Проекти

Европската ноќ на истражувачи 2026
Активности поврзани со Европската ноќ на истражувачи 2026 се реализираше во рамки на проектот GREENSTARS – CHOOSE SCIENCE „Избери наука! Градење на општеството преку истражување и иновации“, чиј координатор е Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје (УКИМ), а партнери се МАНУ, Универзитетот Св. Климент Охридски (УКЛО), Универзитетот Гоце Делчев (УГД), Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење (НЦДИЕЛ) и Македонското еколошко друштво (МЕД). На 25 септември 2026 година официјално се одбележа Европската ноќ на истражувачи, кога во Скопје, Битола и Штип се реализираа бројни целодневни активности посветени на науката, истражувањето и иновациите.
Учениците од осмо и деветто одделение имаа можност да ги посетат лабораториите на Машинскиот факултет и да се запознаат со истражувачките активности, опремата и експерименталната работа што се спроведува во нив. Посетата ги вклучи следниве лаборатории:
o Лабораторија за заварување и сродни постапки
o Лабораторија за производно инженерство и ФабЛаб
o Лабораторија за мехатроника
o Лабораторија за автоматика
o Лабораторија за моторни возила
o Лабораторија за индустриски дизајн
o Паметна фабрика за учење
o Лабораторија за механика на флуиди и хидраулични машини.
o Лабораторија за ладилна техника
o Лабораторија за мотори со внатрешно согорување
На крајот од лабораториската посета, учесниците ја посетија изложбата на студентски проекти Project Hub и ЕУ катчето ,,Истражување, наука и иновации“
Предметен наставник по физика
Проф. Жаклина Колевска

АРХИВА НА НАСТАНИ
Skip to content