Kлучна акција КА101: Учење преку индивидуални мобилности – 2016/2017

Работилници за „Инклузивно образование: различности во училницата и рано напуштање на образованието“ (надворешни обуки за наставници)

На ден 6.05.2017 година и 13.05.2017 година во нашето училиште се одржаа работилници за справување со иклузијата во наставата на тема „Инклузивно образование: различности во училницата и рано напуштање на образованието“.

Темите опфатени во обуката беа:

  • запознавање со состојбата со инклузивните и специјалните училишта во неколку други држави;
  • типови потешкотии во учењето;
  • очекувања: наставникот од ученикот, наставник – родител, родител – ученик;
  • тим тичинг (Team teaching) – стратегии за подучување;
  • стилови на учење;
  • планирање за студија на случај (изработка на ИОП)
  • емоции
  • причини за демотивација на ученикот;
  • дислексија;
  • мотивација на учениците и самодоверба;
  • тимска работа;
  • соработка со родители;
  • студија на случај (играње ролји).

Работилниците беа дел од дисеминацијата од посетената обука за развивање на компетенциите на наставниците за работа со ученици со посебни потреби во Атина, Грција во рамките на Еразмус+  КА101 проектот „Создавање на иновативна иднина“ и беше реализирана од страна на наставниците Валентина Петрова, Тања Крстевска, Билјана Колевска, Тања Јосимовска и стручниот соработник Аделина Давидовска.

Таргет групата за работилницата одржана на 6.05.2017 година беа одделенски и предметни наставници од училиштата од општина Аеродром, додека на 13.05.2017 година таргет групата беа одделенски и предметни наставници од училиштата од град Скопје и пошироко.

Атмосферата за време на работилницата на  6.05.2017 година. 

Атмосферата за време на работилницата на  17.05.2017 година. 

Работилници за „Инклузивно образование: различности во училницата и рано напуштање на образованието“ (втор дел)

Во периодот од 2-4.05.2017 година беа одржани 3 работилници за „Инклузивно образование: различности во училницата и рано напуштање на образованието“ (втор дел). Темите опфатени во овој дел од обуката беа:

  • причини за демотивација на ученикот;
  • дислексија;
  • мотивација на учениците и самодоверба;
  • тимска работа;
  • соработка со родители;
  • студија на случај (играње ролји).

Работилниците се дел од дисиминацијата од посетена обуката развивање на компетенциите на наставниците за работа со ученици со посебни потреби во Атина, Грција во рамките на Еразмус+  КА101 проектот „Создавање на иновативна иднина“ и беа реализирани од страна на наставниците Валентина Петрова, Тања Крстевска, Билјана Колевска, Тања Јосимовска и стручниот соработник Аделина Давидовска.

Таргет групата за работилницата беа одделенски и предметни наставници од училиштето.

Работилници за „Инклузивно образование: различности во училницата и рано напуштање на образованието“ (прв дел)

Во периодот од 24-26.04.2017 година беа одржани 3 работилници за „Инклузивно образование: различности во училницата и рано напуштање на образованието“ (прв дел). Темите опфатени во овој дел од обуката беа:

  • запознавање со состојбата со инклузивните и специјалните училишта во неколку други држави;
  • типови потешкотии во учењето;
  • очекувања: наставникот од ученикот, наставник – родител, родител – ученик;
  • тим тичинг (Team teaching) – стратегии за подучување;
  • стилови на учење;
  • планирање за студија на случај (изработка на ИОП)
  • емоции.

Работилниците се дел од дисиминацијата од посетена обуката развивање на компетенциите на наставниците за работа со ученици со посебни потреби во Атина, Грција во рамките на Еразмус+  КА101 проектот „Создавање на иновативна иднина“ и беа реализирани од страна на наставниците Валентина Петрова, Тања Крстевска, Билјана Колевска, Тања Јосимовска и стручниот соработник Аделина Давидовска.

Таргет групата за работилницата беа одделенски и предметни наставници од училиштето.

Обуката за Инклузивно образование: различности во училницата и рано напуштање на образованието во рамките на Еразмус+  КА101 проектот „Создавање на иновативна иднина“

Во рамките на Еразмус+  КА101 проектот „Создавање на иновативна иднина“ во периодот од 27-31.03.2017 година беше посетена обуката за Инклузивно образование: различности во училницата и рано напуштање на образованието во Атина, Грција. Обуката беше реализирана од страна на интернационалениот тренинг провајдер Idec, стручен во проферисонален развој на наставници преку промовирање, поддршка и овозможување на тренинг активности во склад со Еразмус+ принципите. Учесници на обуката беа следните наставници: Валентина Петрова, Тања Крстевска, Билјана Колевска, Тања Јосимовска и стручниот соработник Аделина Давидовска.

