Еразмус+ КА229 проект „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“ 2019-2022

Еразмус+ КА229 проект

„Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“

(Young journalists of today – responsible digital citizens of tomorrow) 

2019-2022

Copy (2) of NA-Logo-H_MK-240909
Copy of logo-plus_0

Посетете ја веб страната на проектот на следниот линк
MK logo 1

Лого на проектот 

Учебна 2021-2022 година

Објави во е-весникот – мај/јуни 2022 година

Во месец мај и јуни 2022 година објавени се 12 натписи во е-весникот и 8 во рубриката – Гостин уредник во која се објавуваат преводи на натписа објавени во дигиталните весници на сите четири партнер-училишта. Сите натписи се достапни во делот Архива мај 2022 и Архива јуни 2022 во нашиот е-весник Л.А. ИН-форматор.

Дисеминација на активностите од трета ученичка размена во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“

На 08.06.2022 година беше извршена дисеминација на активностите од третата ученичка размена во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“, на која училиште-домаќин беше „Mihai Eminescu“ од Александрија, Романија. На оваа размена учествува 5 ученици од нашето училиште.

Ученици кои учествуваа на ученичката размени одржаа дисеминацијата од активностите за време на размената на своите соученици од медиумската секција и ученици-преставници од генерациите V-IX одделение. Тие им го пренесоа дожувавањето на своите соученици од активностите во кои имаа можност да другаруваат со ученици од партнер-училишта од Хрватска, Србија и Романија.

Презентацијата од дицеминацијата од првата ученичка размена е достапна на следниот линк

Десиминација од трета ученичка размена на ученици во Романија

Трета ученичка размена во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“

Во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“ (Young journalists today – responsible digital citizens tomorrow) беше одржана третата ученичка размена во периодот од 30.05-03.06.2022 година во Александрија, Романија. На размената присуствуваат ученици и наставници од партнер-училиштата од Хрватска, Романија, Србија и Македонија. Од нашето училиште беа присутни координаторот на проектот, Љубица Ружинска и наставничкта, Валентина Петрова, како и учениците: Ана Гривчевска, Ева Ѓуриќ, Горјан Азманов, Лука Ѓуриќ и Карло Тодоровски .

Темата на оваа размена беше “Да откриеме заедно што се крие зад вестите“, а преку планираните активности за време на мобилноста беа опфатени следните аспекти:

  • да се истажи што се крие зад вестите;
  • на критички начин да се анализираат техниките, јазикот и содржината кои се користат во медиумите како и пораките кои тие ги пренесуваат;
  • медиумите да се користат за изразување и пренесување на идеи, информации и мислења на креативен начин;
  • да се идентификува и да се избегнува содржина која може да биде непожелна, шокантна или штетна.

За време на посетата на учесниците имаа можност да го посетат училиштето-домаќин „ Mihai Eminescu“ во кое се одржаа првите активности од размената (запознавање на учениците и презентација на презентациите за Романија кои ги изготвија самите ученици пред доаѓањето на размената). Исто така беше проследена претстава подготвена од најталентираните ученици во училиштето.

Во текот на останатите денови од ученичката размена се реалаизираа повеќе работилници поврзани со темата на размената и во склад на целите на проектот и тоа: „Сензационализам“, „Што се крие зад вестите“, „Дали се почитуваат детските права онлајн?“ и „Како да пронајдеме сензационлистички вести“.

Бидејки целта на овој проект е да научат за вестите и новинарството, тие ја посетија романската телевизија Digi TV, каде имаа можност да го истражат процесот на објавување на вест во медиумите.

За време на мобилноста се обрна внимание и на културната компонента преку учество во неколку активности: посета на знаминитости во градот Александрија, шетачка тура на Букурешт и посета на националниот парк Комана во кој учениците имаа можност да го посетат адреналинскот парк. Истовремено преку различните видови на неформали активности во училиштето и надвор од него учесниците имаа можност да се дружат, забавуваат и да формираат нови пријателства со своите со-учесници од различните држави.

Атмосферата за време на првиот ден од размената

Атмосферата за време на вториот ден од размената

Атмосферата за време на третиот ден од размената

Атмосферата за време на четвртиот ден од размената

Атмосферата за време на петтиот ден од размената

 

Дисеминација на нашите КА229 проекти за време на job-shadowing активност со наставници од Португалија

Во периодот од 16-20.05.2022 година нашето училиште е домаќин на job-shadowing активност со наставници од училиштето Santo André Schools Group (AESA) од Бариеро, Португалија.

За време на првиот ден од job-shadowing мобилноста наставниците од Португалија следеа неколку презентации: запознавање со образовниот систем во нашата држава, организацијата на наставаната и образованието во нашето училиште, запознавање со методите и начините на работа со ученици со посебни потреби и презентација на постоечките Еразмус+ КА229 проекти. Подолу можете да ги проследите презентациите од трите КА229 проекти кои беа презентирани

Презентација на Еразмус+ КА229 проект „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“

Презентација на Еразмус+ КА229 проект „Креативни читатели“

Презентација на Еразмус+ КА229 проект „Поинакво образовани во училницата во природа“

Атмосферата за време на првиот ден од job-shadowing мобилноста

Дисеминација на активностите од првата и втората ученичка размена во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“

На 13.05.2022 година беше извршена дисеминација на активностите од првата и втората ученичка размена во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“. Првата ученичка размена беше реализирана во периодот од 21-25.03.2022 година на која училиште-домаќин беше ОШ „Доситеј Обрадовиќ“ од Чичевац, Србија. На оваа размена учествува 10 ученици од нашето училиште. Втората ученичка размена беше реализирана во прериодот од 11-15.04.2022 година на која училиште-домаќин беше нашето училиште. На оваа размена учествуваа 6 ученици од нашето училиште.

Ученици кои учествуваа на двете ученички размени одржаа дисеминацијата од активностите за време на двете размени на своите соученици од медиумската секција и ученици-преставници од генерациите V-IX одделение. Тие им го пренесоа дожувавањето на своите соученици од активностите во кои имаа можност да другаруваат со ученици од партнер-училишта од Хрватска, Србија и Романија.

Презентацијата од дицеминацијата од првата ученичка размена е достапна на следниот линк

Десиминација од прва ученичка размена на ученици во Чичевац, Србија

Презентацијата од дицеминацијата од втората ученичка размена е достапна на следниот линк

Десиминација од втора ученичка размена на ученици во Македонија

Објави во е-весникот – април 2022 година

Во месец април 2022 година објавени се 11 натписи во е-весникот и 1 во рубриката – Гостин уредник во која се објавуваат преводи на натписа објавени во дигиталните весници на сите четири партнер-училишта. Сите натписи се достапни во делот Архива април 2022 во нашиот е-весник Л.А. ИН-форматор.

Втора ученичка размена во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“

Во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“ (Young journalists today – responsible digital citizens tomorrow) беше одржана втората ученичка размена во периодот од 11-15.04.2022 година во која домаќин беше нашето училиште. На размената присуствуваат 31 ученик и 16 наставници од партнер-училиштата од Хрватска, Романија, Србија и Македонија.

Темата на оваа размена е “Моќта на медиумите“, а преку планираните активности за време на мобилноста беа опфатени следните аспекти:

  • одговорност на новинарот наспрема одговорност на читателот,
  • влијание на медиумите врз општеството и социјалниот живот и
  • контрола на информациите.

На 11.04.20222 година, гостите, ученици и наставници од партнер училиштата, по пристигнувањето во училиштето беа поздравени од в.д. директорката, м-р Магдалена Петреска, која им посака топло добредојде и се осврна на проектот и неговата важност за идните генерации истакнувајќи дека сега кога живееме во време на отворено и брзо пласирање на информации нашите деца треба да знаат како да ја проверуваат веродостојноста на истите, да ги препознаваат дезинформациите и како во иднина одговорно самите тие да пласираат информации. Само така може да имаме добро информирани идни граѓани и веродостојни информации. Потоа таа истакна дека не само што проектот придонесува за иднината на децата, туку и придонесува кон создавање на спомени на училишните клупи преку склопување нови пријателства и силни врски кои се едни од најголемите придобивки во еден човечки живот.

Потоа гостите проследија пригодна приредба изведена од нашите ученици на која беше прикажана куса драматизација поврзана со обичаите за Велигден и народни ора.  Во текот на денот следеа активности за тим-билдинг и меѓусебно запознавање на учениците, посета и прием во општина Аеродром и проследување на првиот дел од презентациите за Македонија, а во пладнивните и вечерните часови во опуштена атмосфера имаше заеднички ручек и вечера со сите гости.

