Европска ознака за квалитет за еТвининг проектот „Млади новинари денес – одговорни граѓани утре“
еТвининг проектот „Млади новинари денес – одговорни граѓани утре“ (Young journalists today – responsible citizens tomorrow) кој е дел од Еразмус+ КА22 проектот под исто име и кој се реализираше во периодот од декември 2019 до мај 2020 година, се здоби со Европска ознака за квалитет. Ова значи дека работата на наставниците, нивните ученици и училиштето во кое што работат, е препознаена и наградена со највисоко европско ниво. еТвининг проектот во јуни 2020 година исто така доби Национални ознаки за квалитет од страна на Националните агенции од Македонија, Хрватска, Србија и Шпанија, а во септември 2020 од страна на Националните агенции од Романија и Италија. Резултатите можете да ги погледнете на следниот линк.
еТвининг проекти 2019-2020 година
Во рамките на еТвининг програмата во учебната 2019-2020 година во училиштето беа реализирани следните еТвининг проекти:
- септември 2019 – национален еТвининг проект „Здрава храна, здрав живот, здраво дете, здраво општество“ (Благица Ангеловска, Гордана Камческа, Магдалена Петроска). Добиена Национална ознака за квалитет. TwinSpace на проектот: https://twinspace.etwinning.net/96749/home
- септември 2019 – национален еТвининг проект „Имаме право на среќно детство“ (Билјана Кузевска, Емилија Христова, Гордана Камческа, Христина Божиновска, Магдалена Петроска, Весна Мирчевска). Добиена Национална ознака за квалитет. TwinSpace на проектот: https://twinspace.etwinning.net/94154/home
- ноември 2019 – интернационален еТвининг проект „Creative readers“ (Мирослава П.Аневска, Весна Стрезовска, Љубица Ружинска, Валентина Петрова, Благица Ангеловска, Кристина Башовска, Магдалена Петроска, Тања Јосимовска). TwinSpace на проектот: https://twinspace.etwinning.net/97327/home
- ноември 2019 – интернационален еТвининг проект „Young journalists of today – responsible digital citizens of tomorrow“ (Љубица Ружинска, Милена Игњатова, Валентина Петрова). Добиена Национална ознака за квалитет. TwinSpace на проектот: https://twinspace.etwinning.net/100169/home
- декември 2019 – национален еТвининг проект „Подари насмевка – стопли срце“ (Билјана Кузевска, Гордана Камческа, Христина Божиновска, Кристина Башовска, Магдалена Петроска, Тања Јосимовска). Добиена Национална ознака за квалитет. TwinSpace на проектот: https://twinspace.etwinning.net/104548/home
- февруари 2020 – национален еТвининг проект „Во мајчината прегратка сиот свет е мој“ (Билјана Кузевска, Емилија Христова, Гордана Камческа, Христина Божиновска, Магдалена Петроска, Тања Јосимовска, Весна Мирчевска, Весна Стрезоска). TwinSpace на проектот: https://twinspace.etwinning.net/110423/home
- април 2020 – национален еТвининг проект „Среќен Велигден“ (Билјана Кузевска, Грозданка Крстевска, Гордана Камческа,). Добиена Национална ознака за квалитет. TwinSpace на проектот: https://twinspace.etwinning.net/113908/home
Национални ознаки за квалитет
Во учебната 2019/20 беа реализирани повеќе еТвининг проекти. Следните проекти се здобија со Национална ознака за квалитет
Национален еТвининг проект „Здрава храна, здрав живот, здраво дете, здраво општество“
- TwinSpace на проектот: https://twinspace.etwinning.net/96749/home
Национален еТвининг проект „Да ја прославиме есента, да ги собереме јаболката“
- TwinSpace на проектот: https://twinspace.etwinning.net/94448/home
Национален еТвининг проект „Имаме право на среќно детство“
- TwinSpace на проектот: https://twinspace.etwinning.net/94154/home
Национален еТвининг проект „Подари насмевка – стопли срце“
- TwinSpace на проектот: https://twinspace.etwinning.net/104548/home
Национален еТвининг проект „Среќен Велигден“
- TwinSpace на проектот: https://twinspace.etwinning.net/113908/home
Интернационален еТвининг проект “Wherever you are, be sure to make it home for Christmas”
- TwinSpace на проектот: https://twinspace.etwinning.net/104551/home
Интернационален еТвининг проект „Young journalists of today – responsible digital citizens of tomorrow“
- TwinSpace на проектот: https://twinspace.etwinning.net/100169/home
Избор на најдобрите натписи во рамките на еТвининг проектот
Во проектот учествуваа 10 училишта од 9 држави
Основната идеа на нашиот Еразмус+ проект „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“ е развивањето на медиумската писменост и свеста кај учениците преку пишување и читање на натписи од нивните со-ученици од различни држави. За проширување на оваа идеа во поголем обем, односно опфаќање на повеќе држави во активностите беше започнат нашиот еТвининг проект под истото име. Оваа учебна година во еТвининг проектот, покрај 5 партнер-училишта од 5 земји во проектот, се вклучија и две училишта од Турција и по едно училиште од Италија, Кипар и Ирска.