Цели на обуката беа:

  • Препознавање на различностите и идентификација на ученици со потешкотии во учењето;
  • одредување на индивидуалните образовни потреби на учениците и соодветни методи за оценување;
  • изработка на индивидуални програми за поддршка на сите ученци;
  • изготвување на индивидуални образовни планови;
  • совладување на различни техники на учење и поучување, работа со различни индивидуални потреби;
  • соработка со образовната средина и со родителите во поддршка на сите ученици;
  • развивање планови за спречување на раното напуштање на училиштето.

Во следниот период, наставниците кои ја посетија обуката ќе одржат интерни обуки на останатите наставници во училиштето (работилници, отворени часови, менторство на наставници и сл.) како и дисиминација на локално и национално ниво преку организирање на обуки за наставници од училишта од општина Аеродром и пошироко.

Работилница за примена на PicCollage, PowToon, Kahoot и Socrative (надворешна обука за наставници)

На ден 1.04.2017 година во Хотел “Порта”, Аеродром, се одржа работилница за развивање на дигиталните вештини на наставниците употребувајќи иновативни педагошки пристапи, кои ќе резултираат со развивање на технолошки збогатени средини за учење за да им овозможуват на учениците да станат активни учесници во процесот на учење. Исто така, ќе овозможуваат и прилагодување и персонализирање на активностите за учење за да се усогласат со различните стилови на учење на учениците, нивните работни стратегии и способности во користењето на дигиталните алатки и ресурси.

Работилницата беше дел од дисеминацијата од посетена обука за развивање на ИКТ компетенции во Севиља, Шпанија во рамките на Еразмус+  КА101 проектот „Создавање на иновативна иднина“  и истата беше реализирана од страна на наставниците Валентина Петрова, Љубица Ружинска, Милена Игњатова и директорката м-р Милка Тримчевска. Таргет групата за работилницата беа одделенски и предметни наставници од училиштата од општина Аеродром и пошироко.

На работилницата беа претставени ИКТ алатките за фото едитирање (PicCollage), создавање на видеа (PowToon) и алатките за формативно оценување: (Kahoot и Socrative).

Работилница за примена на Kahoot и Socrative (интерна обука за наставници)

На ден 31.03.2017 година се одржа работилница за примена на алатки за формативно оценување: Kahoot и Socrative. Работилницата е дел од дисиминацијата од посетена обуката за развивање на ИКТ компетенции во Севиља, Шпанија во рамките на Еразмус+  КА101 проектот „Создавање на иновативна иднина“. Истата беше реализирана од страна на наставниците Валентина Петрова, Љубица Ружинска, Милена Игњатова и директорката м-р Милка Тримчевска.

Таргет групата за работилницата беа одделенски и предметни наставници од училиштето.

2015-03-03_20-34-52

Работилница за примена на PicCollage и PowToon (интерна обука за наставници)

На ден 24.03.2017 година се одржа работилница за примена на фото едитори, создавање на видеа: PicCollage и PowToon. Работилницата е дел од дисиминацијата од посетена обуката за развивање на ИКТ компетенции во Севиља, Шпанија во рамките на Еразмус+  КА101 проектот „Создавање на иновативна иднина“. Истата беше реализирана од страна на наставниците Валентина Петрова, Љубица Ружинска, Милена Игњатова и директорката м-р Милка Тримчевска.

Таргет групата за работилницата беа одделенски и предметни наставници од училиштето.

Работилница за примена на Kahoot и Socrative (интерна обука за наставници)

На ден 17.03.2017 година се одржа работилница за примена на алатки за формативно оценување: Kahoot и Socrative. Работилницата е дел од дисиминацијата од посетена обуката за развивање на ИКТ компетенции во Севиља, Шпанија во рамките на Еразмус+  КА101 проектот „Создавање на иновативна иднина“. Истата беше реализирана од страна на наставниците Валентина Петрова, Љубица Ружинска, Милена Игњатова и директорката м-р Милка Тримчевска.

Таргет групата за работилницата беа одделенски и предметни наставници од училиштето.

Отворен час со примена на ИКТ алатки (Kahoot и Pic Collage)

На ден 7.03.2017 година беа реализирани отворени часови со примена на ИКТ алакти од страна на наставникот по англиски јазик, Љубица Ружинска. Отворените часови се дел од дисиминацијата од посетена обуката за развивање на ИКТ компетенции во Севиља, Шпанија во рамките на Еразмус+  КА101 проектот „Создавање на иновативна иднина“.

Целите на часот беа:

  • разбирање на вокабуларот поврзан животни, делови од телото и способности и употреба на истиот во кратки искази;
  • разбирање на глагол Have/has got и употреба на истиот во кратки искази;
  • разбирање на помошниот глагол Can во контекст на искажување на способности.