Во текот на останатите четири ден од ученичката размена се реалаизираа повеќе работилници поврзани со темата на размената и во склад на целите на проектот и тоа: „Моќта на медиумите“, „Да бидеме реални“, „Дали е трик или го заслужува мојот клик?“ и „Филтирани меурчиња“. Учесниците на размената исто така имаа можност да се запознаат со културата, обичаите и знаменитостите на градот Скопје и нашата држава преку презентации кои сами ги подготвија како и културните посети кои се реалзираа во текот на размената: шетачка тура низ градот Скопје проследена со лов на богатство, како и посета на археолошкото наоѓалиште Стоби. Истовремено преку различните видови на неформали активности во училиштето и надвор од него учесниците имаа можност да се дружат, забавуваат и да формираат нови пријателства со своите со-учесници од различните држави.

Атмосферата за време на првиот ден од размената

Атмосферата за време на вториот ден од размената

Атмосферата за време на третиот ден од размената

Атмосферата од Treasure hunt активноста за време на шетачката тура низа Скопје 

Атмосферата за време на четвртиот ден од размената

Атмосферата за време на петтиот ден од размената

Објави во е-весникот – март 2022 година

Во месец март 2022 година објавени се 6 натписи во е-весникот и 2 во рубриката – Гостин уредник во која се објавуваат преводи на натписа објавени во дигиталните весници на сите четири партнер-училишта. Сите натписи се достапни во делот Архива март 2022 во нашиот е-весник Л.А. ИН-форматор.

Прва ученичка размена во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“

Во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“ (Young journalists today – responsible digital citizens tomorrow) беше одржана првата ученичка размена во периодот од 21-25.03.2022 година во Чичевац, Црбија. На размената присуствуваат ученици и наставници од партнер-училиштата од Хрватска, Романија, Србија и Македонија. Од нашето училиште беа присутни координаторот на проектот, Љубица Ружинска, наставниците: Тања Крстевска, Јасмина Ристеска и Златика Јолеска-Даскалов, како и учениците: Ана Гривчевска, Андреа Анакиевска, Анастасија Николова, Горјан Азманов, Лука Ѓуриќ, Драган Божиќ, Марко Павлески, Јована Николовска, Петар Манџуковски и Симона Грашкоска .

Главните цели на ученичката размена беа:

  • да се запознаат со начините за веррификација на вести и препознавање на чажни вести
  • да се стекнат со основно знаење за новинатството и фотоновинарството

За време на посетата на училиштето-координатор на проектот ОШ „Доситеј Обрадовиќ“, Чичевац беше преставено нивното училиште во кое се одржаа првите активности од размената (запознавање на учениците и презентација на презентациите за Србија кои ги изготвија самите ученици пред доаѓањето на размената). Исто така беше реализирана и посета на општината Чичевац каде што учесниците беа пречекани од страна на градоначалничка и претставниците на општината Чичевац.

За време на останатите денови од размената, учениците учествуваа во неколку работилници и тоа: „Лажни вести“, „Лажни или вистинити?“, „Борба со лажни вести“, „Основи на фотоновинатството“, „Моќта на сликите – презентирање на приказна“, „Вистински новинар – дали треба да им веруваме на социјалните мрежи“, „Како да направиме вистински новинарски натпис“ и „Мојата новинарска приказна“.

Бидејки целта на овој проект е да научат за вестите и новинарството, тие ја посетија и главната, а воедно и најстарата Радио-телевизија во Крушевац, каде имаа можност да го истражат почетокот и крајот на објавување на вест во медиумите.

За време на мобилноста се обрна внимание и на културната компонента преку учество во неколку активности: посета на знаминитости во градот Чичевац, посета на знаменитости во градот Крушевац и посета на Врњачка Бања.

Активности од 1 ден од размената

Репортажа од локалната ТВ станица за ученичката размена

Активности од 2 ден од размената

Посета на Радио Телевизија Крушевац (РТК)

Активности од 3 ден од размената

Активности од 4 ден од размената

Активности од 5 ден од размената

Објави во е-весникот – февруари 2022 година

Во месец февруари 2022 година објавени се 6 натписи во е-весникот и 4 во рубриката – Гостин уредник во која се објавуваат преводи на натписа објавени во дигиталните весници на сите четири партнер-училишта. Сите натписи се достапни во делот Архива февруари 2022 во нашиот е-весник Л.А. ИН-форматор.

Објави во е-весникот – декември 2021 година

Во месец декември 2021 година објавени се 9 натписи во е-весникот и 2 во рубриката – Гостин уредник во која се објавуваат преводи на натписа објавени во дигиталните весници на сите четири партнер-училишта. Сите натписи се достапни во делот Архива декември  2021 во нашиот е-весник Л.А. ИН-форматор.

Тркалезна маса на тема „Младите и медиумите“

На 23.12.2021 година со почеток од 17:30 часот беше реализирана  едночасовна Тркалезна маса на којашто разговараме на тема „Младите и медиумите“. Истате беше реализирана онлајн преку MS Teams платформата. Активноста е дел од нашиот Еразмус+ КА229 проект „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“. Сакаме да се позборува за состојбата со печатените и дигиталните медуми за деца и млади, потребата од нив, степенот и квалитетот на медиумската писменост кај децата и младите итн. За таа цел, нашите гости-учесници, стручни лица, имаа излагања на темата, секоја од својот домен на стручност и опфат:

  • д-р Жанета Трајкоска од ИКС (Институт за комуникациски студии) – квалитет на пласирани информации во медиумите, медиумска писменост во образованието, младите и медиумите, и сл.
  • мр Филијана Кока, уредник во МТВ и потпретседател на Здружението на новинарите на РСМ – состојбата со телевизиска програма за деца и млади (филмски, сериски, документарни, интерактивни  итн.);
  • г-ѓа Ксенија Трајчева-Маказлиева, уредник во редакцијата „Детска радост“ – печатени и дигитални списанија за деца и млади.

Настанот беше посетен од страна на членовите на медиумската секција од училиштето, наставници, ученици и нивни родители како и посетители од локалната средина и пошироко.

Објави во е-весникот – ноември 2021 година

Во месец ноември 2021 година објавени се 10 натписи во е-весникот и 4 во рубриката – Гостин уредник во која се објавуваат преводи на натписа објавени во дигиталните весници на сите четири партнер-училишта. Сите натписи се достапни во делот Архива ноември  2021 во нашиот е-весник Л.А. ИН-форматор.

Нашиот еТвининг проект „Млади новинари денес – одговорни граѓани утре“ објавен во еТвининг книгата на добри пракси на тема „Медиумска писменост и дезинформации“

Нашиот еТвининг проек „Млади новинари денес – одговорни граѓани утре“ (Young journalists today – responsible citizens tomorrow) кој е дел од Еразмус+ КА22 проектот под исто име и кој се реализираше во периодот од декември 2019 до мај 2020 година, е објавен во еТвининг книгата на добри пракси на тема „Медиумска писменост и дезинформации“. Годишната еТвининг тема за 2021 година е Медиумска писменост и дезинофрмации. Целта на оваа еТвининг книга е да даде инспирација и поддршка на наставниците и учениците од различни возрасни групи преку истражување на темата од различни агли, да илустрира примери на добри пракси на еТвининг проекти на оваа тема и да понуди различни ресурси и активности.

Објави во е-весникот – октомври 2021 година

Во месец октомври 2021 година објавени се 8 натписи во е-весникот и 1 во рубриката – Гостин уредник во која се објавуваат преводи на натписа објавени во дигиталните весници на сите четири партнер-училишта. Сите натписи се достапни во делот Архива октомври  2021 во нашиот е-весник Л.А. ИН-форматор.

Петто одделенците беа ТВ презентери/спикери

На 20.10.2021 година учениците од V-1 одделение учествуваа во работилницата „Како да станам ТВ презенетер/спикер“ која е дел од нашиот Еразмус+ КА229 проект „Млади новинари дене – одговорни дигитални граѓани утре“. Работилницата беше реализирана од страна на нашиот одделенски наставник, Тања Јосимовска. Учениците во оваа работилница се запознаа со професијата ТВ презентер/спикер и научија како треба да се однесуваат пред камера. После гледање на неколку видео прилози, учениците имаа за задача да презентираат неколку најави за ТВ прилози. Тие беа организирани во улога на спикери/презентери, сниматели и уредници. Материјалите од работилницата можете да ги најдете на следниот линк. Текстот за текот на работилницата можете да го прочитате во нашиот дигитален весник на следниот линк.

Онлајн состаник на координатори

На 20.10.2021 година се одржа онлајн состанок на координатори од партнер-училиштата вклучени во проектот. За време на состанокот беа дискутирани обвските во рамките на проектот кои треба да се релизираат во партнер-училиштата оваа година. Исто така беше договорено одржување на првата мобилност на ученици во Србија во периодот од 13-17.12.2021 година.

