Kлучна акција КА101: Учење преку индивидуални мобилности – 2017/2018

Copy (2) of NA-Logo-H_MK-240909
Copy of logo-plus_0

Нагледен час по англиски јазик со примена на PBL

На ден 2.5.2018 година беше реализиран нагледен час по англиски јазик од страна на наставникот по англиски јазик Милена Игњатова. Нагледниот час е дел од дисеминацијата од посетената обука за ,,Учење преку проекти (PBL)” во Берлин, Германија во рамките на Еразмус+ КА101 проектот „Подучување по мерка за мотивирани ученици“.
 
Целите на часот беа:
  • пишување на главен дел од аргуменатативен состав со примена на поврзувачки зборови, изучени граматички структури и лексички единици.

Во контекст на учењето преку проект, учениците разгледуваа начини на пишување аргументатив есеј (пишување главен дел на непозната тема со веќе дадените податоци и со понудените критериуми). Исто така, учениците го следеа сопствениот напредок и унапредување со употреба на процесот на меѓусебно оценување и примена на скала за повратна информација.

Нагледен час по македонски јазик со примена на PBL

На ден 30.4.2018 година беше реализиран нагледен час по македонски јазик од страна на наставникот по македонски јазик Валентина Петрова. Нагледниот час е дел од дисеминацијата од посетената обука за ,,Учење преку проекти (PBL)” во Берлин, Германија во рамките на Еразмус+ КА101 проектот „Подучување по мерка за мотивирани ученици“.
 
Целите на часот беа:
  • разгледување и вреднување на писмена работа (есеј) употребувајќи самооценување и меѓусебно оценување.

Учениците правеа писмена работа чијашто тема беше да се анализира женски лик од драмата „Чорбаџи Теодос“ (В. Иљоски). Во контекст на учењето преку проект, учениците разгледуваа различни начини на пишување есеј (тема и идеја на текст, редослед на нстани: ретроспективно и хронолошко, анализа на судир, анализа на лик, расположение и сценска поставеност на настаните итн.) Исто така, учениците го следеа сопствениот напредок и унапредување преку рубрики за формативно оценување во сите видови: самооценување, меѓусебно оценување, оценување од наставник.

Работилници за „Учење преку проекти (PBL)“ (надворешни обуки за наставници)

Во месец март-април 2018 година беа реализирани 3 работилници на тема „Учење преку проекти (PBL)“.

Темите опфатени во обуката беа:

  • Вовед во “Учење преку проекти” (PBL)
  • Дефиниции за “Учење преку проекти”
  • Разлики помеѓу „Традиционални проекти“ и „Учење преку проекти’
  • Пет чекори за успешно планирање на PBL
  • Воведно/водечко прашање
  • Следење на постигнувањата и оценување на учениците во рамките на PBL
  • Планирање на PBL (изработка на модел проект)
  • Презентација на изработените проектите и повратна информација

Работилниците беа дел од дисеминацијата од посетената обуката за Учење преку проекти (PBL) во Берлин, Германија во рамките на Еразмус+  КА101 проектот „Подучување по мерка за мотивирани ученици“ и беа реализирани од страна на наставниците Љубица Ружинска, Милена Игњатова, Валентина Петрова и Магдалена Петреска.

Таргет групата на работилниците беа одделенските и предметните наставници од нашето училиште, ООУ „Лазо Ангеловски’, училиштата од општина Аеродром и училиштата од град Скопје и пошироко. Работилниците беа посетени од вкупно 50 наставници.

Атмосферата за време на работилницата на  31.03.2018 година.

Атмосферата за време на работилницата на  21.04.2018 година.

Атмосферата за време на работилницата на  28.04.2018 година.

Нагледен час по англиски јазик со примена на инклузивни стратегии/техники

На ден 26.04.2018 година беше реализиран нагледен час по англиски јазик со примена на инклузивни стратегии/техники од страна на предметниот наставник по англиски јазик Мирослава Павлова-Аневска. Нагледниот час е дел од дисеминацијата од посетената обука „Поддршка на ученици со посебни потреби„ во Плимут, Англија во рамките на Еразмус+  КА101 проектот „Подучување по мерка за мотивирани ученици“.

Цели на часот беа учениците:

  • да разберат, идентификуваат и правилно изговорат вокабулар поврзан со храна;
  • да нарачаат храна во ресторан или друг објект;
  • да ги препознаваат составните делови на менито.

За време на часот беа применети следните инклузивни техники:

  • употреба на слики за усвојување вокабулар (picture dictionary);
  • употреба на технологија според интересите на ученикот;
  • помош од соученици.

