Лична Карта

Општи податоци за училиштето

Идентификациони податоци :

ООУ „Лазо Ангеловски“

Булевар АСНОМ бр.192, Скопје

Телефон – факс : (02) 2430-324

Општина Аеродром

Oпштинското основно училиште „Лазо Ангеловски“ се наоѓа на бул. АСНОМ бр.192 во населбата Ново Лисиче, во општина Аеродром во Скопје. Училиштето е основано од Општинското Собрание на Општина „Кисела Вода“ – Скопје со решение бр.15-6253/1г. од 13.09.1988 година и тогаш започнува реализација на воспитно образовниот процес за денес да стане едно од најголемите училишта во Р. Северна Македонија. Во ООУ „Лазо Ангеловски“ се запишуваат учениците од реонот бр.5 во кој спаѓаат следните улици:

  • Бул. „АСНОМ“(од стара полициска станица Аеродром до ул “Февруарски Поход”);
  • Бул. „Видое Смилевски Бато“ – сите згради со непарни броеви
  • Ул.”Февруарски Поход”
  • Ул.„Тодор Чангов“ – сите непарни броеви, почнувајќи од број 17 па нагоре

Најголем број ученици во ООУ„Лазо Ангеловски“ имаше во учебната 1993/94 година, вкупно 2700 ученици.

Училиштето од почетокот па се до учебната 2021-2022 година работеше како трисменско училиште . Од истата учебна година кога се доградија уште 4 нови училници тоа работи во две смени кои значително ги олеснија условите за организација и изведување на наставата. Училиштето има свој амблем и училишна химна, своја веб страница (oulazoangelovski.com.mk) и свој дигитален весник .Исто така информации за активностите кои се реализираат во училиштето сите заинтересерини можат да добијат и на ФБ страната на училиштето како и на инстаграм.

Училиштето е лоцирано во населбата Ново Лисиче која е урбана населба и континуирано се развива и гради. Училиштето, иако е изградено во 1988 година, претставува урбано училиште со добра инфраструктура. Учениците во ООУ „Лазо Ангеловски“ во најголем број потекнуваат од средно ситуирани семејства со поволни станбени и материјални услови за живот, семејства кои се функционални и хармонични, што пак има позитивен придонес за социјализацијата и воспитната улога на детето во училиштето.

Лазо Ангеловски е прво училиште кое е целосно инклузивно училиште.со посебен пристап за лицата со физичка попреченост, лифт и сензорна соба. Училиштето работи во соработка со ресурсниот центар Златен Сремец и во соработка со истиот и МОН поголем број на учениците со ПОП имаат свои образовни асистенти. Учениците секогаш ја добиваат потребната поддршка од наставниците и истите се вклучени во додатни активности, учество на натпревари, конкурси, изложби, проектни задачи, манифестации и слично.

Работата на учениците и наставниците се претставува преку следниве воннаставни активности:

 – посебна програма за одбележувањето на патрониот празник – приредби и претстави

 – Oраторска вечер

– Денови на странски јазици

 – Новогодишна претстава

 – Ликовни  хепенинзи

 – Хумантарни акциии

 – Денови на спортски активности

 – Продажни и изложбени базари

Училиштето секогаш се истакнува меѓу првите основни училишта во земјава и беше меѓу првите пилот училишта за реализација на следните проекти:

 ● Активна настава – интерактивно учење

 ● Описно оценување

 ● Инклузивно образование

Во последните години ги реализира следните проекти:

● Меѓуетничка интеграција во образованието

● Примена на претприемничките вештини во наставните и воннаставните активности

 ● Јазична писменост

● Училиште без насилство

● Учиме да пливаме за учениците од прво одделение

● Интеграција на еколошка едукација на македонскиот образовен систем

● Е-твининг училиште

АРХИВА НА НАСТАНИ
Skip to content