Медиумската секција ја започна својата работа во новата учебна година 2021-22

Во учебната 2021-2022 година, медиумската секција својата работа ја започна онлајн со помош на Microsoft Teams. Прва онлајн средба се реализираше на 01.10.2021 година. Оваа учебна година медиумската секција ќе работи комбинирано, со физичко присуство на училиште и онлајн со помош на Microsoft Teams. При онлајн работата со помош на Microsoft Teams учениците можат да разговараат, коментираат и да даваат сугестии за дадените предлози, да го споделуваат екранот, а за споделување на материјалите за работа ќе се искористат и дополителни онлајн можности (Google Drive и чет опцијата на Microsoft Teams).  За време на првата средба беше утврден терминот за онлајн средбите, начинот на организација на работата на групата и организација на дигиталниот училишен весник. Медиумската група ќе се состанува редовно секој петок.

Учебна 2020-2021 година

Објави во е-весникот – мај/јуни 2021 година

Во месец мај/јуни 2021 година објавени се 8 натписи во е-весникот и 8 во рубриката – Гостин уредник во која се објавуваат преводи на 2 натписа објавени во дигиталните весници на сите четири партнер-училишта. Сите натписи се достапни во делот Архива мај  2021 и Архива јуни  2021 во нашиот е-весник Л.А. ИН-форматор.

Дигитална книга со добри пракси

Во рамките на нашиот Еразмус+ КА229 проект „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“  во месец март 2021 година, 5 партнер училишта во проектот заеднички изработија Дигитална книга со колекција на дигитални апликации и алатки. Како резулат 5 партнер-училишта подготвија Дигитална книга со добри пракси во која се прикажани примери на примена на дигитални алатки (Sli.doBloggerMentimeterPadlet и Kahoot) во секојдневната настава. Дигиталната книга со добри пракси е достапна на следниот ЛИНК.

Онлајн состанок на координатори

На 11.05.2021 година беше одржан онлајн состанок со координаторите од сите партнер-училишта вклучени во проектот. За време на состанокот беа дискутирани активностите кои треба да се завршат до крајот на оваа учебна година и беа договорени активностите кои ќе останат за реализација за следната учебна година со оглед на тоа дека проектот доби продолжување од една година поради Ковид-19 пандемијата. Координаторите се договорија дека планот за реализација на мобилностите кои треба да се спроведат во рамките на проектот ќе биде договорен на почетокот на септември 2021 година откако ќе се има појасна слика за регулативите за патување настанати со ковид-19.

Објави во е-весникот – април 2021 година

Во месец април 2021 година објавени се 8 натписи во е-весникот и 13 во рубриката – Гостин уредник во која се објавуваат преводи на 2 натписа објавени во дигиталните весници на сите четири партнер-училишта. Сите натписи се достапни во делот Архива април  2021 во нашиот е-весник Л.А. ИН-форматор.

Повеќе јазичен речник со медиумски поими

Во рамките на нашиот Еразмус+ КА229 проект „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“ 5 партнер училишта во проектот заеднички изработија Дигитална повеќе јазичен речник со медиумски поими. Дигиталниот речник беше едитирана од страна на партнер-училиштето од Романија. Тој содржи 15 медиумски поими кои се достапни на 6 јазици. Дигиталниот речник е изработен во веб апликација Genially и е достапен на следниот ЛИНК. Со кликање на иконите (на пр. на иконата Hashtag) поимите се достапни на шестте јазика (англиски, македонски, хрватски, српски, романски и шпански).

Осмооделенците беа во улога на уредници

На 14.04.2021 година беше реализирана онлајн работилница „Биди уредник“ (Be an editor) за време на часовите со учениците од VIII-2 и VIII-3 одд. од страна на предметниот наставник,  Љубица Ружинска. Работилницата е дел од нашиот Еразмус+ КА229 проект „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“ преку кои учениците ќе можат да ја развијат дигиталната писменост и да се поттикнат за одговорно дигитално граѓанство. Целта на оваа работилница е учениците да научат повеќе за одговорностите на уредникот и најважните етички правила на новинарската професија. Во планираните задачи учениците беа ставени во улога на уредници и можеа да предложат измени кои би ги извршиле доколку се уредници во весник во кој е објавен предложениот натпис. Материјалите од работилницата можете да ги најдете на следниот линк. Текстот за текот на работилницата можете да го прочитате во нашиот дигитален весник на следниот линк.

Дисеминација на работилниците за развивање на медиумска писменост за родители

Во периодот од 6-8.04.2021 година, за време на родителските средби, родителите-членови на Советот на родители извршија дисеминација на двете работилници за развивање на медиумската писменост пред  останатите родители во одделенијата каде што тие се претставници. Во овој круг на дисеминација опфатени беа вкупно 725 родители од I-IX одделение. Првично на 22.03.2021 година беа реализирани двете работилници за родители за развивање на медиумската писменост во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Млади новинари денес – одговорни дгитални граѓани утре“. Работилниците беа реализирани онлајн преку платформата MS Teams за членовите на Советот на родители. Повеќе информации за текот на овие работилници можете да најдете на следниот линк.

Објави во е-весникот – март 2021 година

Во месец март 2021 година објавени се 8 натписи во е-весникот и 2 во рубриката – Гостин уредник во која се објавуваат преводи на 2 натписа објавени во дигиталните весници на сите четири партнер-училишта. Сите натписи се достапни во делот Архива март 2021 во нашиот е-весник Л.А. ИН-форматор.

Работилници за родители за развивање на медиумската писменост 

На 22.03.2021 година беа реализирани две работилници за родители за развивање на медиумската писменост во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Млади новинари денес – одговорни дгитални граѓани утре“. Работилниците беа реализирани онлајн преку платформата MS Teams за членовите на Советот на родители. Првата работилница на тема „Позитивна и негативна содржина во медиумите: Медиумско влијание и можности за родителите“  за родителите од одделенска настава беше презентирана од страна на нашиот Еразмус+ координатор, Љубица Ружинска, заедно со дел од членовите од Тимот за реализација на проектот одделнските наставници Тања Јосимовска и Христина Божиновска. Презентацијата од работилницата е достапна на следниот линк. Цел на работилницата беше да им се посочат позитивните и негативните содржини на интернет и нивната улога во медиумската писменост на децата. Во воведниот дел на работилницата родителите се запознаа со примери на позитивни и негативни содржини во медиумите и со истражувања за сигурноста на децата на интернет. Родителите за време на работилницата имаа можност и сами да прегледаат некои медиумски содржини и да ги споделат своите мислења за истите со другите учесници во работилницата.

Втората работилница на тема „Насочување на дигиталната генерација“ за родителите од предметна настава беше презентирана од страна на помошник директор, Милена Игњатова, заедно со дел од членовите на Тимот за реализација на проектот, наставник по македонски јазик, Валентина Петрова и наставник по музичко образование, Тања Крстевска. Презентацијата од работилницата е достапна на следниот линк. За време на работилницата родителите се запознаа со раличните аспекти на дигитализацијата со цел да бидат подготвени да им помогнат на децата да ги почитуваат чувставата, приватноста и сопственоста на останатите луѓе упатувајќи ги кон вистинската патека низ животот во дигиталниот свет.

Членовите на Советот на родители за време на родителските средби во месец април 2021 година ќе ги споделат информациите и презенатците со останатите родители во одделенијата каде што тие се претставници.

Дисеминација на активностите во рамките на Еразмус+ КА229 проект „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“

На 22.03.2021 година беше реализирана дисеминација на активностите во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“ пред членовите на Советот на родители. Дисеминацијата беше организирана онлајн преку платформата MS Teams пред почетокот на онлајн работилницата за медиумска писменост наменета за родители. За време на презентацијата членовите на Советот на родители се запознаа со активностите кои досега се реализирани во рамките на проектот, како и активностите кои ќе следуваат во следниот период. Членовите на Советот на родители за време на родителските средби во месец април 2021 година ќе ги споделат информациите и презенатцијата со останатите родители во одделенијата каде што тие се претставници.

Презентација од дисеминацијта на активностите

Дигитална книга со колекција на дигитални апликации и алатки

Во рамките на нашиот Еразмус+ КА229 проект „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“ 5 партнер училишта во проектот заеднички изработија Дигитална книга со колекција на дигитални апликации и алатки. Дигиталната книга беше едитирана од страна на партнер-училиштето од Србија.

За дигиталната книга, нашето училиште подготви инструкции за алатката Adobe Sparkпартнер-училиштето од Хрватска за алатките: Kotobee и StoryboardThatпартнер-училиштето од Србија за Preziпартнер-училиштето од Романија за Piktochart и партнер-училиштето од Шпанија за Canva.

Објави во е-весникот – јануари/февуари 2021 година

Во месец јануари/февуари 2021 година објавени се 8 натписи во е-весникот и 4 во рубриката – Гостин уредник во која се објавуваат преводи на 2 натписа објавени во дигиталните весници на сите четири партнер-училишта. Сите натписи се достапни во делот Архива јан/фев 2021 во нашиот е-весник Л.А. ИН-форматор.