Нагледен час по англиски јазик со примена на PBL

На ден 24.4.2018 година беше реализиран нагледен час по англиски јазик од страна на наставникот по англиски јазик Љубица Ружинска. Нагледниот час е дел од дисеминацијата од посетената обука за ,,Учење преку проекти (PBL)” во Берлин, Германија во рамките на Еразмус+ КА101 проектот „Подучување по мерка за мотивирани ученици“.
 
Целите на часот беа учениците да:
  • го разберат вокабуларот поврзани со временските прилики;
  • правилно ги изговараат и соодветно ги применуваат лексичките единици во едноставни куси искази за да искажат временски прилики.

Краток опис на PBL проектот „Ние сме метеролози“

Времето е секаде околу нас и влијае врз секодневниот живот. Со ова времето (временските прилики) преставува автентична и релевантна тема за учење од страна на учениците. Предвидувањето на времето (временската прогноза) ќе ги научи учениците да прибираат и анализараат податоци, да ги интерпретираат резултатите и да ги презентираат пронајдените информации. Во овој PBL проект учениците треба да станат метеролози преку истражување на временските услови.

Проектот ќе започне со воведна активност во која на учениците ќе им биде презентирано писмо со кое од нив ќе биде побарана помош да им помогнат на друго (виртуелно) училиште кое планира да изведе настава во природа во локалната средина и потребна им е временска прогноза за да можат да ги испланираат активностите.

Цели на PBL проектот

Програмски цели:

  • опишување на временските прилики во локалната средина и промените на истите во период од 5 дена
  • прибирање и анализирање на податоци за временски прилики
  • изработка и презентација на 5 дневна временска прогноза

Вештини на 21-виот век:

  • креативност и иновативност
  • истажување и информациска флуентност
  • критичко размислување, решавање на проблемски задачи и донесување на одлуки
  • комуникација и соработка

Корелација со други предмети: природни науки, математика

Нагледен час по музичко образование со примена на инклузивни стратегии/техники

На ден 13.04.2018 година беше реализиран нагледен час по музичко образование со примена на инклузивни стратегии/техники од страна на предметниот наставник по музичко образование М-р Тања Крстевска. Нагледниот час е дел од дисеминацијата од посетената обука „Поддршка на ученици со посебни потреби„ во Плимут, Англија во рамките на Еразмус+  КА101 проектот „Подучување по мерка за мотивирани ученици“.

Цели на часот беа:

  • воочување, препознавање и доживување на видот на изведбата;
  • запознавање со звучноста на народните инструменти;
  • одредување групата на народните инструменти во исполнување на народни ора.

За време на часот беа применети следните инклузивни техники:

  • поддршка на ученици кај кои самодовербата е послаба;
  • мотивирање на учениците, заеднички сите да играат оро бидејќи тие тоа го можат.

Нагледен час по математика со примена на инклузивни стратегии/техники

На ден 5.4.2018 година беше реализиран нагледен час по математика со примена на инклузивни стратегии/техники од страна на одделенскиот наставник Кристина Башовска. Нагледниот час е дел од дисеминацијата од посетена обука за Поддршка на учениците со посебни потреби во ПлимутАнглија во рамките на Еразмус+  КА101 проектот „Подучување по мерка за мотивирани ученици“.

Целите на часот беа:

Ученикот:

  • да ги применува знаците +;- и = во конкретни ситуации;
  • да ги знае паровите на броеви чиј збир е 10;
  • да го разбере собирањето како додавање на една количина  на друга;
  • да го разбере одземањето како броење наназад и одземање на една количина од друга;
  • да составува бројни изрази со собирање и одземање во обем на 20;
  • да собира и одзема броеви во обем на  20

За време на часот беа применети следните инклузивни техники:

  • поддршка на учениците кои покажуваат послаби резултати во собирањето и одземањето на броевите во обем на 20;
  • мотивирање на учениците кои покажуваат повисоко ниво на знаења по математика преку задавање задачи со тежински нивоа и
  • вклучување ученици помошници по потреба.

Нагледен час по општество со примена на PBL

На ден 4.4.2018 година беше реализиран нагледен час по општество во корелација со македонски јазик и ликовно образование од страна на одделенскиот наставник Магдалена Петреска. Нагледниот час е дел од дисеминацијата од посетената обука за ,,Учење преку проекти (PBL)” во Берлин, Германија во рамките на Еразмус+ КА101 проектот „Подучување по мерка за мотивирани ученици“.
 
