Маријан Куцуловски е избран за најдобар наставник во ООУ „Лазо Ангеловски“ за учебната 2025/2026 година!

Со големо задоволство ве информираме дека Наставничкиот совет на ООУ „Лазо Ангеловски“ – Аеродром, Скопје, на својата седница одржана на 10.06.2026 година, донесе одлука со која наставникот по Физичко и здравствено образование, Маријан Куцуловски, се прогласува за најдобар наставник за учебната 2025/2026 година.

Врз основа на распишаниот конкурс и по детално разгледување на доставената документација од страна на Комисијата за пофалување и наградување, едногласно беше потврдено дека колегата Куцуловски во текот на својата работа покажа исклучително висок степен на професионалност, одговорност и посветеност во воспитно-образовниот процес.

Со своите многубројни активности, активното учество во училишни и вонучилишни проекти, како и со постигнатите врвни резултати со учениците, тој даде значителен придонес за афирмација и унапредување на работата на нашето училиште.

Наставничкиот совет и менаџерскиот тим му изразуваат огромна благодарност и признание за неговиот професионален ангажман, успешната работа и несебичниот придонес во развојот и угледот на ООУ „Лазо Ангеловски“.

Упатуваме искрени честитки до наставникот Маријан Куцуловски и му посакуваме уште многу успеси и награди во иднина!

АРХИВА НА НАСТАНИ
Skip to content