Победници на интернационалниот натпревар по повод Денот за побезбеден интернет

Во периодот од  9-15.02.2021 година се организираше интернационалниот натпревар по повод Денот за побезбеден интернет во рамките на ЕРАЗМУС+ КА229 проектот „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“  на кој од сите 5 држави учествуваа во 3 категории:

Изборот на најдобрите изработки од секоја категорија беше направен од страна на учениците од сите 5 училишта-партнери во проектот. По пет ученика од секое училиште гласаа онлајн преку Google form, а ова се резултатите од онлајн гласањето: Категорија видео

  • 1 место – филм бр. 4 (Хрватска) со 41 поен

  • 2 место – филм бр. 3 (Република Северна Македонија) со 39 поени

  • 3 место – филм бр. 2 (Шпанија) со 30 поени

Категорија дигитален стип

  • 1 место – стрип бр. 1 (Хрватска) со 24 поена

  • 2 место – стрип бр. 7 (Романија) со 18 поена

  • 3 место – стрип бр. 4 (Република Северна Македонија) со 17 поена

Категорија расказ

  • 1 место – расказ бр. 1 (Хрватска) со 22 поена
https://youngjournalistshome.files.wordpress.com/2021/02/story-1.pdf
  • 2 место – расказ бр. 6 (Република Северна Македонија) со 19 поена
https://youngjournalistshome.files.wordpress.com/2021/02/story-6.pdf
  • 3 место – расказ бр. 2 (Хрватска) со 17 поена

https://youngjournalistshome.files.wordpress.com/2021/02/story-2.pdf Изработките на учениците од нашето училише се пласираа во секоја категорија, односно во категоријата видео 2 место освои филмот на ученикот Стефан Игњатов 9-4 одд., во категоријата дигитален стрип 3 место освои стрипот на ученичката Теона Ѓорѓиева 8-1 одд. и во категоријата расказ 2 место освои текстот на ученичката Илина Стојановска 6-1 одд. Авторите ќе бидат наградени со слушалки со микрофон.

Резултати од училишниот конкурс по повод Денот за побезбеден интернет

Во периодот од 15.12.2020 год. до 20.01.2021 год. рамките на ЕРАЗМУС+ КА229 проектот „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“, по повод Денот за побезбеден интернет, беше распишува училишен конкурс за изработки во 3 категории: кратко видео, дигитален стип и расказ. Доставените изработки од учениците беа разгледани од комисијата од наставници одговорни за конкурсот и според дадените критериуми наградени се следните ученици: Најдобро видео

Најдобар дигитален стрип

Најдобар расказ

Одбраните изработки (најдобро видео, 3 најдобри стрипа и 3 најдобри раскази) во февруари ќе учествуваат на меѓународен натпревар во рамките на ЕРАЗМУС+ проектот.

Објави во е-весникот – декември 2020 година

Во месец декември 2020 година објавени се 20 натписи во е-весникот и 10 во рубриката – Гостин уредник во која се објавуваат преводи на 2 натписа објавени во дигиталните весници на сите четири партнер-училишта. Сите натписи се достапни во делот Архива декември 2020 во нашиот е-весник Л.А. ИН-форматор.

Осмооделенците диксутираа за приватноста онлајн

На 21.12.2020 година беше реализирана работилницата „Приватност онлајн“ за време на класниот час во VIII-1  одделение од страна на класниот раководител, Валентина Петрова. Работилницата е дел од нашиот Еразмус+ КА229 проект „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“ преку кои учениците ќе можат да ја развијат дигиталната писменост и да се поттикнат за одговорно дигитално граѓанство. Цел на оваа работилница е да се прикажат можностите за заштита на приватноста на интернет и значењето на дигиталниот траг. За време на работилницата учениците дискутираа за различни видови приватност (својата и приватноста на другите) и направија листа со совети што ТРЕБА и НЕ ТРЕБА  да прават за да се заштити идентитетот онлајн давајќи примери од сопствено искуство. Материјалите од работилницата можете да ги најдете на следниот линк. Текстот за текот на работилницата можете да го прочитате во нашиот дигитален весник на следниот линк.

Шестоодделенците во улога на новинари

На 21.12.2020 година беше реализирана работилницата „Медија тренинг“ за време на класниот час во VI-6  одделение од страна на класниот раководител, Мирослава Павлова-Аневска. Работилницата е дел од нашиот Еразмус+ КА229 проект „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“ преку кои учениците ќе можат да ја развијат дигиталната писменост и да се поттикнат за одговорно дигитално граѓанство. Целта на оваа работилница беше учениците да се запознаат со новинарството, начинот на создавање новинарски текст и какво новинарство и новинарски напис постои. Материјалите од работилницата можете да ги најдете на следниот линк. Текстот за текот на работилницата можете да го прочитате во нашиот дигитален весник на следниот линк.

Седмооделенците учеа за информативни и кликбејт наслови

На 23.12.2020 година беше реализирана работилницата „Информативни и кликбејт наслови“ за време на класниот час во VII-6  одделение од страна на класниот раководител, Маја Стојановска. Работилницата е дел од нашиот Еразмус+ КА229 проект „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“ преку кои учениците ќе можат да ја развијат дигиталната писменост и да се поттикнат за одговорно дигитално граѓанство. Целта на оваа работилница беше да се објасни разликата помеѓу информативните и кликбејт наслови, како и да се запознаеме со целта на кликбејт насловите. За да ја воочат разликата помеѓу информативните и кликбејт насловите учесниците во оваа работилница сами подготваа неколку наслови. Материјалите од работилницата можете да ги најдете на следниот линк. Текстот за текот на работилницата можете да го прочитате во нашиот дигитален весник на следниот линк.

Деветтоодделенците учеа како да се справат со лажни вести

На 18.12.2020 година беше реализирана работилницата „Справување со лажните вести“ за време на класниот час во IX-3 одделение од страна на класниот раководител, Елена Кузмановска. Работилницата е дел од нашиот Еразмус+ КА229 проект „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“ преку кои учениците ќе можат да ја развијат дигиталната писменост и да се поттикнат за одговорно дигитално граѓанство. Учесниците во работилницата научија за карактеристиките на лажните вести и дознаа со која цел настануваат лажните вести. Користејќи алатки за проценка на лажни вести, учениците имаа задача да заклучат кои вести се лажни. Материјалите од работилницата можете да ги најдете на следниот линк. Текстот за текот на работилницата можете да го прочитате во нашиот дигитален весник на следниот линк.

Учениците од ООУ „Гоце Делчев“ учеа за дигитална драма

На 21.12.2020 година беше реализирана работилница на тема „Дигитална драма“, предвидена во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“. Со цел остварување на планираната меѓуучилишна соработка со основно училиште на локално ниво, работилницата ја реализираше нашиот психолог, Аделина Давидовска , во текот на одделенскиот  онлајн час за учениците од IX-1 одд. од ООУ „Гоце Делчев“ Скопје, по претходно заемен договор со нивниот одделенски наставник.

Цел на оваа работилница е да има се покажат на учениците стратегии за справување со дигиталната драма. Немерата е да се поттикнат да не толерираат насилство на интернет и преку сопствен пример да промовираат коректни врснички односи во виртуелниот и реалниот живот. Во склад со наведените цели испланирани се задачи за работа во група во кои учениците ќе играат улоги на оние кои поттикнуваат кавга/спор и оние кои конструктивно делуваат за да не дојде до истиот или истиот да се намали.

Материјалите од работилницата можете да ги најдете на следниот линк. Текстот за текот на работилницата можете да го прочитате во нашиот дигитален весник на следниот линк.

Осмооделенците учеа за дигиталното граѓанство

На 18.12.2020 година беше реализирана работилницата „Одговорни дигитални граѓани“ за време на класниот час во VIII-6 одделение од страна на класниот раководител, Тања Крстевска. Работилницата е дел од нашиот Еразмус+ КА229 проект „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“ преку кои учениците ќе можат да ја развијат дигиталната писменост и да се поттикнат за одговорно дигитално граѓанство. Целта на оваа работилница е да им се приближи на учениците поимот за дигитално граѓанство и сите елементи кои истото ги опфаќа и да им се посочат различните можности за активно дигитално граѓанство. Преку зададените задачи за време на работилницата, учениците исто така ќе можат да разгледуваат активностите кои би можеле да се вклучат во образовниот/училишниот курикулум кои би помогнале на младите/учениците да станат активни дигитални граѓани. Материјалите од работилницата можете да ги најдете на следниот линк. Текстот за текот на работилницата можете да го прочитате во нашиот дигитален весник на следниот линк.