Целите на часот беа учениците да научат:
  • кој празник е Велигден;
  • зошто и од кога се празнува;
  • како се вапцаат јајца и во кои бои;
  • кои се обичаи и традиции постојат, а се поврзани со празникот Велигден
  • да се развие чувство за припадност, љубов и почит кон традициите и обичаите.

Со овој час од проектното учење преку интерактивна едукација, самостојно истражување и творечки изработки од добиените податоци од истражувањето, учениците треба да ги презентираат стекнатите знаења поврзани со Велигден пред своите соученици.

Нагледен час по ликовно образование (интеграција со животни вештини) со примена на инклузивни стратегии/техники

На ден 4.4.2018 година беше реализиран нагледен час по ликовно образование (интеграција со животни вештини) со примена на инклузивни стратегии/техники од страна на одделенскиот наставник Тања Јосимовска. Нагледниот час е дел од дисеминацијата од посетена обука за Поддршка на учениците со посебни потреби во Плимут, Англија во рамките на Еразмус+  КА101 проектот „Подучување по мерка за мотивирани ученици“.

Целите на часот беа:

  • да научи примери за соработка и поддршка меѓу другарчињата;
  • да умее да ги споделува своите потреби со другите:;
  • да умее правилно да го состави цртежот со примена на правила.

За време на часот беа применети следните инклузивни техники:

  • емоционална меѓусебна  поддршка во симулативни игри;
  • мотивирање на учениците  во вербална комуникација за меѓусебна помош и соработка при извршување на задачите;
  • вклучување ученици помошници по потреба.

Обука за Учење преку проекти (PBL) во рамките на Еразмус+ КА101 проектот „Подучување по мерка за мотивирани ученици“

Во рамките на Еразмус+  КА101 проектот „Подучување по мерка за мотивирани ученици“ во периодот од 12-17.03.2018 година беше посетена обука за Учење преку проекти (PBL) во Берлин, Германија. Обуката беше реализирана од страна на интернационалениот тренинг провајдер Europass Teacher Academy, стручен во проферисонален развој на наставници преку промовирање, поддршка и овозможување на тренинг активности во склад со Еразмус+ принципите. Учесници на обуката беа следните наставници: Љубица Ружинска, Милена Игњатова, Валентина Петрова и Магдалена Петреска.

Цели на обуката беа:

  • запознавање со учењето преку проекти (PBL) и како истото да се имплементира во наставата
  • запознавање со различни активности кои можат да се имплементираат во учењето преку проекти
  • запознавање со начините на кои технологијата и дигиталните алатки можат да се интегрираат во учењето преку проекти
  • запознавање со начините за евалуација на учењето преку проекти со употреба на рубрики
  • создавање на детален план за учење преку проекти
  • запознавање со начините на имплементација на учењето преку проекти на ниво на училиште
  • унапредување на културолошката свест
  • подобрување на говорна комуникација на англиски јазик.

Во следниот период, наставниците кои ја посетија обуката ќе одржат интерни обуки на останатите наставници во училиштето (работилници, отворени часови, менторство на наставници и сл.) како и дисеминација на локално и национално ниво преку организирање на обуки за наставници од училишта од општина Аеродром и пошироко.

Работилници за „Инклузивно образование: поддршка на децата со посебни образовни потреби“ (надворешни обуки за наставници)

Во месец февруари-март 2018 година беа реализирани 4 работилници  за справување со иклузијата во наставата на тема „Инклузивно образование: поддршка на децата со посебни образовни потреби“.

Темите опфатени во обуката беа:

  • Презентација на образовниот систем во Велика Британија
  • Генезата на инклузијата (Недискриминација)
  • Предрасудите и дискриминацијата во образованието и општеството
  • ПОП Пракса во Велика Британија (споредба со Македонија)
  • Емоционална поддршка на учениците со ПОП
  • Невербална комуникација
  • Игри за подобра комуникација

Работилниците беа дел од дисеминацијата од посетената обуката за Инклузивно образование: поддршка на децата со посебни образовни потреби во Плимут, Велика Британија во рамките на Еразмус+  КА101 проектот „Подучување по мерка за мотивирани ученици“ и беа реализирани од страна на наставниците Мирослава П.Аневска, Тања Крстевска, Кристина Башовска и Тања Јосимовска.

Таргет групата на работилниците беа одделенските и предметните наставници од нашето училиште, ООУ „Лазо Ангеловски’, училиштата од општина Аеродром и училиштата од град Скопје и пошироко. Работилниците беа посетени од вкупно 72 наставници.

Атмосферата за време на работилницата на  10.02.2018 година. 