За време на часовите беше применета техниката на учење преку проектна задача со примена на ИКТ алаткате Kahoot (онлајн интерактивен квиз) и PicCollage (дигитален постер).

Работилница за примена на Google Drive и Blogger (надворешна обука за наставници)

На ден 25.02.2017 година во Хотел “Порта”, Аеродром, се одржа работилница за развивање на дигиталните вештини на наставниците употребувајќи иновативни педагошки пристапи, кои ќе резултираат со развивање на технолошки збогатени средини за учење за да им овозможуват на учениците да станат активни учесници во процесот на учење. Исто така, ќе овозможуваат и прилагодување и персонализирање на активностите за учење за да се усогласат со различните стилови на учење на учениците, нивните работни стратегии и способности во користењето на дигиталните алатки и ресурси.

Работилницата беше дел од дисеминацијата од посетена обука за развивање на ИКТ компетенции во Севиља, Шпанија во рамките на Еразмус+  КА101 проектот „Создавање на иновативна иднина“  и истата беше реализирана од страна на наставниците Валентина Петрова, Љубица Ружинска, Милена Игњатова и директорката м-р Милка Тримчевска. Таргет групата за работилницата беа одделенски и предметни наставници од училиштата од општина Аеродром и пошироко.

На работилницата беа претставени колаборативните алатки – Google Drive (отварање сметка, основни функции на Drive, Doc, Forms, Sheets, Slides) и блогови и веб страни – Blogger.

Отворен час со примена на ИКТ алатки (Socrative)

На ден 23.02.2017 година беа реализирани отворени часови со примена на ИКТ алакти од страна на наставникот по македонски јазик, Валентина Петрова. Отворените часови се дел од дисиминацијата од посетена обуката за развивање на ИКТ компетенции во Севиља, Шпанија во рамките на Еразмус+  КА101 проектот „Создавање на иновативна иднина“.

Целите на часот да се утврдат и проверат стекнатите знаења на учениците за неменливите зборови. За време на часовите беше применета ИКТ алатката Socrative.

Отворен час со примена на ИКТ алатки (Pic Collage)

На ден 17.02.2017 година беа реализирани отворени часови со примена на ИКТ алакти од страна на наставникот по англиски јазик, Милена Игњатова. Отворените часови се дел од дисиминацијата од посетена обуката за развивање на ИКТ компетенции во Севиља, Шпанија во рамките на Еразмус+  КА101 проектот „Создавање на иновативна иднина“.

Целите на часот беа учениците да можат да направат разлика помеѓу will и might и правилно да ги употребаат во куси искази. За време на часовите беше применета техниката на учење преку проектна задача со примена на web quest и ИКТ алатката Pic Collage.

Работилница за примена на Google Drive (интерна обука за наставници)

На ден 17.02.2017 година се одржа работилница за примена на колаборативните алатки: Google Drive (отварање на сметка, основни функции на Drive, Doc, Slides). Работилницата е дел од дисиминацијата од посетена обуката за развивање на ИКТ компетенции во Севиља, Шпанија во рамките на Еразмус+  КА101 проектот „Создавање на иновативна иднина“. Истата беше реализирана од страна на наставниците Валентина Петрова, Љубица Ружинска, Милена Игњатова и директорката м-р Милка Тримчевска.

Таргет групата за работилницата беа одделенски и предметни наставници од училиштето.

Отворен час со примена на ИКТ алатки (Google Forms)

На ден 9.02.2017 година беа реализирани отворени часови со примена на ИКТ алакти од страна на наставникот по англиски јазик, Милена Игњатова. Отворените часови се дел од дисиминацијата од посетена обуката за развивање на ИКТ компетенции во Севиља, Шпанија во рамките на Еразмус+  КА101 проектот „Создавање на иновативна иднина“.

Целите на часот беа учениците да образуваат 0 и I тип условни реченици во куси искази, да ги препознаваат разликите и сличностите и правилно да ги употребуваат. За време на часовите беше применета техниката на учење преку тест со примена на ИКТ алатката Google Forms.

Отворен час со примена на ИКТ алатки (Google Sites)

На ден 6.02.2017 година беа реализирани отворени часови со примена на ИКТ алакти од страна на наставникот по македонски јазик, Валентина Петрова. Отворените часови се дел од дисиминацијата од посетена обуката за развивање на ИКТ компетенции во Севиља, Шпанија во рамките на Еразмус+  КА101 проектот „Создавање на иновативна иднина“.

Целите на часот беа учениците да се запознаат со особеностите на дневникот како научно-литературен вид и да напишат свој дневник, односно модерната верзија – блогот со примена на ИКТ алатката Google Sites.

За време на часот меѓу другото беа користени табелетите обезбедени од средствата собрани за време на Новогодишниот продажен базар.