Деветтоодделенците дебатираа за инструментите за манипулација во медиумите

На 15.12.2020 година беше реализирана работилницата „Инструментите за манипулација во медиумите за време на одделенскиот час во IX-1 одд. од страна на класниот раководител Тина Симиќ Ацковска.  Работилницата е дел од нашиот Еразмус+ КА229 проект „Млади новинаи денес – одговорни дигитални граѓани утре“  преку кои учениците ќе можат да ја развијат дигиталната писменост и да се поттикнат за одговорно дигитално граѓанство. Целта на оваа работилница е истражување на концептот за манипулација, развивање на критичко размислување; идетификација на квалитетни информации и манипулативни пораки, аналзирајње и критичко интерпретирање на медиумските продизводи; разбирање на местото и улогата на медиумите во динамиката на современото општество и изразување на мислење и ставови кон примените информации. Материјалите од работилницата можете да ги најдете на следниот линк. Текстот за текот на работилницата можете да го прочитате во нашиот дигитален весник на следниот линк.

Учениците од ООУ,,Љубен Лапе” учеа за моќта на сликата

На 18.12.2020 година беше реализирана  работилницата „Моќта на сликата“-улогата на фотографијата во медумската содржина, предвидена во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“. Со цел остварување на планираната меѓуучилишна соработка со основно училиште на локално ниво, работилницата ја реализираше Магдалена Петреска, одделенски наставник во ООУ,,Лазо Ангеловски” , во текот на одделенскиот  онлајн час за учениците од IV-1 одд. од ООУ,,Љубен Лапе“ – Скопје, по претходно заемен договор со нивниот одделенски наставник Емилија Пап. Целта на оваа работилница беше да се разгледаат фотографии/слики и да се објасни нивната улога во пренесување на медиумската порака. Секоја фотографија има одредена порака која треба да се разбере, а сето тоа зависи од личните искуства, вредности и верувања на секоја личност. Материјалите од работилницата можете да ги најдете на следниот линк. Текстот за текот на работилницата можете да го прочитате во нашиот дигитален весник на следниот линк.

Петтооделенците дискутираа за улогата на фотографијата во медиумите

На 16.12.2020 година беше реализирана работилницата „Моќта на сликата“ за време на часот по македонски јазик во V-1 одд. од страна на класниот раководител Магдалена Петреска.  Работилницата е дел од нашиот Еразмус+ КА229 проект „Млади новинаи денес – одговорни дигитални граѓани утре“  преку кои учениците ќе можат да ја развијат дигиталната писменост и да се поттикнат за одговорно дигитално граѓанство. Целта на оваа работилница е учесниците да разберат дека секоја слика има одредена порака и да разберат дека сфаќањето на секоја фотографија зависи од искуството, вредностите и верувањата на секоја личност. После пленарниот дел од работилницата, учениците во групи анализира пораки на некои фотографии. Материјалите од работилницата можете да ги најдете на следниот линк. Текстот за текот на работилницата можете да го прочитате во нашиот дигитален весник на следниот линк.

Шестоодделенците учеа за рекламен постер и рекламен спот

На 14.12.2020 година беше реализирана работилницата „Аудиовизуелно“ за време на одделенскиот час во VI-3 одд. од страна на класниот раководител Даниела Давковска.  Работилницата е дел од нашиот Еразмус+ КА229 проект „Млади новинаи денес – одговорни дигитални граѓани утре“  преку кои учениците ќе можат да ја развијат дигиталната писменост и да се поттикнат за одговорно дигитално граѓанство. Целта на оваа работилница е да се истражи концептот на рекламен постер и рекламен спот/реклама со цел да се поттикнат да размислуваат на влијанието кое рекламените постери и рекламените спотови/реклами имаат врз потрошувачите. Материјалите од работилницата можете да ги најдете на следниот линк. Текстот за текот на работилницата можете да го прочитате во нашиот дигитален весник на следниот линк.

Седмооделенците учеа како да ги почитуваат авторските права

На 14.12.2020 година беше реализирана работилницата „Авторски права“ за време на одделенскиот час во VII-5 одд. од страна на класниот раководител Жаклина Колевска.  Работилницата е дел од нашиот Еразмус+ КА229 проект „Млади новинаи денес – одговорни дигитални граѓани утре“  преку кои учениците ќе можат да ја развијат дигиталната писменост и да се поттикнат за одговорно дигитално граѓанство. Преку оваа работилница учениците ќе се запознаат со поимот за авторски права, за појавите на плагијат и пиратерија и ќе научат дека и нематеријалното добро е производ на нечии труд и исто така заслужува да биде признаен и платен како и за материјално добро. За време на задачите во групи учениците ќе имаат можност да вежбаат наведување на користена литература (извори) според дадени правила, како и да го совладуваат процесот на преземање на бесплатна музика од апликацијата Freeplaymusic.com за користење во изработка на филмови/видеа. Материјалите од работилницата можете да ги најдете на следниот линк. Текстот за текот на работилницата можете да го прочитате во нашиот дигитален весник на следниот линк.

Училишен конкурс по повод Денот за побезбеден интернет 

Во рамките на ЕРАЗМУС+ КА229 проектот „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“, по повод Денот за побезбеден интернет, се распишува училишен конкурс за изработки во 3 категории: КАТЕГОРИИ: Кратко видео Критериуми:

  • содржина –  безбедност на интернет, справување со проблеми на интернет, заштита и сл.
  • должина – од една до 10 минути
  • формат – mp4, avi, StopMotion и сл.

Стрип (дигитална форма) Критериуми:

  • содржина –  безбедност на интернет, справување со проблеми на интернет, заштита и сл.
  • апликација – дигитална апликација по избор на ученикот/групата (на пр. StoryboardThatMakebeliefscomixPixton и сл.)
  • формат – .pdf, .jpg, .png

Расказ Критериуми:

  • содржина –  безбедност на интернет, справување со проблеми на интернет, заштита и сл.
  • апликација – MS Word или друг текстуален процесор

 Сите изработки се изработуваат на англиски јазик.  ИЗБОР: Учесниците на конкурсот од сите категории ќе поминат прво училиштен натпревар, од кој ќе се одберат:

  • 1 најдобро видео
  • 3 најдобри стрипа
  • 3 најдобри раскази

Одбраните изработки во сите категории во февруари ќе учествуваат на меѓународен натпревар во рамките на ЕРАЗМУС+ проектот. НАЧИН НА ИСПРАЌАЊЕ: Изработките треба да се постават на Drive (ОneDrive или GoogleDrive) и да се споделат со одговорните наставници** најдоцна до 20.01.2021 година: ljubica.ruzhinska@oulazoangelovski.edu.mk valentina.petrova@oulazoangelovski.edu.mk ** за подетални информации обратете се кај одговорните наставници.

Учениците од ООУ „Александар Македонски“ учеа за авторските права

На 11.12.2020 година беше реализирана работилницата „Авторски права“ која е дел од нашиот Еразмус+ КА229 проект „Млади новинаи денес – одговорни дигитални граѓани утре“  преку кои учениците ќе можат да ја развијат дигиталната писменост и ќе се поттикнат за одговорно дигитално граѓанство. Со цел остварување на планираната меѓуучилишна соработка со основно училиште на локално ниво, работилницата ја реализираше м-р Благица Ангеловска, библиотекар на нашето училиште, во текот на дополнителниот онлајн час за учениците од VII-2 одд. од ООУ „Александар Македонски“ – Скопје, по претходно заемен договор со нивниот одделенски раководител Александра Наџинска Ефремова. Целите на работилницата беа да се запознаат учесниците на работилницата со поимот авторски права, да научат дека и нематеријалното добро (на пр.: книжевно дело, уметничка слика, филм и сл.) е производ на нечиј труд којшто треба да му биде признаен и/или платен, како и за материјалното добро, да се предупредат дека појавите на плагијат и пиратерија како нелегални дејствија им нанесуваат штета на авторите и да им се посочат можностите за почитување на авторските права во секојдневните активности во училиштето, како и надвор од него. Материјалите од работилницата можете да ги најдете на следниот линк. Текстот за текот на работилницата можете да го прочитате во нашиот дигитален весник на следниот линк.

Работилница „Пораки во медиумите“ – Концептот на идеалн изглед и притисокот да се изгледа идеално

На 9.12.2020 година беше реализирана работилницата „Пораки во медиумите“ за време на часот по англиски јазик во VIII-4 одд. од страна на наставничката по англиски јазик, Љубица Ружинска.  Работилницата е дел од нашиот Еразмус+ КА229 проект „Млади новинаи денес – одговорни дигитални граѓани утре“  преку кои учениците ќе можат да ја развијат дигиталната писменост и да се поттикнат за одговорно дигитално граѓанство. Цел на оваа работилница беше да се истражи концептот за идеален изглед (Од каде доаѓа? Каков притисок истиот врши врз нас?) за да можат учениците да станат вешти, критички настроени коририсници на медиумите преку истражување на начинот на кој што изгледот се претставува во медиумите и како сликите во професионалните медиуми (пр. реклами) и социјалните медиуми (пр. Инстаграм) се манипулирани и често драстично променети за да се доближат до идеалниот изглед.  Во склад со наведените цели се спроведоа задачи за работа во група преку кои учениците имаа можност да развијат стратегии да се спротистават на пристисоците да се постигне идеалниот изглед, да не се споредуваат себе си со нив, да се спротистават и да изградат самодоверба за сопствениот изглед. Материјалите од работилницата можете да ги најдете на следниот линк. Текст напишан од страна на ученик од одделението за текот на работилницата можете да го прочитате во нашиот дигитален весник на следниот линк.