Како дел од овој еТвининг проект, од јануари до април 2020 година, училиштата разменуваа по 2 натписа напишани од нивните ученици месечно. Во своите натписи учениците пишуваа на различни теми и за различни проблеми од нивното секојдневие, како и на теми поврзани со лажни вести, скриеното рекламирање, цивилниот активизам, развивање на дигиталната писменост и сл.
Во месец мај, секое училиште даде предлог за своите два најдобри натписи и беше составена листа на натписи за кои три ученици од секое партнер-училиште гласаа, за да се избере најдобриот натпис. Гласањето на учениците можете да го подледнете на следниот линк. Според бројот на гласови, учениците го избраа текстот на тема „Што се случува одколу нас“, напишан од учениците Sara Filippini и Giacomo Bonora од италијанското училиште “Mr. Bertolotti “.
Истовремено, во рамките на еТвининг проектот е објавена и дигитална книга која ги содржи најдобрите натписи од проектот и истата е достапна на следниот линк.
Наградата еТвининг училиште 2020-2021
На ден 18.03.2020 година нашето училиште се здоби со наградата еТвининг училиште 2020-2021 која по трет пат се доделува од страна на Европската Комисија. За нашето училиште ова е втора награда, односно имаме добиено награда за еТвининг училиште 2018-2019.
На европско ниво 2139 училишта од 42 европски држави ја добија оваа награда, а од Република Македонија на листата се наоѓаат 10 училишта и 1 градинка. Целосната листа на наградени училишта можете да ја погледнете тука. Наградените училишта се препознаени како лидери во области како:
- дигитална пракса
- пракса за е-безбедност
- користење на иновативни и креативни приоди во педагогијата
- промоција на континуиран професионален развој на вработените
- промоција на практики на колаборативно учење на наставниците и учениците
Наградените училишта ќе:
- имаат висока видливост на Европско ниво
- ќе формираат Европска мрежа на еТвининг училишта водачи да го инспирираат понатамошниот развој на еТвининг
- ќе можат да го покажуваат Знакот за еТвининг училиште во сите промотивни и информативни материјали
- наградените наставници и директорите ќе бидат поканети да се вклучат во програми за професионаен развој.
Годишна конференција “Градиме Еразмус+ училишта”
На ден 27.12.2019 година во Националната опера и балет во Скопје се одржа годишната конференција под наслов „Градиме Еразмус+ училишта“ организирана од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. На конференцијата од нашето училиште присуствуваа Љубица Ружинска, координатор на Еразмус+ проектите и Милена Игњатова, помошник директор.
Нашиот Еразмус+ КА229 проект „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“ на еТвининг
Со цел да подобро да се дисеминираат активностите и резултате од нашиот КА229, истиот е поставен и на еТвининг платформата. Партнери во еТвининг проектот, освен 5 партнери од КА229 проектот (училиштата од Македонија, Хрватска, Србија, Романија и Шпанија) се и училишта од Турција, Италија и Кипар.
Во рамките на овој еТвининг проект, сите партнери споделуваат по 2 натписи од нивните училишни весници (дигитални или печатени) секој месец. Целта на активностите е учениците да го развијат критичкото размислување преку пишување на новинарски текстови; да можат да ги почитуваат, заштитат и применат детските права во дигитална средина; да се поттикнат и да се развијат интеркултурните компетенции кај учениците со тоа што тие ќе бидат без предрасуди, ќе ја развијат емпатијата и ќе бидат поотворени кон различните култури, учејќи меѓусебно едни за други преку различните новинарски натписи од различни држави и да ги развијат своите ИКТ вештини користејќи различни дигитални алатки.
На крајот на проектот ќе бидат избрани најдобрите натписи кои ќе бидат објавени во е-книга како краен резултат на проектот.
еТвининг проектот е достапен на следниот линк: https://twinspace.etwinning.net/100169/home
Европска ознака за квалитет за еТвининг проектот „Младите и медиумите“
еТвининг проектот „Младите и медиумите“ (Young and media) кој се реализираше во периодот од декември 2018 до февруари 2019 година, се здоби со Европска ознака за квалитет. Ова значи дека работата на наставничките, нивните ученици и училиштето во кое што работат, е препознаена и наградена со највисоко европско ниво. еТвининг прокетот во март 2019 година се здоби и со Национална ознака за квалитет.
TwinSpace на проектот можете да го погледнете тука.
Сите активности во рамките на проектот преставуваа еден вид на истражување и основа за започнување на Еразмус+ КА229 проектот “Младите новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“ (Young journalists today – responsible digital citizens tomorrow) кој моментално се реализира во нашето училиште.
Повеќе имформации за активностите во рамките на Еразмус+ КА229 проектот “Младите новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“ можете да најдете на:
- нашата училишна веб страна: https://oulazoangelovski.com.mk/?page_id=6697
- веб страната на проектот: https://youngjournalists.home.blog/