвинингДенот на Европа и крајот на Пролетната кампања: Демокрарско учеството. Учениците од III-1 и I-1 одд. со одделенските наставници Магдалена Петреска и Гордана, истражуваа, размислуваа и цртаа на која од понудените планети од галаксијата на еТвининг (Планета на човековите права, Планета на законите, Планета на животната средина, Планета на медиуми и Планета на историјата ) би живееле и зошто.

еТвининг проект „Младите и медиумите“

еТвининг проектот „Младите и медиумите“ (Young and media) е инетернационален еТвининг проект помеѓу 5 партнер-училишта: нашето училишете од Македонија и училишта од Хрватска, Србија, Романија и Шпанија. Целта на проектот е истражување на навиките за употреба на медиумите кај учениците од 5 училишта инволвирани во проектот кое ќе претставува основа за нов Еразмус+ КА229 проект следната година. Во фокусот на истражувањето е испитување на навиките на учениците за употребата на медиумите. Проектот беше реализиран во периодот од декември 2018 до февруари 2019 година.

Screenshot_2019-01-02 Twinspace

За таа цел во месец декември 2018 година беа спроведени Анкети за: учениците од 5 и 6 одд и учениците од 8 и 9 одд. Во прилог се линковите од резултатите од спроведените анкети:

Во понатамошниот тек на проектот учениците од 5 училишта презентираат списанија за деца и тинејџери од своите земји, и направија презентации за нивните идоли од медиумите.

TwinSpace на проектот можете да го погледнете тука.

Сите активности во рамките на проектот преставуваат еден вид на истражување и основа за започнување на нов КА229 проект, кој доколку е одобрен ќе се проведува од 09.2019-08.2021.

Меѓудругото, еТвининг проектот во месец март 2019  се здоби со Национална ознака за квалитет.

b5ccfb0d
b6dc3ccd
received_778853529156739

Работилница “Кодирање без компјутер”

На 17.01. 2019 година во ООУ „Лазо Ангеловски“, Аеродром, се одржа работилница за „Кодирање без компјутер“ како еТвининг настан во рамките на европската недела на кодирање (Europe CodeWeek). Низ интересни игри наставниците што во III, IV и V одделение го предаваат предметот ‘Работа со компјутер и основи на програмирање’ развиваа вештини и идеи за полесно да им го објаснат материјалот на своите ученици.

еТвининг работилница

На 15.01.2019 година се одржа еТвининг работилница на која присуствуваа 30 наставници од ООУ “Лазо Ангеловски”, Скопје. За време на работилница наставниците имаа можност практично да се запознаат со еТвининг платформа, да креираат свои профили, да ги истражува можностите кои ги нуди платформа (приклучување во еТвининг групи, разгледување на партнерските форуми, можноста за професионален развој преку Learning event и eTwinning seminars, начините за пронаоѓање на парнери за приклучување и започнување на проекти) како и приклучување во модел еТвинининг проект со цел практично да го разгледаат новиот TwinSpace.

Годишна конференција  „Институција… Како тоа гордо звучи!“

На ден 17.12.2018 година во хотелот Александар Палас во Скопје се одржа годишната конференција под наслов  „Институција… Како тоа гордо звучи!“ организирана од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. На конференцијата од нашето училиште присуствуваа Љубица Ружинска, координатор на Еразмус+ проектите и Александра Батичќ, социјален работник.

АРХИВА НА НАСТАНИ
Skip to content