Седмоодделенците учеа за дигитална драма

На 30.11.2020 година беше реализирана работилницата „Дигитална драма“ за време на одделенскиот час во VII-4 одд. од страна на класниот раководител Анета Талеска.  Работилницата е дел од нашиот Еразмус+ КА229 проект „Млади новинаи денес – одговорни дигитални граѓани утре“  преку кои учениците ќе можат да ја развијат дигиталната писменост и да се поттикнат за одговорно дигитално граѓанство.

Цел на оваа работилница беше да има се покажат на учениците стратегии за справување со дигиталната драма. Немерата е да се поттикнат да не толерираат насилство на интернет и преку сопствен пример да промовираат коректни врснички односи во виртуелниот и реалниот живот. Во склад со наведените цели се спроведоа задачи за работа во група во кои учениците играат улоги на оние кои поттикнуваат кавга/спор и оние кои конструктивно делуваат за да не дојде до истиот или истиот да се намали. Материјалите од работилницата можете да ги најдете на следниот линк. Текст напишан од страна на ученик од одделението за текот на работилницата можете да го прочитате во нашиот дигитален весник на следниот линк.

Објави во е-весникот – ноември 2020 година

Во месец ноември 2020 година објавени се 9 натписи во е-весникот и 2 во рубриката – Гостин уредник во која се објавуваат преводи на 2 натписа објавени во дигиталните весници на сите четири партнер-училишта. Сите натписи се достапни во делот Архива ноември 2020 во нашиот е-весник Л.А. ИН-форматор.

Објави во е-весникот – октомври 2020 година

Во месец октомври 2020 година објавени се 8 натписи во е-весникот и 6 во рубриката – Гостин уредник во која се објавуваат преводи на 2 натписа објавени во дигиталните весници на сите четири партнер-училишта. Сите натписи се достапни во делот Архива октомври 2020 во нашиот е-весник Л.А. ИН-форматор.

Европска ознака за квалитет за нашиот еТвининг проект

Нашиот еТвининг проект кој се реализираше во периодот од декември 2019 до мај 2020 година, се здоби со Европска ознака за квалитет. Ова значи дека работата на наставниците, нивните ученици и училиштето во кое што работат, е препознаена и наградена со највисоко европско ниво. еТвининг проектот во јуни 2020 година исто така доби Национални ознаки за квалитет од страна на Националните агенции од Македонија, Хрватска, Србија и Шпанија, а во септември 2020 од страна на Националните агенции од Романија и Италија. Резултатите можете да ги погледнете на следниот линк.

Медиумската секција ја започна својата работа онлајн

Поради светската пандемија предизвикана од Ковид-19 вирусот и насоките од Министерството за образование и наука за начинот на реализација на наставата за учебната 2020-2021 година, медиумската секција својата работа ја започна онлајн со помош на Microsoft Teams. Прва онлајн средба се реализираше на 09.10.2020 година. Работата онлајн е нов начин на работа на групата, но со помош на Microsoft Teams учениците можат да разговараат, коментираат и да даваат сугестии за дадените предлози, да го споделуваат екранот, а за споделување на материјалите за работа ќе се искористат и дополителни онлајн можности (Google Drive и чет опцијата на Microsoft Teams).  За време на првата средба беше утврден терминот за онлајн средбите, начинот на организација на работата на групата и организација на дигиталниот училишен весник. Медиумската група ќе се состанува редовно секој петок.

Учебна 2019-2020 година

Е-книга и материјали за 15 работилници за „Медиумска писменост и дигитално граѓанство“ 

Еразмус+ тимовите од 5 парнер-училишта (Хрватска, Северна Македонија, Србија, Романија и Шпанија) вклучени во нашиот КА229 проект „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓни утре“ за време на летниот распуст подготвија е-книга која содржи материјалите за 15 работилници за „Медиумска писменост и дигитално граѓанство“. Цел на работилниците во оваа е-книга е да се влијае врз развивање на критички однос кон медиумите и развивање на компетенции во полето на дигиталното граѓанство. Е-книгата е достапна на следниот линк

Поголемиот дел од работилниците во оваа е-книга се наменети за наставниците кои сакаат кај своите ученици да ја развијат дигиталната писменост и да ги поттикнат учениците за одговорно дигитално граѓанство. Но, како што се договоривме во рамките на нашето партнерство за време на проектот, некои од работилниците сакаме да ги насочиме и кон родителите. Па затоа подготвиме и две работилници за родители. Специфично за сите работилници во оваа е-книга е тоа што не бара од наставниците никаква дополнителна подготовка. Секоја работилница освен презентација за реализација на работилницата содржи и прецизно дефинирани задачи. Работилниците можат да се реализираат во времетраење од 40 минути, односно прилагодени се за реализација на еден училишен час. Поголемиот дел од работилниците се наменети за ученицие од предметна настава, а две работилници се наменети за учениците од одделенска настава.

Освен во нашата е-книга, работилниците и потребните материјали за реализиација на истите достапни во PDF формат на веб страната на проектот во рубриката Workshops in Macedonian. Следните работилници се вклучени во нашата е-книга:

Хрватска

Република Северна Македонија

Романија

Србија

Шпанија

Втора онлајн видео конференција на координатори

На 15 септември 2020 година се одржа втората онлајн видео конференција преку Microsoft Teams на која учествуваат координаторите од партнер-училиштата од нашиот Еразмус+ КА2 проект. За време на состанокот беа дискутирани моменталните ситуации во партнер-училиштата предизвикани од Ковид-19 пандемијата и начините на кои училиштата ќе продолжат со наставата во учебната 2020-21 година. Беа донесени одлуки да се продолжи со планираните активности во рамките на проектот, модифицирани според моменталните епидемиолошки сосотојби во државите, односно можност за реализација на дел од активностите онлајн таму каде што ситуацијата не го дозволува истите да бидат спроведени со физичко присусуво во училиште. Координаторите одлучија дека на пролет 2021 година ќе биде побарано продолжување на нашиот Еразмус+ КА2 проект за дополнителни 12 месеци со цел да се реализираат дел од планираните активности кои нема да се реализираат поради Ковид-19 пандемијата: поточно мобилностите на ученици, дебатите преку округли маси и останатите активности кои неможат да се модифицираат за реализиација онлајн. За време на онлајн состанокот исто така беше дискутирано за следниот еТвининг проект кој ќе треба да се реализира во втората половина од проектот.

Четири Национални ознаки за квалитет за нашиот еТвининг проект 

Нашиот еТвининг проект кој се спроведува во рамките на нашиот Еразмус+ КА2 проект на 13.07.2020 година доби Национална ознака за квалитет од страна на Македонската Националната агенција. Досега еТвининг проектот исто кака доби Национални ознаки за квалитет од страна на Националните агенции од Хрватска, Србија и Шпанија, со што овој проект се квалификува за добивање на Европска ознака за квалитет, кои дополнително ќе бидат објавени во периодот од октомври-декември 2020 година.

Онлајн видео конференција на координатори

На 17 јуни 2020 година беше одржана онлајн видео конференција со координаторите на нашиот Еразмус+ КА2 проект. За време на онлајн конференацијата беа дискутирани досегашните реализирани активности за време на првата половина од проектот и беше разговарано за следните активности (работилници, дебати за округла маса, натписи во е-весниците, евалуација на првата половина на проектот). Следната онлајн видео конференција е планирана да се оджи во септември 2020 година со цел прецизно планирање на следните активности.

Објави во е-весникот – мај/јуни 2020 година

Во месец мај/јуни 2020 година објавени се 8 натписи во е-весникот и 14 во рубриката – Гостин уредник во која се објавуваат преводи на 2 натписа објавени во дигиталните весници на сите четири партнер-училишта. Сите натписи се достапни во делот Архива мај-јуни 2020 во нашиот е-весник Л.А. ИН-форматор.

