1 Јуни – Меѓународниот ден на детето

По повод 1 Јуни – Меѓународниот ден на детето, со особена радост го споделуваме нашиот одделенски весник на IV-1, создаден со многу љубов, креативност и детска искреност.
Нека секое дете расте во средина исполнета со грижа, разбирање и можности да ги развива своите таленти. Денес го славиме детството, радоста од учењето и неисцрпната детска фантазија.
Воедно, да потсетиме дека секое дете заслужува да се чувствува прифатено, безбедно и почитувано. Да кажеме „НЕ“ на булингот и „ДА“ на другарството, емпатијата и меѓусебната поддршка. Со добар збор и подадена рака создаваме училиште во кое секое дете може среќно да расте и да учи.

АРХИВА НА НАСТАНИ
Skip to content