Атмосферата за време на работилницата на  17.02.2018 година. 

Атмосферата за време на работилницата на  24.02.2018 година. 

Атмосферата за време на работилницата на  10.03.2018 година. 

Обука за Инклузивно образование: поддршка на децата со посебни образовни потреби во рамките на Еразмус+ КА101 проектот „Подучување по мерка за мотивирани ученици“

Во рамките на Еразмус+  КА101 проектот „Подучување по мерка за мотивирани ученици“ во периодот од 12-21.01.2018 година беше посетена обуката за Инклузивно образование: поддршка на децата со посебни образовни потреби во Плимут, Велика Британија. Обуката беше реализирана од страна на интернационалениот тренинг провајдер Amber Initiatives, стручен во проферисонален развој на наставници преку промовирање, поддршка и овозможување на тренинг активности во склад со Еразмус+ принципите. Учесници на обуката беа следните наставници: Мирослава П.Аневска, Тања Крстевска, Кристина Башовска и Тања Јосимовска.

Цели на обуката беа:

  • подобрување на клучните компетенции и вештини поврзани со професионалниот профил на учесниците
  • запознавање со образовниот систем во Велика Британија и комплексниот систем за поддршка на децата со посебни образовни потреби
  • запознавање со поддршката која е на располагање на децата од имигрантски семејства
  • зголемување на опфатноста и меѓународната димензија на образовните институции
  • запознавање со различните стратегии и методи кои се употребуваат во училитата во Велика Британија за да се излезе во пресрет на учениците со посебни потреби
  • подобрување на аналитичките вештини
  • подобро запознавање со начините за работата и соработка со родителите
  • подобрување на креативноста и мотивацијата
  • унапредување на културолошката свест
  • подобрување на нивото на англискиот јазик.

Во следниот период, наставниците кои ја посетија обуката ќе одржат интерни обуки на останатите наставници во училиштето (работилници, отворени часови, менторство на наставници и сл.) како и дисеминација на локално и национално ниво преку организирање на обуки за наставници од училишта од општина Аеродром и пошироко.

Избрани наставници за предвидените обуки

По разгледување на поднесените Еуропас кратки биографии од страна на заинтересираните наставници, истите беа рангирани според дадените критериуми и од добиените резултати беа избрани наставниците кои ќе ги посетуваат двете обуки во рамките на КА101 проектот „Подучување по мерка за мотивирани ученици. Избраните наставници јавно беа известени на Наставничкиот совет одржан во месец јули 2017 година.

За обуката за развивање на компетенциите на наставниците за работа со ученици со посебни потреби во Англија избрани се следните наставници:

  • Мирослава П. Аневска
  • Тања Јосимовска
  • Кристина Башовска
  • Тања Крстевска

За обуката за ПБЛ (учење преку проектни активности) во Германија избрани се следните наставници:

  • Љубица Ружинска
  • Валентина Петрова
  • Милена Игњатова
  • Милка Тримчевска

Запознавање на наставниците со профилот на обуките и критериумите за избор на наставници

На ден 13.06.2017 година се одржа Наставнички совет на кој наставниците беа запознати со профилот на избраните обуки, начинот на вклучување на наставниците во обуките како и критериумите според кои ќе бидат избрани наставниците за посета на истите. Подетални информации се достапни во следната презентација:

Добиен уште еден грант од Еразмус+ програмата, клучна акција КА101: Учење преку индивидуални мобилности

По завршувањето на поцесот на селекција на пристигнатите апликации за рокот за аплицирање кој траеше до 2-ри Февруари 2017 година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ги објави резултатите од одобрените грантови од програмата Еразмус+ на Европската комисија. Нашето училиште повторно се најде на листата за училишно образование . Резултатите можат да се видат на следниот линк.

Клучнa Акција КА101: Учењето преку индивидуални мобилности создава можности за индивидуите да ги подобрат своите вештини и зголемување на културната свест. Проектите за мобилност на наставниците овозможуваат можност за мобилност и меѓународна соработка со училишта од европските земји, а сето ова ќе придонесе за интернационализација на македонските образовни институции но и за зајакнување на нивниот личен и професионален развој и развивање на професионални вештини и компетенции.

Во рамките на новиот одобрен проект под наслов „Подучување по мерка за мотивирани ученици“ нашето училиште, планирана е посета на два вида на обуки и тоа:

  • обука за развивање на компетенциите на наставниците за работа со ученици со посебни потреби и
  • обука за ПБЛ (учење преку проектни активности).
АРХИВА НА НАСТАНИ
Skip to content