Избор на најдобрите натписи во рамките на еТвининг проектот 

Во проектот учествуваа 10 училишта од 9 држави Основната идеа на нашиот Еразмус+ проект „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“ е развивањето на медиумската писменост и свеста кај учениците преку пишување и читање на натписи од нивните со-ученици од различни држави. За проширување на оваа идеа во поголем обем, односно опфаќање на повеќе држави во активностите беше започнат нашиот еТвининг проект под истото име. Оваа учебна година во еТвининг проектот, покрај 5 партнер-училишта од 5 земји во проектот, се вклучија и две училишта од Турција и по едно училиште од Италија, Кипар и Ирска.  Како дел од овој еТвининг проект, од јануари до април 2020 година, училиштата разменуваа по 2 натписа напишани од нивните ученици месечно. Во своите натписи учениците пишуваа на различни теми и за различни проблеми од нивното секојдневие, како и на теми поврзани со лажни вести, скриеното рекламирање, цивилниот активизам, развивање на дигиталната писменост и сл.  Во месец мај, секое училиште даде предлог за своите два најдобри натписи и беше составена листа на натписи за кои три ученици од секое партнер-училиште гласаа, за да се избере најдобриот натпис. Гласањето на учениците можете да го подледнете на следниот линк.  Според бројот на гласови, учениците го избраа текстот на тема „Што се случува одколу нас“, напишан од учениците Sara Filippini и Giacomo Bonora од италијанското училиште “Mr. Bertolotti “.  Истовремено, во рамките на еТвининг проектот е објавена и дигитална книга која ги содржи најдобрите натписи од проектот и истата е достапна на следниот линк.

Објави во е-весникот – април 2020 година

Во месец април 2020 година објавени се 10 натписи во е-весникот и 8 во рубриката – Гостин уредник во која се објавуваат преводи на 2 натписа објавени во дигиталните весници на сите четири партнер-училишта. Сите натписи се достапни во делот Архива април 2020 во нашиот е-весник Л.А. ИН-форматор.

Објави во е-весникот – март 2020 година

Во месец март 2020 година објавени се 9 натписи во е-весникот и 8 во рубриката – Гостин уредник во која се објавуваат преводи на 2 натписа објавени во дигиталните весници на сите четири партнер-училишта. Сите натписи се достапни во делот Архива март 2020 во нашиот е-весник Л.А. ИН-форматор.

Објави во е-весникот – јан/фев 2020 година

Во месеците јан/феб 2020 година објавени се 12 натписи во е-весникот и 8 во рубриката – Гостин уредник во која се објавуваат преводи на 2 натписа објавени во дигиталните весници на сите четири партнер-училишта. Сите натписи се достапни во делот Архива јануари 2020 и Архива февруари 2020 во нашиот е-весник Л.А. ИН-форматор.

Победници на интернационалниот натпревар за дигитален постер за побезбеден интернет

Во периодот од  9-11.02.2020 година се организираше интернационалниот натпревар за избор на дигитален постер за побезбеден интернет во рамките на ЕРАЗМУС+ КА229 проектот „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“  на кој од сите 5 држави учествуваа 15 постери (трите најдобри од секое училиште-партнер). Според онлајн гласовите на комисијата составена од 2 наставници од секое училиште, избрани се најдобрите 3 постери. Постерот со најголем број на гласови е од нашето училиште, односно победник е постерот на Марко Секуловски од VIII-3 одд. На второ место е постерот од ученик од училиштето од Романија, а на трето место е постерот од ученик од Шпанија. На линкот можете да ги погледнете сите 15 постери кои учествуваа во интернационалниот натпревар: https://youngjournalists.home.blog/2020/02/09/contest-for-digital-posters-safer-internet-day/ а следниот линк и трите победнички постери: https://youngjournalists.home.blog/2020/02/14/the-best-is-poster-number-8-of-a-student-from-nort-macedonia/

Победници на училишниот конкурс за дигитален постер за побезбеден интернет

Според онлајн гласањето за избор на дигитален постер за побезбеден интернет кое беше спорведено од 3-7.02.2020 година3 ПОСТЕРИ кои добија најголем број на гласови од учениците од нашето училиште се:

Постер избработен од Давид Боримечковски  VII-6 одд.

 

Постер избработен од Марко Секуловски од VIII-3 одд.

 

Постер избработен од Марко Панчевски V-4 одд.

  Резултатите од онлајн гласањето можете да ги погледнете на следниот линк. 3 постери ќе продолжат на интернационалниот конкурс во рамките на ЕРАЗМУС+ КА229 проектот „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“ каде што од сите 5 држави од пристигнатите 15 постери ќе се изберат најдобрите три.

Онлајн гласање за избор на дигитален постер за побезбеден интернет

Февруари е месец на безбедност на интернет. Денот за побезбеден интернет промовира одговорно, критично и креативно користење на дигиталната технологија, посебно меѓу децата и младите преку повик за создавање подобар и побезбеден интернет. По тој повод, во рамките на ЕРАЗМУС+ КА229 проектот „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“ беше распишан училиштен конкурс за учениците од V до IX одделение за изработка на дигитален постер за Побезбеден интернет. Сега, ВИЕ УЧЕНИЦИТЕ, преку онлајн гласање ќе ги изберете 3 ПОСТЕРИ, кои понатаму ќе продолжат на интернационалниот конкурс во рамките на проектот. ОНЛАЈН ГЛАСАЊЕТО ЌЕ ТРАЕ од 3-7.02.2020 год. до 12 часот. МОЖЕТЕ ДА ГЛАСАТЕ САМО ЗА 1 ПОСТЕР КОЈ НАЈВЕЌЕ ВИ СЕ ДОПАЃА. При гласањето земете ги во предвид следните карактеристики: 1. СОДРЖИНА:

  • Јасна цел на постерот
  • Организираност на содржината и пораката
  • Должина и прецизност

2. ДИЗАЈН И ИЗГЛЕД:

  • Наслов и букви
  • Должина на текстот
  • Маргини и бел простор
  • Бои

3. СЛИКОВИТОСТ:

  • Фотографии
  • Дијаграми и графикони

ОНЛАЈН ГЛАСАЊЕТО Е ДОСТАПНО НА СЛЕДНИОТ ЛИНК: https://forms.gle/98YgJwiy68fHmQVo6

Училишен конкурс за дигитален постер по повод Денот за побезбеден интернет 

Нашот проект на еТвининг

Со цел да подобро да се дисеминираат активностите и резултате од нашиот КА229, истиот е поставен и на еТвининг платформата. Партнери во еТвининг проектот, освен 5 партнери од КА229 проектот (училиштата од Македонија, Хрватска, Србија, Романија и Шпанија) се и училишта од Турција, Италија и Кипар. Во рамките на овој еТвининг проект, сите партнери споделуваат по 2 натписи од нивните училишни весници (дигитални или печатени) секој месец. Целта на активностите е учениците да го развијат критичкото размислување преку пишување на новинарски текстови; да можат да ги почитуваат, заштитат и применат детските права во дигитална средина;  да се поттикнат и да се развијат интеркултурните компетенции кај учениците со тоа што тие ќе бидат без предрасуди, ќе ја развијат емпатијата и ќе бидат поотворени кон различните култури, учејќи меѓусебно едни за други преку различните новинарски натписи од различни држави и да ги развијат своите ИКТ вештини користејќи различни дигитални алатки. На крајот на проектот ќе бидат избрани најдобрите натписи кои ќе бидат објавени во е-книга како краен резултат на проектот. еТвининг проектот е достапен на следниот линк: https://twinspace.etwinning.net/100169/home

Објави во е-весникот – декември 2019 година

Во месец декември 2019 година објавени се 12 натписи во е-весникот и 8 во рубриката – Гостин уредник во која се објавуваат преводи на 2 натписа објавени во дигиталните весници на сите четири партнер-училишта. Сите натписи се достапни во делот Архива декември 2019 на е-весникот Л.А. ИН-форматор.

Нашиот училишен дигитален весник

На 10.12.2019 година официјално беше пуштен онлајн нашиот училишен дигитален весник.

www.in-formator.weebly.com

За време на месец ноември 2019 година , членовите на Медиумската секција активно работеа на подготовка на на весникот: пишување на статии и натписи, дигитална подготовка на онлајн платформата, изработка на постери за промоција на весникот и сл.

Добиени материјали и прирачници за Медиумската сецкција

На 06.12.2019 година Медиумската секција доби материјали и прирачници за развивање на медиумската писменост. Патекот со различните материјали беше даден од страна на д-р Жанета Трајковска, директор на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста. Материјалите од пакетот ќе помогнат за развојот на членовите на секцијата во нивниот пат како идни новинари.

Избор на име на училишен дигитале весник и главен уредник

Во периодот од 7-11.11.2019 година членовите на Медиумската секција даваа свои предлози и гласаа за името на училишниот дигитален весник. Прелозите и гласањето беше спроведено со помош на онлајн апликацијата Tricider, а резултатите се достапни на следниот линк. Најголем број на гласови доби предлогот: Л.А. ИН-форматор.  Исто така во периодот од 13-20.11.2019 година членовите на Медиумската секција даваа свои предлози и бираа ученик кој ќе биде главниот уредник на весникот. Најголем број на гласови доби ученикот Горјан Азманов од VII-1 одд. Предлозите и гласањето беше спроведено онлајн со помош на Google Doc документ, истиот е достапен на следниот линк.

