еТвининг 2016/2017

Copy (2) of NA-Logo-H_MK-240909    logo

Мултитренинг семинар за наставници-амбасадори на еТвининг во Лисабон, Португалија 

Во периодот од 22-24.06.2017 година во Лисабон, Португалија, се одржа мултитренинг семинар за наставници-амбасадори на еТвининг на тема „Иновативни средини за учење“. На семинарот учествуваа околу стотина учесници од 14 европски земји: Португалија, Хрватска, Бугарија, Азербејџан, Чешка, Словачка, Бугарија, Финска, Романија, Полска, Шпанија, Малта, Кипар и Македонија. Како претставници од нашата училиште активно учество во семинарот зедоа Милена Игњатова и Валентина Петрова, македонски амбасадори на еТвининг.

Семинарот опфаќаше 4 теми распоредени во работлници што активно се следеа во текот на 23.06.2017 година:

  • Работилница 1 – „Учење преку проекти и Ардуино“ во којашто се објаснија чекорите во планирањето и работата на проектот преку планирање и креирање проект на еТвининг платформата;
  • Работилница 2 – „Работа, креирање и колаборација… Јас учам“ во којашто преку заедничка работа на група се применија основите на еТвининг: критичко мислење, проблемска работа, колаборација, презентација, применливост во реалниот свет;
  • Работилница 3 –  „Редезајнирање на училниците за иднина низ мистерија и кодирање“ во којашто се разработуваше примената на ИКТ во наставата преку едноставни вежби за кодирање без компјутер;
  • Работилница 4 – „Лабораторија на сетилата“ во којашто се покажа мерливоста на осетливоста преку практични лабораториски вежби.

Активностите испланирани од организаторот беа интересни и практични. Се остварија повеќе контакти со еТвинери од земјите учесници и се започна со првични договори за идни еТвининг проекти, но и можни ЕРАЗМУС+ проекти.

Работилница за еТвининг

На 17.01.2017 година се одржа работилница за еТвининг во ОУ Војдан Чернодрински. Работилницата беше водена од страна на три еТвининг амбасадори од ОУ Лазо Ангеловски, Љубица Ружинска, Милена Игњатова и Валентина Петрова. На истата покрај наставниците од ОУ Војдан Чернодрински присуствуваа и претставници од градинката ЈОУДГ Росица.

Целта на одржување на ваков вид на работилници е запознавање со еТвининг платформата и какви се можности нуди истата. Исто така од страна на еТвининг амбасадорите им беа претставени проектите и во каков се вид на проекти можат да учествуваат наставниците.

Валоризациона конференција

Наставници и професори, општинската администрација и активисти во граѓанскиот сектор земаа учество на Валоризационата конференција одржана во Скопје како дел од циклусот на промотивни активности за програмата „Еразмус плус“ во организација на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во Македонија.

На оваа конференција учествуваа М-р Дарко Димитров, М-р Гоце Величковски, претставници на Агенцијата кои ја претставија програмата на Европската комисија во делот на образованието, обуката и младите, „Еразмус плус 2014-2020“, како и иницијативите на ЕУ, „Еуропас“ и „Евридика“.

Програмата Еразмус+ цели кон зголемување на знаењето и професионалните способности, а воедно ја подржува модернизацијата во овие области, пропорционално на тоа нуди можности за аплицирање во различни акции достапни за студенти, ученици,младински работници, професори, наставници, како и останати лица активни во областите кои ги поддржуваат образованието, обуката, младите и спортот-посочи директорот на Националната агенција, Димитров. На настанот беа доделени сертификати на проекти со најдобра практика.

На конференцијата од нашето училиште учествуваа директорката Милка Тримчевска и тројцата еТвининг амбасадори, Љубица Ружинска, Валентина Петрова и Милена Игњатова.

Тројца еТвининг амбасадори од ООУ „Лазо Ангеловски“ 

По објавениот јавен повик од страна на Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност во месец декември беа избрани 11 еТвининг амбасадори. Нашето училиште е единственото училиште во цела држава со тројца еТвининг амбасадори и тоа:

  • Љубица Ружинска, наставник по англиски јазик,
  • Милена Игњатова, наставник по англиски јазик и
  • Валентина Петрова, наставник по македонски јазик.

Главна обврска на еТвининг амбасадорите ќе биде активно да соработуваат со Националната агенција во процесот на промоција на еТвининг акцијата во Република Македонија, во зголемувањето на членството во еТвининг на национално ниво, во зголемувањето на бројот на еТвининг проекти и подобрување на нивниот квалитет, во зголемување на присутноста на еТвининг и резултатите од неговите проекти во настаните во полето на образованието и медиумите на национално ниво.

Сертификатите за наставниците и еТвининг знамето на училиштето свечено им беа врачени на работилницата одржана на 12.12.2016 г. во просториите на Националната Агенција.

еТвининг мини конференција

На 23.11.2016 година беше одржана еТвининг мини конференции во ООУ “Лазо Ангеловски”-Скопје на кој присуствуваа 120 представници од разни училишта од Скопје. На конференцијата беа поканети нови идни членови на еТвининг со цел да се запознаат со еТвининг платформата и можностите која таа ги нуди за наставниците и учениците. Организатор на настанот е Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка со ООУ „Лазо Ангеловски“, Аеродром.

е-Твининг тематска конференција за професионален развој во Италија (Фиренца), 21-23 септември 2016

Тематската конференција беше организирана од страна на Италијанската еТвининг НСС во соработка со централната еТвининг ЦСС, Европската комисија и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на Италија. На конференцијата беа присутни 250 наставници, директори и преставници од Националните еТвининг НСС од 35 земји. Од нашето училиште учесник на конференцијата беше наставник по англиски јазик и координатор на Тимот за Еразмус+ проекти, Љубица Ружинска.
Целите на конференцијата:

  • споделување и размена на искуства што ги овозможува еТвининг програмата за придонес на промовирање на Европските вредности;
  • подобрување на социјалните, цивилните и интеркултурните вештини, критичкото размислување и дигиталната писменост кај наставниците и учениците преку промовирање на размена на идеи и добри пракси;
  • можност за создавање на нови партнерства кои би придонеле кон развивање на нови меѓународни проекти во иднина.
14484793_1736536396595527_7637244351831431854_n
АРХИВА НА НАСТАНИ
Skip to content