Работилница за примена на Google Drive (интерна обука за стручни соработници)

На ден 3.02.2017 година се одржа работилница за примена на колаборативните алатки: Google Drive (отварање на сметка, основни функции на Drive, Doc, Forms, Sheets). Работилницата е дел од дисиминацијата од посетена обуката за развивање на ИКТ компетенции во Севиља, Шпанија во рамките на Еразмус+  КА101 проектот „Создавање на иновативна иднина“. Истата беше реализирана од страна на наставниците Валентина Петрова, Љубица Ружинска, Милена Игњатова и и директорката м-р Милка Тримчевска.

Таргет групата за работилницата беа стручните соработници од училиштето.

Обуката за развивање на ИКТ компетенциите во рамките на Еразмус+  КА101 проектот „Создавање на иновативна иднина“

Во рамките на Еразмус+  КА101 проектот „Создавање на иновативна иднина“ во периодот од 23-27.01.2017 година беше посетена обуката за развивање на ИКТ компетенции во Севиља, Шпанија. Обуката беше реализирана од страна на интернационалениот тренинг провајдер IDevelop, стручен во проферисонален развој на наставници преку промовирање, поддршка и овозможување на тренинг активности во склад со Еразмус+ принципите. Учесници на обуката беа следните наставници: Љубица Ружинска, Валентина Петрова, Милена Игњатова и директорката м-р Милка Тримчевска.

Целите на обуката беа развивање на дигиталните вештини на наставниците употребувајќи иновативни педагошки пристапи, кои ќе резултираат во развивање на технолошки збогатени средини за учење за да им овозможуваат на ученици да станат активни учесници во процес на учење, како и прилагодување и персонализирање на активностите за учење за да се усогласат со различните стилови на учење на учениците, нивните работни стратегии и способности со користење на дигиталните алатки и ресурси.

Во следниот период, наставниците кои ја посетија обуката ќе одржат интерни обуки на останатите наставници во училиштето (работилници, отворени часови, менторство на наставници и сл.) како и дисиминација на локално и национално ниво преку организирање на обуки за наставници од училишта од општина Аеродром и пошироко.

Избрани наставници за предвидените обуки

Во периодот на месец јули 2016 година беа изработени рубрики за избор на наставници за КА101 од страна на Тимот за реализација на Еразмус+ проектите. Изработените рубрики можете да ги видите овде. Поднесените Еуропас кратки биографии беа потоа рангирани според дадените критериуми и според добиените резултати беа избрани наставниците кои ќе ги посетуваат двете обуки во рамките на КА101 проектот „Создавање на иновативна иднина“. Избраните наставници јавно беа известени на Наставничкиот совет одржан во месец август 2016 година.

За обуката за развивање на компетенциите на наставниците за работа со ученици со посебни потреби во Грција избрани се следните наставници:

  • Мирослава П. Аневска
  • Тања Јосимовска
  • Билјана Колевска
  • Тања Крстевска
  • Тина А. Симиќ

За обуката за развивање на ИКТ компетенциите во Шпанија избрани се следните наставници:

  • Љубица Ружинска
  • Валентина Петрова
  • Милена Игњатова
  • Милка Тримчевска

Запознавање на наставниците со профилот на обуките и критериумите за избор на наставници

На ден 29.06.2016 година се одржа Наставнички совет на кој наставниците беа запознати со профилот на избраните обуки, начинот на вклучување на наставниците во обуките како и критериумите според кои ќе бидат избрани наставниците за посета на истите. Подетални информации се достапни во следната презентација:

Добиен грант од Еразмус+ програмата, клучна акција КА101: Учење преку индивидуални мобилности

По завршувањето на поцесот на селекција на пристигнатите апликации за рокот за аплицирање кој траеше до 2-ри Февруари 2016 година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ги објави резултатите од одобрените грантови од програмата Еразмус+ на Европската комисија. Нашето училиште е прво-рангирано во листата за училишно образование. Резултатите можат да се видат на следниот линк.

Клучнa Акција КА101: Учењето преку индивидуални мобилности создава можности за индивидуите да ги подобрат своите вештини и зголемување на културната свест. Проектите за мобилност на наставниците овозможуваат можност за мобилност и меѓународна соработка со училишта од европските земји, а сето ова ќе придонесе за интернационализација на македонските образовни институции но и за зајакнување на нивниот личен и професионален развој и развивање на професионални вештини и компетенции.

Во рамките на одобрениот проект „Создавање на иновативна иднина“ на нашето училиште, планирана е посета на два вида на обуки и тоа:

  • обука за развивање на компетенциите на наставниците за работа со ученици со посебни потреби и
  • обука за развивање на ИКТ компетенциите.
АРХИВА НА НАСТАНИ
Skip to content