Дисеминација на активностите од првата мобилност на наставници во рамките на КА229 проектот „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“

На 07.11.2019 година за време на Наставничкиот совет се одржа дисеминација на активностите од првата мобилност на наставници во рамките на КА229 проектот „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“ која се реализираше во периодот од 21-25.10.2019 година во Загреб, Хрватска. Наставниците кои учествуваа на мобилноста, Љубица Ружинска, Валентина Петрова и Марјан Куцулоски, ги преставија активностите за време на мобилноста на останатите колеги од нашето училиште. Презентацијата можете да ја погледнете подолу

Презентација од дисеминација на активностите од првата мобилност на наставници во Загреб, Хрватска

Европска ознака за квалитет за еТвининг проектот „Младите и медиумите“

еТвининг проектот „Младите и медиумите“ (Young and media) кој се реализираше во периодот од декември 2018 до февруари 2019 година, се здоби со Европска ознака за квалитет. Ова значи дека работата на наставничките, нивните ученици и училиштето во кое што работат, е препознаена и наградена со највисоко европско ниво. еТвининг прокетот во март 2019 година се здоби и со Национална ознака за квалитет.  TwinSpace на проектот можете да го погледнете тука.

Сите активности во рамките на проектот преставуваа еден вид на истражување и основа за започнување на Еразмус+ КА229 проектот “Младите новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“ (Young journalists today – responsible digital citizens tomorrow)  кој моментално се реализира во нашето училиште.

Прва мобилност на наставници во рамките на Ерасмус+ КА229 проект „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“

Во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“ (Young journalists today – responsible digital citizens tomorrow) беше одржана прва мобилност на наставници во периодот од 21-25.10.2019 година во Загреб, Хрватска. На мобилноста присуствуваат членови од партнер-училиштата од Хрватска, Романија, Шпанија, Србија и Македонија. Од нашето училиште беа присутни координаторот на проектот, Љубица Ружинска, директорот, Перо Арсеновски, наставник по македонски јазик, Валентина Патрова и наставникот по физичко образование Марјан Куцулоски. Главните цели на моблиноста беа:

  • воспоставување на заеднички концепт на дигиталните училишни весници;
  • планирање на темите за работилниците за медиумска и дигитална писменост;
  • развивање на комптенциите на учесниците за публикација и едитирање на дигитални училишни весници.

За време на посетата на училиштето-координатор на проектот ОШ „Свети Петар“, с.Ореховац беше претставен нивниот училишен дигитален весник Klinček www.klincek.com кој постои од 2013 година и во него се објавени 740 натписи. При презентација беа претставени неколку статии од весникот кои успеале да побудат позитивни реакции во јавноста. За време на останатите денови од мобилноста, наставниците присуствуваа на неколку презентации и тоа: „Заштита на детските права во медиумите“ во канцеларијата на Детскиот Народен правобранител, предавање и квиз за познатата новинарка и писател Марија Јурич Загорка организарано од страна на Центарот за женски науки, „Медиумска писменост“ – презентер Ана Доклер, едитор на порталот www.medijskapismenost.hr, презентација на детско списание Модра Ласта – презентер новинар Саша Драч, презентација на порталот www.srednja.hr/ – презентер уредник Марко Матијевич, и земаа учество во неколку работилници и тоа: „Новинарски форми“ – презентери Тена Перишин и Игор Веидлич од Факултетот за политички науки и „Како да се подготви квалитетна работилница“, презентер Домагој Мориќ. Освен презентациите и работилниците поврзани со цели на проектот, беа одржани и состаноци на кои се координираа идните активности на проектот. За време на мобилноста се обрна внимание и на културната компонента преку учество во неколку активности: дигитална тура низ Загреб, посета на Крижевци, посета на Музејот за наивна уметност и Хрватскиот училишен музеј како и посета на Националниот парк Плитвички езера.

Активности од 1 ден на мобилноста: посета на училиштето-координатор „Свети Петар“ Ореховец и презентација на училишниот дигитален весник Klinček, посета на Крижевци

Активности од 2 ден на мобилноста: презентација „Заштита на детските права во медиумите“ (канцеларија на Детскиот Народен правобранител), дигитална тура на Загреб, посета на Музејот на наивна уметност, предавање и квиз за познатата новинарка и писател Марија Јурич Загорка (организарано од страна на Центарот за женски науки, Загреб)

Активности од 3 ден на мобилноста: презентација „Медиумска писменост“ (презентер Ана Доклер), посета на Хрватскиот училишен музеј, презентација на детско списание „Модра Ласта“ (презентер Саша Драч)

Активности од 4 ден на мобилноста: работилница „Новинарски форми“ (презентери Тена Перишин и Игор Веидлич од Факултетот за политички науки, Загреб), презентација на порталот srednja.hr (уредник Марко Матијевич), работилница „Како да се подготви квалитетна работилница“ (презентер Домагој Мориќ)

Активности од 5 ден на мобилноста: посета на Националниот парк Плитвички езера

Видеа од мобилноста на наставници во Хрватска

Повеќе информации за мобилноста можете да најдете на веб страната на проектот на следниот линк

Избрано логото за Еразмус+ КА229 проектот „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“

Во периодот од 11-20.09.2019 година беше распишан училишен конкурс за избор на лого за Еразмус+ КА229 прокетот „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“. Конкурсот можете да го погледнете на следниот линк. На училишниот конкурсот беа поднесени 14 логоа кои беа шифрирани, а потоа со гласање на наставници од ООУ „Лазо Ангеловски“, Аеродром, се одбраа три логоа што ќе ја претставуваат Македонија и нашето училиште. Автори на одбраните логоа на училишниот конкурс беа:

Лого од Леон Јовановиќ и Драган Божиќ од VII-6  одд.

Лого од Ана Ваљакова, Сара Костова и Давид Спасовски од VII-1 одд.

 

Лого од Давид Боримечковски и Даријан Атанасовски од VII-6 одд.

Во периодот од 01-04.10.2019 година следеше интернацоналното гласање и избор на логото на проектот. Интернационалниот гласење се состоеше од избор од 15 логоа (по 3 логоа од секое училиште партнер во проектот). Интернационалното жири се состоеше од претставници од секое училиште партнер во проектот, 3 наставници и 3 ученици. Интернационалниот конкурс и сите 15 логоа можете да го погледнете на следниот линк. По завршувањето на интернационалтото гласање, со најголем број на гласови беше избрано Логото бр. 1 односно логото изработено од Леон Јовановиќ и Драган Божиќ од VII-6 одд. од нашето училиште. Избраното лого освен тоа што ќе биде објавено на веб страната на проектот, ќе биде испечатено на маички кои ќе бидат доставени за време на првата мобилност во Хрватка во октомври 2019 година, а авторот на на победничкото лого ќе биде награден.

Презентација на проектот 

На 30.08.2019 година, помошник директор, Милена Игњатова и членовите од Тимот за Еразмус+ проекти направија презентација на проектот пред Наставничкиот совет на училиштето, а на 19.09.2019 година беше направена и презентација на проектот пред Советот на родители.

Пред присутните беа претставени целите на проектот, планираните активности и очекуваните резултати.

Презентација на проектот

Добиен грант од Еразмус+ програмата клучна акција 2 – КА229– Стратешки партнерства за училишна размена

По завршувањето на процесот на селекција на пристигнатите апликации за рокот за аплицирање кој траеше до 21-ви март 2019 година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност од Хрватска ги објави резултатите од одобрените грантови од подакцијата КА229. ООУ „Лазо Ангеловски“ е едно од училишта со одобрен грант од 25.226 евра. Резултатите можат да се видат на следниот линк. Одобрениот проект „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“ (Young journalists of today – responsible digital citizens of tomorrow), ќе се рализира во периодот од септември 2019 до август 2021 година. Училиште-координатор на проектот е “Sveti Petar” од Ореховец, Хрватска, а партнерите во овој проект покрај ООУ „Лазо Ангеловски“ се училиштата “SCOALA GIMNAZIALA NR. 5” од Александрија, Романија , “Dositej Obradovic” од Чичевац, Србија и “IES Maestre de Calatrava” од Сијудад Реал, Шпанија. Главната цел на проектот е развивање на медиумската писменост на учениците и наставниците на продуктивен начин преку публикување на дигитален училишен весник и креирање на работилници за медиумска писменост. Проектни активности и резултати:

  • Дигитален училишен весник (креиран од самите ученици)
  • Веб страна на проектот
  • Работилници за развивање на медиумската писменост (за ученици, наставници и родители)
  • 1 мобилност за тренинг на наставници (Хрватска)
  • 4 ученички размени (Србија, Македонија, Шпанија и Романија) на теми: Моќта на медиумите, Медиумите и сензациолизмот, Лажни вести и Медиумите и социјалното однесување
  • Конкурси за најдобар постер, видео, текст/приказна и дигитален стрип по повод Интернационалниот ден за заштита на интернет
  • Дигиталн повеќе јазичен речник
  • Збирка со дигитални апликации за употреба во наставата
  • Збирка со добри пракси
АРХИВА НА НАСТАНИ
Skip to content